- Член од
- 6 април 2008
- Мислења
- 82
- Поени од реакции
- 0
Ме чуваат ме слушат и јас и возвракам
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ако имаме катастрофа родители тоа не ни е оправдание да седнеме во еден агол,да почнеме да цвилиме ко мали бебиња:животот не е фер,дрн,дрн
Треба да се собереме и да почнеме да покажуваме заби,а богами и тупаници,и да се бориме.
Не е оправдание ако животот ви дал никаков почеток,искористете ги траумите и лошите искуства со вашите родители за да ве ојачат и направат попаметни,позрели,побрзи,посилни.
Тоа ве става во предност за разлика од другите,бидејќи многу порано сте научиле да се борите на најразлични начини и многу порано сте научиле колку животот може да биде суров ,но и како да се справите со него.
Глупост е да помислам дека родителите би помислиле на такво нешто, повеќе е тоа производ на пубертетскиот мозок на дететоиако не комуницираме многу и не сме на иста бранова должина, сепак колку и да сум спукан со нив, никогаш не би го помислил тоа...дека ми го уништуваат животот бе? Која е логиката, кога тие ти го дале, не значи дека имаат и право да ти го одземат...сепак, според мене ова е само чиста фарса и производ на детската фантазија...
Користат фрази од типот: Ти си глупа и наивна, ти го срамиш семејството, ти си курва, подобро да се симне господ и да ме земе, ако умрам сега нека умрам со отворени очи, ако го направиш тоа (било што, што не им се допаѓа) вратата секогаш ќе биде затворена за тебе, ќе се откажеме од тебе... ааа да и моето најомилено „Какви мочковци и сељаци шетат внучиња, ти неможеш едно дете да родиш ...“ и да знаат за мојот проблем дека можеби нема да останам бремена...Не ми го уништија, ми го е*аа живот од детство па да сега си продолжуваат. Мајка ми ужива да ме уништува...
Како да уживаат во тоа што го прават..Користат фрази од типот: Ти си глупа и наивна, ти го срамиш семејството, ти си курва, подобро да се симне господ и да ме земе, ако умрам сега нека умрам со отворени очи, ако го направиш тоа (било што, што не им се допаѓа) вратата секогаш ќе биде затворена за тебе, ќе се откажеме од тебе... ааа да и моето најомилено „Какви мочковци и сељаци шетат внучиња, ти неможеш едно дете да родиш ...“ и да знаат за мојот проблем дека можеби нема да останам бремена...
Има од лошо, полошо... И колку да им велиш во лице „Ебете се сите“ сепак останува фактот дека ти се родители и дека баш во нивните очи си губитник...
Не туку од нас очекуваат да бидеме се она што тие не успеале да бидат во животот, а кога ќе го постигнеме тоа стануваат љубоморни... Сега се прашуваат зошто бегам за Скопје и не им се јавувам со недели, вртат ко улави на мобилниот и плачат... но нивните зборови тешко се бришат од мојата меморија...Како да уживаат во тоа што го прават..