Поука на денот

  • Креатор на темата Креатор на темата simeon
  • Време на започнување Време на започнување
срцето ми се исполни кога видов колку се исполнила темава со поуки.сега вака одморена ќе се фрлам на читање на поуките.
 
"Ask her to wait a moment - I am almost done."

- Carl Friedrich Gauss (1777-1855), while working, when informed that his wife is dying


interesting...
 
Никогаш не се расправај со будала. Има големи шанси луѓето да не ја забележат разликата.
 
глупавите учат од своите грешки, паметните од грешките на другите...


зошто никој не го сфаќа тоа?...
 
Свети Исихиј, презвитер Ерусалимски

Слика на надворешните, сетилно-телесните подвизи е Стариот Завет, додека Светото Евангелие кое и е самиот Нов Завет, слика е на собраноста на умот и на чистотата на срцето.
 
Свети Исихиј, презвитер Ерусалимски
Оној што се подвизуза во внатрешноста, секој момент треба да поседува четири дејствувања: смирение, крајно внимание, спротивставување на помислите и молитва – затоа што после спротивставувањето треба од длабочината на срцето со неискажливи воздишки да повика кон Христос. Тогаш и самиот подвижник ќе види како со обожуваното Име Исусово се развејува непријателот и неговото мечтаење (фантазија), слично на прашината или на чадот пред силата на ветерот...
 
Од ближниот зависат и животот и смртта.Зашто, ако го придобиеме братот, сме го придобиле Бога, и ако го соблазниме братот, сме му згрешиле на Христос (Ава Антониј)
 
Свети Исихиј, презвитер Ерусалимски

Непрестајната молитва ја чисти атмосферата на умот од мрачните облаци и од ветровите на духовите на злобата. Кога атмосферата на срцето е чиста, повеќе ништо не пречи да засветли божествената светлина Исусова... Како што долините изобилно раѓаат пченица така Исусовата молитва изобилно го оплодува срцето твое со секое добро. Подобро кажано, тоа ти го дарува Самиот наш Господ Исус Христос, без Кого не можеме да правиме ништо (Јован 15, 5).
 
Никој не би требало да разговара за духовни работи со луѓе кои се незаинтересирани за нив. (Св. Серафаим Саровски)​
 
Врати му дупло на оној што ти направил лошо да не му текне пак истото да ти го направи (Св. Шорти Шортски)
 
Слободата во Бога а не од Бога – тоа е вистинската слобода, неминлива, животворна, радосна, златна. (Св. Николај Жички)
 
Старец Софрониј



Тешкотијата да соработуваме со ближниот секогаш произлегува од недостигот на молитва и на љубов! Како што вели Свети Силуан, може да се случи и покрај огнените молитви, напредокот да биде тежок. Покрај тоа, откако успееме во повикот на Името Исусово да заживееме цврсто со некоја личност, стануваме способни да живееме со милиони други личност што и се слични.
 
Старец Софрониј



Секое нешто што го здобивате преку вашиот внатрешен подвиг, се одразува врз вашиот живот во Бога. Борете се против секоја страст која предизвикува во вас помисли на осудување против ближниот. Не го примајте она што непријателот ви го подметнува против оној што е неправеден со вас. Било да сте сами во вашата келија, било со други, секоја помисла на осудување, секој негативен внатрешен двиг, создава пукнатина во вашата духовна тврдина и во тврдината на братството. Ниедна помисла не се раѓа и не поминува без последици! Со добри помисли за секого што ќе го сретнете, ќе можете да откриете возљубена личност. Наспроти ова, со лоши помисли, вашето лице, вашите душевни сили, ќе ги потресат вашите односи со другите и ќе влијаат врз вашата околина. Кога благодатта е во вас, тогаш не ги гледате маните на другите, туку само страданијата и љубовта на браќата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom