Матура...

  • Креатор на темата Креатор на темата Ханзо
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Па фала богу што креаторот на е-маилот не сака да полага, во минус ке отиде со поените овој иако е невозможно. Бидна што бидна касно е веќе. Како си направивме така ќе си сркаме и крај на проблемот.

A за какво кратење на материјалот се зборува погоре ? Јас првпат слушам вакво нешто.
 
Нема никакво кратење, колку што сум информирана. Па и уште кратење ли, се отфрлија неколку теми од математика, неколку дела од македонски, еве јас се подготвувам и не ми е тешко, воопшто. Додуша и си учев во средно, ама некои работи се забораваат. Туку, ај, ќе кажеме во четврток после тестот по македонски.
 
Сачекај малце, сите веројатно го имате оној материјалот за полагање државна матура по македонски јазик т.е. скриптата(380стани) каде што се можеби наведени сите оние работи што се потребни за да се положи матурата .. Таму се вбројани сите дела за обработка или од таму треба некои дела да се изостават ???? :icon_conf
 
E sto tolku vreva za maturata. Porano se polagaa priemni ispiti, nervoza,stres,prasanja od tipot sto ke bide kako ke bide isto postoeja. E sega ne e vo red sto samo majcin jazik i matematika ili stranski se polagaat eksterno, spored mene i tie bi trebalo da se izbiraat vo zavisnost od fakultetot,pr. predmetite sto porano se polagale kako priemni ispiti ili nekoi drugi predmeti sto ke ti trebaat za soodvetniot fakultet.
 
Доцна е веќе за такви бунтови и протести. Хрватите кога протестирале гарант не пиеле кафе по кафичите туку масовно излегле на протест.

Сачекај малце, сите веројатно го имате оној материјалот за полагање државна матура по македонски јазик т.е. скриптата(380стани) каде што се можеби наведени сите оние работи што се потребни за да се положи матурата .. Таму се вбројани сите дела за обработка или од таму треба некои дела да се изостават ???? :icon_conf

Тука ја имаш програмата, детелно е објаснето, оние дела што се болдирани нема да влегуваат во материјалот што ќе го полагаме ние туку за наредните генерации.
 
Матурата е за вас да видите колку знаете, да бидете сигурни во себе дека колку знаете ќе ви треба некој ден. Само државата е крива. Го укина ќотекот и сега младината беснее. Учениците ги гледаат наставниците како досадни морони а овие вторите за некоја мизерна плата и некои мали бенефиции се замараат со овие првите и така.
Ќе имаме на 50% неписмени луѓе(ситуација е полоша и од онаа по втората светска војна) кои преку партија ќе се вработат на државно и после се буниме зошто за една дозвола чекаме 2 до 3 години и после па неисправна дозвола.
Ебати држава а и системот ајде да се пресели ме во друга држава.
 
ја не сум потпишал а не сум ни дал согласност некој да збори во мое име

ја што треба да правам?

Ако не си потпишал, ќе си чекаш во август евентуално... Дали си се пријавил за матура? Ако си се пријавил, на таа пријавата што ја пополнуваше, нели имаше на едно место каде што треба потпис да удриш... Сигурно си потпишал....

Има ли некој тука математика што ќе полага? Знам дека дигитрони не смеат да се носат, но не знам за ленири и шестари, ќе може или не, сепак, 50% е геометрија!
 
Ако не си потпишал, ќе си чекаш во август евентуално... Дали си се пријавил за матура? Ако си се пријавил, на таа пријавата што ја пополнуваше, нели имаше на едно место каде што треба потпис да удриш... Сигурно си потпишал....

Има ли некој тука математика што ќе полага? Знам дека дигитрони не смеат да се носат, но не знам за ленири и шестари, ќе може или не, сепак, 50% е геометрија!

јас полагам англиски, ама читаа известување кај нас, кажаа оти смее геометриски прибор да има!
 
Сега и официјално не се замарам со матурата:)))
Ми стигна одговор дека сум рпимена на факс, само да положам сега е битно, не со колку бодови
 
Има ли некој тука математика што ќе полага? Знам дека дигитрони не смеат да се носат, но не знам за ленири и шестари, ќе може или не, сепак, 50% е геометрија!

Мислам дека акцентот ќе биде на пресметки...плоштина, волумен, агли, такви работи. За цртање би требало само графици да има...што знам...
 
Џабе е...готово е.За 2 дена полагаме,а ако на некој мн му се виде,готово е,па сеа ќе праќа спамови за бојкот.Тоа се правеше неко кога се отрезнивме од матурската вечер туку уште во прво полугодие,ама и нашата неорганизираност не уби.Толку е освестете се.
Море дај јас да седнам да поучам нешто од воа математикава оти кине.Е некој ваков муабет да слушнам,а не за бојкот.Јас и еден мал дел кога се буневме на времето и организиравме,другите одеа на „кафицу“ и сл.Епа заебете сеа и трк да учите сите,а не по фудуми безвеза да ми киснете.
 
Мислам дека акцентот ќе биде на пресметки...плоштина, волумен, агли, такви работи. За цртање би требало само графици да има...што знам...

Акцентот ќе биде на најлесните задачи од горенаведените области. Нема шанси да ти дадат некоја задача од типот на едно тело ротира околу оска бла бла друго тело ротира малце подалеку бла бла и најди го волуменот и плоштината на добиеното тело. А што ми е мило што не сум напредно ниво и не се замарам со тригонометрија, експоненцијални равенки и тако даље. Со среќа на матурата :smir:
 
Целово писмо само ме насмеа премногу и премногу ме налути!!! Како може еден неписмен човек да почне да организира нешто што знае и дека нема да успее... не поготово со таквите букви и неразделни зборови... искрено мене тоа ми одзема ендо 8 минути само да го дешифрирам... На кој не му се полага немора да полага.... нек не остаи нас другите да положиме што имаме нешто да правиме во план со нашиот живот, а не да не запира во нашите планови!!!
Оооо ти проклет и несмасен човеку - создател на спамот... бери си го паметот., што ќе направиме за 2 дена, кога за 6 месеца ништо не сме направиле!!!
Одете учете, не се заебавајте... не е зајбавачка работа оваа... од овоа ни зависи иднината... како сакаш гледај, без да ја поминеш матурата ништо не правиш со твојот живот!!!
А и да дофрлам нешто за оние кои планираат да не отидат на испитот...
- Зарем мислите ќе успеете да направите нешто со тоа... два дена при крај?! не успеавме ништо да изнудиме за да се укине матурата цели 6 месеца и више, па за два дена ќе успееш?! Да ти нема да отидеш на испит... али со тоа си го уништуваш летото и место да отидеш на плажа, на море, ти ќе цркнеш дома на топлото да учиш за во август... мислиш немаат муда да не отерат сите во јуни да паднеме... што сакаат праат со нас, така да помири се... не идеш у јуни... ќе те бутнат идеш у август... не идеш во август, ќе ти кажат другар имаше две шанси сега ќе имаш една и тоа наредна година... па размисли си ти сеа како сакаш!!!

Него ај не се бунете многу, седнете да научиме... зашто и така и така џабе збориме само... :toe:
 
Доцна е сега за штрајкови и одложувања. Се обидовме тогаш, не ни успеа и готово. Нема потреба за паника и плачење, со малку учење ќе си помине без проблеми матурата.
 
А математика ќе дадат дадат формули за задачите геометрија или не? Професорката ни кажа дека требало да ни дадат и за пробната, ама не ни дадоа, па за сега не знаеше што да ни каже. Ваму на сајтот на бирото за образование, во испитната програма за математика - основно ниво исто така пишува дека можеби ќе ни дадат, ама за сигурно не пишува.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom