Можат ли стриите да бидат отстранети?

  • Креатор на темата Креатор на темата Devilish Angel
  • Време на започнување Време на започнување
Ретко која девојка нема стрии јас лично не би превземала ништо за сега имам стиии на градите на нозе малку од страната дечко ми ме сака и со стрии не му смета:back:... можеби здравје за време на бременост да користам некоја крема препишана од лекар
 
Знам од една другарка....она имаше на градите МНООООГГУ стрии и користеше една крема "STRIET" српска мислам дека е...и многу и помогна. Едвај ја најдоа тука, ама во Белград ги има, ако имате некој таму нека ви донесе, и помогна многу кремата.

да да кремава е ефикасна порано ја немаше кај нас ама сега гледам по приватниве и подобро снабдени аптеки ја има, бела кутија е со една црна слика и девојка на неа
 
па дури и мажите имаат стрии. Зошто? Поради тоа што тие се неизоставен белег на растењето. Доколку процесот на растење за време на адолесценцијата не ги предизвика овие тенки лузни на кожата, тие можат да се формираат во било кој период од вашиот живот доколку одеднаш се проширите, без оглед на тоа дали станува збор за зголемување на мускулната маса, здебелување или пак бременост. (90% од жените добиваат стрии за време на бременоста).

Што можете да направите во врска со стриите?

Имам стрии на нозете уште од кога бев мал. Не се познаваа многу. Но сега, од кога сум во теретана, почнаа да никнуваат многу. И иако се тенки сепак се забалежителни (барем така мислам?).

Има ли некоја крема која може ова да го поправи? Или нешто, било што што може да ги направи да исчезнат? Исто и за лузни. Има ли таков препарат? Имам лузна од операција на слепо црево која беше пред 8 години, а лузната се уште седи во истата големина колку што беше и тогаш.
 
Не помага ни една крема против стрии, освен ласерска интервенција. Али скапо Је.
Така да, создравје да си ги носиме.
 
Еве глеам дека на темава претежно жени пишувале, па си викам дај ја ко муж да разбијам монотонија. Што се однесува на стриите, ја ко тинејџер еден период доста се поправив а и тогаш телото ми беше во фаза на оформување, така што приметив дека ми се напраиле огромни стрии на колковите, и тоа од почеток ми беа црвени и големи. Едно време отидов на дерматолог и таму ми кажаа дека џабе се креми доколку стриите се постари од месец дена односно не се свежи и дека ќе морам да си ги носам до крајот на животот. Инаку појавувањето на стриите пред се се јавува поради недостаток на колаген на тие места заради што и кожата пука. Некои луѓе се повеќе склони кон појавување на стрии а некои не се. И тогаш случајно на телевизија гледав некој доктор кој што покажуваше некаква си раквица за стрии. Тоа беше обична ракавица која што имаше рапава предна страна, тој тврдеше дека стриите, кои се резултат на пукање на кожата, се само вишок на кожа која доколку ја масираме односно триеме секој ден по 15 тина минути може да биде отстранета. И јас си викам што ќе ти купувам ракавица, требаше да си најдам само некој рапав предмет. И ми текна да најдам некој рапав камен (не шилест), и земав си купив специјален камен со кој се тријат петици ама неупотребен :kesa: почнав силно да ја тријам кожата кај стријата едно 15 минути се додека тој дел не се раскрваве односно не стана ко рана (само не се плашете раната е површинска, така да белег нема шанси да остане). И обавезно после тоа правите само дезинфекција на раната (Ставете само Бетадине и почекајте, а после тоа со топла вода измијте го местото). Тој дел од телото ќе ве боли едно недела дена а после немате гајле. Одкако помина месец дена, местото ми беше само црвено и приметив дека едно 80% од стријата ја нема. И почекав се тоа убаво да заздрави и го повторив процесот уште еднаш и сега немам никаква стрии на тоа место освен што ми беше црвен делот едно година дена а после тоа и црвенилото избледе. Сега процесот можда малку и ќе боли ама резултатите се сигурни, барем кај мене. А во однос на тоа тие што сакаат да пробаат со ласер јас не сум пробал али знам дека и таму има методи како микродермоабразија и ласерски пилинг, така што ласерскиот пилинг е доста поефикасен од првиот метод. Еден ласерски пилинг е еднаков мислам на 10 - 15 микродермоабразии и е достаточно да се направи еднаш или два пати на местото. Ова го читав на еден од сајтовите на овие дерматолошки клиники кои ви напоменуваат дека стриите не можат да ви бидат целосно отстранети, тие можат само да избледнеат и помалку да се познаваат:helou:.




Хард Кор онака мушки.Дај да пробам ја на рамо што иам пар линии дали ќе зарасни :)
 
имам слушнато дека може со она кремата против лузни КОНТРТУБЕКС не сум пробала но велат дека може!
 
имам слушнато дека може со она кремата против лузни КОНТРТУБЕКС не сум пробала но велат дека може!

не ми се верува дека мозе со контратубекс зошто тоа е за лузни ама додека се тазе после некое време не помага а и кремата е 600 ден а премногу е мала
 
не ми се верува дека мозе со контратубекс зошто тоа е за лузни ама додека се тазе после некое време не помага а и кремата е 600 ден а премногу е мала

види и стриите се лузни но ако ги има на едно место да тубата ќе стинге но ако некој има насекаде тогаш да е премногу мала за користење но сигурна сум дека би помогнала за стрии бидејќи тоа се малечки лузници.
 
види и стриите се лузни но ако ги има на едно место да тубата ќе стинге но ако некој има насекаде тогаш да е премногу мала за користење но сигурна сум дека би помогнала за стрии бидејќи тоа се малечки лузници.[/quote

да да лузни се ама контратубекс е за нови лузни, тазе на пр се исечеш, вака така и одма да се мачкаш а е на пример лузна стара 5-10 години и слично
 
види и стриите се лузни но ако ги има на едно место да тубата ќе стинге но ако некој има насекаде тогаш да е премногу мала за користење но сигурна сум дека би помогнала за стрии бидејќи тоа се малечки лузници.[/quote

да да лузни се ама контратубекс е за нови лузни, тазе на пр се исечеш, вака така и одма да се мачкаш а е на пример лузна стара 5-10 години и слично


мене контратубексот ми го препрачаа за стари лузни инку од хирург ми е препорачан, а во аптека кога барав нешто за лузни ми рекоа дека од стие видови креми најодбра била контратубекс!
 
У основа нема лек за стрии зошто се дефети со недостаток на колаген. Може филери да се користа ама и тоа тешко и многу треба и е привремено.
За лузни над или окулу ниво на кожа има шанси за под ниво на кожа како стрии во основа треба да се помирите или да работие на преванција.
За надниво на кожа може да се среди
Контартубекс за нови лузни до 2 годнини за стари тешко
За стари е Ботокс, Дермаабрзија (хемиска или физичка) или Ласери па и пластична хиругија (лифтинг, транспантација , Z рез итн)
 
Со кремиве мислам дека потешко ќе се отстранат стриите. Инаку со операција дефинитивно нема ништо да се познава од нив.. :smir::smir:
 
HEYYY

После речиси две години пак на оваа тема да напишам нешто. Значи порано имав купувано какви ли не креми и никакво фајде, и за таа од Авон што викавте таа само моментално ги прекрива. Веке подолго време корстам маст што сама си ја правам од неколку природни препарати и има мноогу голем ефект, полека исчезнуваат. Ако има некој заинтересиран нека ми се обрати да му дадам рецептот :))
EVE JAS BI TE ZAMOLILA DA MI GO DADES RECEPTOT BIDEJKI IMAM PROBLEM SO STRIITE I NAVISTINA MI SMETAAT OSOBENO ONIE NA GRADITE PORADI KOI I NE SAKAM DA NOSAM BLUZI SO DEKOLTE I AKO MOZE DA MI KAZES KOJ TI GO PREPORACA RECEPTOT I DALI TEBE TI ISCEZNAA STRIITE I KOLKU VREME TREBA DA SE KORISTI.
ODNAPRED TI BLAGODARAM!
 
Mislam deka od koga ke ti se pojavat nema otstranuvanje,treba da se neguva kozata pred da se pojavat ,vlaznosta i hidratacijata da bide golema,a i drasticno zdebeluvanje i oslabuvanje pridonesuva za strii :nesum:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom