Поука на денот

  • Креатор на темата Креатор на темата simeon
  • Време на започнување Време на започнување
rkdj11.jpg

be thankful for the things you have in life.

oqbsr7.jpg

when you do believe faith is a prove for itself.
 
[FONT=&quot]КАКО ГО ПОДНЕСУВАМЕ ЛУТЕЊЕТО?[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]„Марта пак, се беше зафатила со служењето, и дојде до Него и рече: Господи, зарем не ти е грижа... “ Лука 10:40.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Лутината е подмолно чувство што ја нарушува силата на христијанинот. Уште полошо, таа може да се развие во негативни чувства, како што се гнев, немир и депресија. Лутењето обично почнува со мали нешта, но, како што минува времето, тоа се засилува. Честопати лутењето извира од чувството дека другите се рамнодушни кон нас, или дека другите не ни посветуваат доволно внимание. [/FONT]
[FONT=&quot]Неколку психолози и лекари ги дале следните дефиниции: „Лутењето често се појавува кога сметаме дека не ни се дава тоа што мислиме дека ни припаѓа. Чувствуваме дека сме измамени или оштетени .“ Друг лекар за лутењето рекол: „Лутењето е готовност за гнев кој допрва треба да се пројави. А најлошото во сето тоа е што секој од нас се стреми да обвини некој друг за лутината што ја чувствуваме“.[/FONT]
[FONT=&quot]Марта, можеби, била лута затоа што чувствувала дека Марија ја искористува. Но, Марта добро го решава проблемот. Најпрво се обраќа до Спасителот и отворено ги изразува своите чувства. (Проблеми што ги занемаруваме односно прикриваме, не исчезнуваат сами од себе!) Потоа таа слушна внимателно како Господ ги става работите на своето место. Постапката на Марта кон чувството на лутина, треба да ни биде пример и нам, како да постапуваме кон нашата лутина. [/FONT]
[FONT=&quot]„КОЈ ГО ГУБИ ТРПЕНИЕТО, СИГУРНО ГУБИ!“[/FONT]
[FONT=&quot]
[/FONT]
 
we must suffer for our own sins, not for the sins of others..you are living your life, not the lives of others.

Многу луѓе развиваат зависни однесувања од различни видови. Ако не можат да имаат добри чувства од нив внатре, тие ги бараат од надвор. Едно од нештата кое мораме да го разбереме е дека луѓето мораат да имаат број на убави чувства. Сите ние сме креирани за да имаме добри чувства. Не можеме да одиме наоколу повредувајќи, да бидеме повредени, и да се чувствуваме лошо цело време. Ние едноставно не сме дизајнирани за да живееме на овој начин.
 
[FONT=&quot]„ИЛИ ЌЕ ГО ОСТАВИШ СВОЈОТ БЕЛЕГ ВРЗ СВЕТОТ, ИЛИ ПАК, СВЕТОТ ЌЕ ГО ОСТАВИ СВОЈОТ БЕЛЕГ ВРЗ ТЕБЕ!“[/FONT]
[FONT=&quot]
[/FONT]
 
Sekoj saka! No ne znaat sto e toa ljubov.
.....

Ima luge koi svesno preminuvaat – preku svojata sovest [Dostoevski]

Ne znam od kade toa, no recisi site luge na koi im pomagas prestanuvaat da bidat tvoi prijateli [V. Nazor]
Zosto da go sakam ona sto go imam koga ne mozam da go sakam ona sto go sakam.
 
[FONT=&quot]ПОГРЕШЕН СУД![/FONT]

[FONT=&quot]„Не судете, за да не бидете судени“. Матеј 7:1.[/FONT]

[FONT=&quot]Честопати донесуваме избрзани судови за другите луѓе, без да ги знаеме сите факти! Еве една вистинска приказна, што ја покажува суштината на пребрзиот и погрешен суд: „Зорица беше многу вознемирена. Од разговорот со својата сосетка таа дозна дека идната сабота Марија ќе организира прием во својот дом. Зорица и нејзиниот маж не беа поканети! Таа не можеше да го сфати тоа. Си припомнуваше за многу случаи во кои таа и нејзиниот сопруг беа љубезни кон Марија. Кога Марија се досели во нивното соседство, пред неколку години, тие беа првите што ја поканија во својот дом. Колку повеќе размислуваше за тоа, Зорица стануваше повеќе вознемирена. Таа си припомнуваше за многу случаи, кога со својот автомобил ја превезуваше Марија до пазарот или до црквата. Овој случај само ги потврди нејзините сомневања дека Марија е немарна и неблагодарна. [/FONT]
[FONT=&quot]Вечерта, нејзиниот маж дојде дома со широка насмевка на лицето: „Знаеш што!“ – рече тој. – „Марија и нејзиниот сопруг приредуваат прием во наша чест идната сабота! Тие дознале дека на тој ден ни е годишнината од стапувањето во брак. Сакаа да нè изненадат, но, сепак, решија да нè известат навреме, за да не правиме други планови.“ Кога го слушна тоа, Зорица се почувствува виновна. Таа си спомна за Исусовите зборови во Матеј 7, за погрешното судење и жалеше за своите лоши мисли“.[/FONT]
[FONT=&quot]Да бидеме внимателни во донесувањето избрзани заклучоци и за мотивите на другите луѓе. Можеби ги критикуваме тие кои ни посакуваат добро. [/FONT]
 
[FONT=&quot]Во едно телевизиско сценарио, односите меѓу двајца најдобри пријатели се нарушени затоа што се вљубени во иста жена. Подоцна и двајцата настапуваат во еден натпревар на падобранци. Двајцата скокаат во ист миг од авионот. Но, кога едниот од нив го повлекол конецот за отварање на падобранот, тој не се отворил. Кога другиот забележал што се случува со неговиот другар, во слободен пад маневрирал сè додека не стигнал до него. Откако се врзал за својот другар, тој го отворил својот падобран. Двајцата безбедно се спуштиле на земјата. Но, вистинскиот шок доаѓа откако и двајцата се на земјата, Спасениот станува и си заминува без да му заблагодари на својот спасител![/FONT]
[FONT=&quot]Ова е измислена приказна, но многу потсетува на вистинската случка опишана во Лука 17. Десет лепрозни луѓе, враќајќи се дома од средбата со Христос, одеднаш забележуваат дека тој ги излекувал од страшната болест. Тој ги спасил од сигурна смрт! Но, само еден, Самарјанин, се вратил кај Исус да му рече: „Ти благодарам“.[/FONT]
[FONT=&quot]Но, да бидеме чесни. Сите ние имаме проблеми со благодарноста одвреме-навреме. Откако се спасивме од лепрата на гревот, забораваме да му оддадеме благодарност на Бог и продолжуваме да живееме како што ни е волја. [/FONT]
[FONT=&quot]О, Господе, прости ни! И помогни ни да го живееме секој ден во постојана благодарност за тоа што Си, и за тоа што Си сторил за нас. [/FONT]
 
20 На туѓинец давај му со лихва,
а н братот свој не му давај со лихва
за да те благослови Господ, твојот
Бог, во сите работи на земјата,
во која одиш да ја наследиш

Петта Мојсеева 23

Лихвата е богоугодна категорија и Бог ги благословува лихварите.
 
[FONT=&quot]„БОГ ГО ЉУБИ СЕКОЈ ОД НАС КАКО ДА Е ЕДИНСТВЕНИОТ ЧОВЕК КОЈ ГО ЉУБИ!“[/FONT][FONT=&quot] [/FONT][FONT=&quot]–[/FONT][FONT=&quot]Августин[/FONT]
[FONT=&quot]
[/FONT]
 
Odgovor

20 На туѓинец давај му со лихва,
а н братот свој не му давај со лихва
за да те благослови Господ, твојот
Бог, во сите работи на земјата,
во која одиш да ја наследиш

Петта Мојсеева 23

Лихвата е богоугодна категорија и Бог ги благословува лихварите.

Eve eden citat od Psalmite:
14.5 *кој не го дава среброто свое со лихва и не прима поткуп против невин. Кој така постапува, нема никогаш да се поколеба.
 
[FONT=&quot]„ПОНИЗНОСТА Е КАБЕЛОТ ШТО ЈА[/FONT][FONT=&quot] СПРОВЕДУВА БОЖЈАТА БЛАГОДАТ ДО ТЕБЕ![/FONT]
 
Кога сте гневни, не грешете; никогаш не му дозволувај на твојот гнев (твојата иритираност, бес ) да траат додека сонцето не зајде.
— Ефесјани 4:26
Оваа мисла ни помага да изградиме карактер така што ни дава водечка линија за да ја следиме во справувањето со нашиот бес: оставете го гневот пред времето за спиење. Има само еден проблем. Што се случува кога стануваме добри или лоши токму пред времето за спиење? Ако сме бесни утрото, барем го имаме целиот ден за да поминеме низ тоа. Но кога стануваме бесни близу до времето за спиење, мораме да донесеме брза одлука.

Зошто е толку лошо за нас да одиме во кревет гневни? Мислам дека затоа што додека спиеме, она за што сме гневни има време да се задржи во нас и да заземе корен во нас. Но Зборот вели, "Не оставај таков простор за ѓаволот [не му давај можност на него]." (Ефесјани 4:27) Овој стих ни кажува што ќе се случи ако одбиеме да поминеме преку нашиот бес пред времето за спиење: Отвора врата за ѓаволот и му дава сигурно место на сатаната. Откако сатаната ќе земе сигурно место во нашиот живот, после ова може да се помести до засолниште. Можеби се прашувате, [FONT=&quot]Ако јас сум бесен, што треба да направам со тоа?[/FONT] Помини низ тоа! Можеби мислиш, [FONT=&quot]тоа е лесно за тебе да го кажеш, но ти не си во мојата ситуација[/FONT]. Можеби не сум во твојата ситуација, но и ти не си во мојата ситуација. Сите ние имаме различни ситуации. Ако сакаш да живееш радосен, победнички живот, мораш да правиш така по избор не по чувство.

Бог ни вели, "Јас се поставив пред твојот живот и смртта, благословите и клетвите; поради ова избери го животот." Избери живот одбивајќи да се дадеш во бес. Превземи одговорност за твојот бес и научи да се справуваш со него—воведи го во процес и затвори го, и ова ќе го ослободи притисокот.
 
[FONT=&quot]ПАКОСНИ ОЗБОРУВАЊА[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]„... Тој што разгласува клевета е безумник“.[/FONT]
[FONT=&quot]Изреки Соломонови 10:18[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Ширењето озборувања е опасна навика. Тоа е, како да налеваш бензин во огнот. Состојбата пламнува и губиш контрола, а лошата сосотојба уште повеќе се влошува. Освен тоа, ако приказната е невистинита, се фрла оган врз невини луѓе (Псалм 64:2-4).[/FONT]
[FONT=&quot]Од озборувањето не страдаат само другите. Тоа може да се врати како бумеранг и да го повреди оној што го почнал. Си спомнувам за еден дедо, кој беше многу богат. Бидејќи беше наглув, еден ден се реши да отиде на лекар да си земе апарат за слушање. Но, не изминаа ни две недели и тој повторно го посети својот лекар. Му рече дека сега ги слуша и разговорите од соседната соба. „Твоите внуци сигурно се радуваат што слушаш подобро“[/FONT][FONT=&quot]–[/FONT][FONT=&quot] му рекол докторот.“ [/FONT][FONT=&quot]–[/FONT][FONT=&quot] „Сè уште не сум им кажал“[/FONT][FONT=&quot]–[/FONT][FONT=&quot] одговорил старецот. [/FONT][FONT=&quot]–[/FONT][FONT=&quot] „Само си седев и ги слушав [/FONT][FONT=&quot]–[/FONT][FONT=&quot] и знаеш што? Веќе двапати го изменив тестаментот!“[/FONT]
[FONT=&quot]Ч. Х. Сперџен го препорачува следното за озборувањето: „Кога ќе слушнеш лоши зборови за некого, најнапред преполови ги, па подели ги на четвртина, а потоа не зборувај ништо за остатокот!“ Добар совет, зар не? Луѓето кои пренесуваат озборувања ја прекршуваат Божјата заповед „да не озборуваме никого“ (Тит 3:2). Тие луѓе немаат христијанско сочувство и не покажуваат љубов. Поради тоа во Библијата се наречени безумни. Биди мудар и послушај го Сперџеновиот совет. Затвори ја устата секогаш кога си искушуван да озборуваш![/FONT]
[FONT=&quot]„ЧОВЕКОТ ШТО КЛЕВЕТИ,[/FONT]
[FONT=&quot]ЗА СОВЕТНИК ГО ИМА САТАНАТА!“[/FONT]
 
Вистинската вера е безвремена. Може само да биде прекината од две нешта—сомневање или манифестација.

Исус рече, Земете го каменот. Марта, сестрата на мртвиот човек, извика, Но Господи, од ова време тој [се распаѓа], затоа што е мртов четири дена! Исус и рече, Дали не ти кажав и ти ветив дека ако веруваш и се потпреш на мене, ќе ја видиш славата на Бог? —Јован 11:39,40

Приказната за подигнување на Лазара од мртвите е убавина. Марта навистина веруваше дека Лазар не би умрел ако Исус би бил таму порано. Таа веруваше во Исус како Христос, својот Месија (Јован 11:21-27). Но Исус ја зеде нејзината вера на ново ниво—ниво кое што надминуваше било какво навестување на природните можности. Верата мора да се движи над теоретското до онаму каде што ја допира вашата најдлабока потреба на ниво на кое е потребно натприродното.

Ако Исус можел да го спаси Лазара пред неговата смрт, зошто да не веруваме дека би го подигнал од мртвите после неколку дена? Зошто да не се поместиме од "би можел" да го направи тоа до "ќе го направи" тоа? Земете го Неговото ветување и одморете се во него. Ќе ја видите Божјата слава!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom