Поука на денот

  • Креатор на темата Креатор на темата simeon
  • Време на започнување Време на започнување
sekoj koj se nadeval na gospoda i veruval vo negovata vistina ne bil napusteen i nikogas ostaven , toj e vistinski sreken blazen i ima mir vo srceto, a gospod mu go osvetluva patot


slava na boga
amin
 
Зборувајте љубезно, умесно и концизно, давајте му умешен одговор на секој што ќе ви постави прашање.
пос.Колос.4:6
 
Pouka od mene za denes:
Nikogas ne se potpiraj na drvo i covek... Drvoto staree i trulee, pa se krse i moze da padnes, a covekot se menuva i staree i moze da te razocara. Potpri se na Gospod Bog, koj e vecen i nepromenliv i nikogas ne ke te razocara.
 
НА МОЈА СМЕТКА!

„Ако, пак, во нешто ти згрешил или ти е должен, префрли го тоа на моја сметка“. Филимон 18.

Живееме во општество кое веќе употребува пластични пари кредитни картички. Со нив можеме да купуваме облека, храна, покуќнина, па дури и аранжмани за годишни одмори. Но, тоа парче пластика нема никаква вредност, ако на нашата сметка во банката немаме пари за покритие. Апостол Павле имаше „сметка“, која не само што беше добро стоечка, туку беше употребувана во невообичаени случаи. Во денешниот текст, читаме за Филимон, еден богат христијанин кој живеел во Колос. Павле му пишува за неговиот роб Онисим кој избегал од него. (Многу библиски учители веруваат дека при бегањето, Онисим украл пари од Филимон. ) Преку прекрасната Божја провидност, Онисим се сретнал со Павле во Рим и се обратил кон Христос. Тие се договориле дека е најдобро за него да се врати кај својот господар Филимон. Павле, испраќајќи го Онисим, со него го праќа и ова прекрасно писмо во кое му вели на Филимон, за секоја претрпена штета од својот роб, да ја префрли наплатата на негова сметка.
Како грешници, ние му должиме на Бог огромен долг, но Исус го презеде тоа задолжување на Себеси. Преку Неговиот безгрешен живот, Тој воспостави безгранични извори. Умирајќи за нас, Тој ја плати казната за нашиот грев. Од Неговата „сметка“, сега можеме да подигаме праведност за себе преку вера. Како што рекол Мартин Лутер: „Ние сме сите Божји Онисимовци.“Ако сме поверувале во Исус, гревовите за кои сме должни да платиме, се ставени на Негова сметка. Ние сме слободни!

„Слобода од гревот сакаш ли ти?
Само во крвта е силата!
Христовата крв те очистува:
чудна сила има крвта!“ (ХП–207)

„ВО БАНКАТА НА ПРАВДАТА, ГРЕШНИКОТ НЕМА СВОЈА СМЕТКА. НЕГОВАТА ЕДИНСТВЕНА НАДЕЖ Е ХРИСТОВАТА СМЕТКА!“
 
[FONT=&quot] [/FONT][FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot]СТРАВОТ – ЗАМКА И ОСЛОБОДУВАЊЕ![/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]„[/FONT][FONT=&quot]Стравот од човек поставува примка, а кој има доверба во Господ, ќе биде сочуван“. Изреки Соломонови 29:25.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Стравот од тоа што другите ќе мислат за нас, може да игра важна улога во нашето однесување. Индијанците добро ја познавале оваа вистина. Тие ги употребувале презирот и потсмевот како педагошки средства за одржување на редот во своето општество. Така, на пример, во племето Лисиус, кога старешината ги поучувал децата за моралните и неморалните постапки, тој не ги мотивирал со некое апстрактно правило или моралност, ниту, пак, им се заканувал со казнување на земјата или на небото. Наместо тоа, тој им велел: „Луѓето во селото ќе ве озборуваат!“[/FONT]
[FONT=&quot]Додека Индијанците го ползувале да ги мотивираат луѓето на добро однесување, Господ го предупредува својот народ израелски, дека, „срамот и стравот од луѓето“ може да ја предизвика нивната пропаст. Да објасниме. Нивната загриженост за тоа што мислат другите за нив, може да ги натера да склучуваат несвети сојузи со луѓе и да прават со нив компромиси. Наместо тоа, тие беа повикани да имаат доверба во Господ и да го бараат Неговото одобрување. [/FONT]
[FONT=&quot]Тоа е добар совет и за нас, бидејќи „стравот од луѓето“ им станал смртоносна замка на многу христијани. Ако своето однесување го управуваме според одобрувањето или неодобрувањето на луѓето, тогаш ќе доживееме многу растројства со болно чувство на несигурност. Многу подобро е да наоѓаме задоволство во вршењето на Божјата волја. Тогаш, стравот од тоа што мислат другите за нас, кој духовно нè осакатува, ќе му го препушти местото на довербата и здравото стравопочитување кон Бог, кој нè ослободува да живееме за Неговото одобрување![/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]„Тој секој ден ме чува, од ништо јас немам страв, [/FONT]
[FONT=&quot]и секој ден е поблизу од секогаш. [/FONT]
[FONT=&quot]Тој пат е долг и трнлив, но не се плашам јас, [/FONT]
[FONT=&quot]Небото штом е темно, јас ќе пеам пак“. (ХП–128)[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]„САМО СТРАВОТ БОЖЈИ МОЖЕ ДА НÈ ОСЛОБОДИ[/FONT]
[FONT=&quot]ОД СТРАВОТ ОД ЧОВЕКОТ!“[/FONT][FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot]
[/FONT]
 
[FONT=&quot]„КОГА ХРИСТОС Е ВО ЦЕНТАРОТ НА ТВОЈОТ ЖИВОТ,[/FONT]
[FONT=&quot]СЕ ДРУГО ЌЕ СИ ДОЈДЕ НА СВОЕТО МЕСТО!“[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot][/FONT]
 
[FONT=&quot]АНОНИМНИ СЛУЖИТЕЛИ[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]„... Твојот Небесен Татко, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно“. Матеј 6:4.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Имам неколку пријатели, кои се достојни за името „анонимни служители“. Еден од нив анонимно дава помош. Во неколку прилики, тој незабележано ми става пари во раката, кажувајќи ми го името на човекот на кого сака да му ги предадам парите. Тој секогаш инсистира да не кажувам никому за тоа. Еднаш, го замолив да ми дозволи да кажам дека тој е дарителот, но тој одмавна со главата и ми рече: „Што сакаш да ми направиш? Сакаш да ми го расипеш задоволството и да направиш да ја загубам наградата? Ако на земјата добијам признание, тогаш на небото нема да добијам насмевка и признание од мојот Господ“.[/FONT]
[FONT=&quot]Имам и еден друг пријател, кој, исто така, не сака признанија за својата служба. Тој секогаш се наоѓа при рака, кога треба нешто да се направи во црквата, или да се поправи нешто во куќата на некој брат. Секогаш е подготвен да му послужи на некого со своето возило. [/FONT]
[FONT=&quot]Ниеден од овие луѓе не се сметаат себеси за библиски учители. Но, тие го претставуваат големиот број верници, кои му служат верно на нивниот Господ зад сцената и без аплаузи. Нивната единствена желба е да му угодат на Господ и да им донесат радост на другите луѓе. Павле ги имаше на ум ваквите служители, нарекувајќи ги: „другите мои сотрудници, чии имиња се во книгата на животот.“ (Филип. 4:3). [/FONT]
[FONT=&quot]Ако си и ти еден од нив, продолжи со доброто дело. Твојот Небесен Татко е задоволен од Твојата служба. За твојата тајна служба, Тој има јавна награда!

[/FONT]
[FONT=&quot]„ПОДАДЕНАТА БРАТСКА РАКА[/FONT][FONT=&quot] ИМА ПРИСТАП ДО НЕБЕСНАТА КВАКА“[/FONT]

[FONT=&quot]„КОЈ СКРЖАВО СЕЕ, СКРЖАВО И ЌЕ ЖНЕЕ“.[/FONT]

Ova mi stana omilenata tema, zasto vo posledno vreme si pisuvam samo jas! :smir:
 
[FONT=&quot]„НЕВЕРУВАЊЕТО ИРОНИЧНО ПРАШУВА: [/FONT][FONT=&quot]КОЈ ВЕРУВА? ВЕРАТА ГОРДО ОДГОВАРА: ЈАС!“[/FONT]
 
Многу ми се бендисува параболата за доброто дрво и плодовите.
Навистина, Божјата мудрост откриена во Библијата е безвремена.:pipi:


"Или направете го дрвото добро и неговиот плод добар; или направете го дрвото расипано, и неговиот плод расипан; зашто дрвото се познава по плодот.



Змиска породо! Како можете да зборувате добро кога сте зли? Зашто од изобилството на срцето зборува устата.



Добриот човек, од добрата ризница изнесува добри нешта; а злиот човек од злата ризница изнесува зли нешта.


(Матеј 12:33-35)
 
1. Како снег во летно време и дожд во време на жетва, така и честа не му прилега на безумниот.
2. како врапче што ке фркне, како ластовица што ке одлета, - така и незаслужена клетва нема да се збидне.
3. Камшик - за коњ, узда - за осел, а стап - за безумните.
4. Не му одговарај на безумниот според глупоста негова, за да не станеш и ти сличен на него;
5. но одговори му на безумниот против глупоста негова, за да не помисли оти е мудар.
6. Кој усно порачува на безумен, тој ги потсекува нозете свои, трпи непријатност.
7. Како што криват нозете на куциот, така и расказот куца во устата на безумните.
8. Она што е оној што клава во праќка скапоцен камен, таков е и оној, кој му прави чест на безумен.
9. Она што е трнлива гранка во раката на пијаница, тоа е и зборот во устата на безумните.
10. Силниот се врши по своја воља: и глупавиот го дарува, и секој минувач го наградува.
11. Како што кучето се враќа на изблуеното, така и безумниот ја повторува својата глупост.
12. Ако си видел човек, кој што се смета за мудар, тогаш повеќе надевај се на безумен, отколку на него.
13. Кога го испраќаат мрзливиот на пат, тој вели: ‘sвер е на патот, лав има на плоштадот!‘
14. Вратата се врти на куките свои, а мрзливиот - на леглото свое.
15. Мрзливиот ја крие раката своја во пазувата, и тешко му е да ја принесе до устата своја.
16. Мрзливиот се смета за помудар од седуммина, кои смислено одговараат.
17. Кој, минувајки, се замешува во туѓа караница, фаќа куче за уши.
18. Како што разгневениот фрла оган, стрели и смрт,
19. таков е и човекот, кој подмолно го оштетува пријателот свој и потоа вели: ‘Јас само се пошегував.‘
20. Кога нема веќе дрва, огнот згаснува, и кога нема клеветник, раздорот стивнува.
21. Јагленот е за жар, а дрвата - за оган, кавгаџијата, пак - кавга да разгорува.
22. Зборовите на оговарачот се како слатки и влегуваат внатре во утробата.
23. Она што е глинен сад, глеѓосан со сребро, такви се пламените усти и злобното срце.
24. Со устата своја непријателот се преправа, а во срцето подмолност крие;
25. кога говори дури и со нежен глас, не верувај му, зашто во срцето негово има седум одвратности.
26. Ако омразата негова се прикрива насамо, злобата негова ќе се отркие во собранието народно.
27. Кој копа јама, ќе падне во неа, и кој тркала камен угоре, врз него ке се врати.
28. Лажливиот јазик ги мрази оние, што ги сопира, и устата ласкава подготвува пропаст.

Библијата
 
[FONT=&quot]„АКО НЕ ДЕЈСТВУВА ВРЗ ТВОЈОТ СЕКОЈДНЕВЕН ЖИВОТ, ТОА НЕ Е ХРИСТИЈАНСТВО“.[/FONT]
[FONT=&quot]
[/FONT]
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom