Ми го уништуваат животот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум Баба Ванѓа ама баш цитираниот дел од дискусијата звучи исфорсирано и предраматично. И јас кога ќе се скарам со моите (афективно) се служам со секакви по некогаш и неосновани критики и забелешки па и етикети за да дојдам до некој конструктивен заклучок само условно во моја полза.
Моја претпоставка е дека сте го промашиле начинот на комуникција. Оти пресумција е родителите да не сакаат да ти наштетат. Или барем не свесно.
А, кога неосновано настојуваат и ја претпочитат нивната вистина ти барем Сатори би имала ораторски и демагошки способности да им го докажеш спротивното, да ги убедиш дека си во право.

Инаку конкретно не може да се насети коренот на проблемот бидејќи ситуацијата е опишана премногу општо.

Со моите инаку проблемите ги решавам дипломатски.
Строго забранети за конзервативни и авторитативни родители се искреност и отворен муабет.
 
Еве ова е битната реченица.

А тоа е најлошото нешто што може да ја снајде една непредрасудна личност со слободен дух и свој начин на живот.

Не само времето што ги прегазило и постепено со тек на годините се повеќе и повеќе го достигнуваат врвот на конзерватизмот туку и не дозволуваат да размислуваат со своја глава затоа што општеството наметнува некои други начини на размислување кои не смеат да бидат прекршени. Гласот на народот е многу побитен од среќата на детето.

Да, можеби ќе ја направам најголемата грешка во животот со мојот избор, но барем јас ќе бидам виновна за тоа а не некој друг. Колку и да биде трагично јас сум го сакала тоа па ќе си ги сносам гордо последиците. Не сакам да живеам во монотоноста на животот кој ќе ми биде наметнат од моите родители, живеејќи цел ебан живот во сегашноста со вечно вперен поглед во затворената врата кон минатото и се она што би можело да го има зад таа врата. Сите тие прекрасни мигови на бескрајна среќа и вечна радост, знаејќи дека си можела да ги имаш ама не...некој не дозволувал затоа што се грижел за твојата среќа турнувајќе те кон несреќата.

И не нема да дозволам тоа. Не сакам секоја ноќ да ја сонувам затворената врата и животот кој што сум можела да го имам. Не сакам да станам искомплексирано исфрустрирана личност заради тоа што ми било одземено. Сакам да ја живеам слободоумноста. Сакам да ја отворам секоја врата која што сакам да ја отворам па макар и утре брутално траснувајќи да ја затворам. Мој живот-мое право.

И тука веќе се јавува најголемиот проблем. Како да се справиш не со нив туку со најлошото со нивната психа ? Проблем чиешто решение очајно ми е потребно...:toe:

Јас сама не би можела да го опишам ова подобро, јас дојдов до точка буквално да се откажам од се поврзано со нив,не за да се инаетам и да биде по мое, туку затоа што едноставно нема друго кога мојот живот е тој со кој што си играат неодговорни суштества.
 
Секој можен тинејџер има проблеми и недоразбирања со родителите но и со целото општество.Родителите гледаат да не заштитат на секој можен начин.Но треба да знаеш како да го направиш тоа и како да бидеш родител.Како што и децата треба да знаат кое е нивното место во семејството и како треба да се однесуваат.Ќе излажам ако кажа дека јас сум немала проблеми со моите.Но сум ги решила на тој начин што сум разговарала возрасно со нив и отворено и сум се поставила како возрасна личност која може да биде свесна и одговорна за својот живот.А доколку ми треба помош или совет да можам да им се обратам.
 
Јас сама не би можела да го опишам ова подобро, јас дојдов до точка буквално да се откажам од се поврзано со нив,не за да се инаетам и да биде по мое, туку затоа што едноставно нема друго кога мојот живот е тој со кој што си играат неодговорни суштества.

Со твојот живот ќе си играат неодговорни суштества додека си жива и од тоа нема бегање, дали тоа биле твоите родители, твоите работодавци, твоите деца и т.н. не е битно бидејќи секогаш ќе ги има од некаде да се појават, битно е ти како си спремна да се сравиш со таквиот предизвик во твојот живот и колку си споосбно одмерено да ги решаваш проблемите, без никакви големи последици и жртви.
 
Епа тука е проблемот. Било да ја направиме најголемата грешка во животот, било да ја направиме единствената вистинската работа во нашиот живот превземајќи го тој голем ризичен чекор, жртви секогаш ќе има...:toe:. Штом и двете страни не се усогласени последиците и жртвите се неминовни. Прашањето е дали ќе бидеме ние тие кои се жртви за сметка на среќата на нашите родители или ќе бидат тие жртви за сметка на нашата среќа е всушност она клучното нешто.

:smir: И не го сфаќајте ова како тинејџерски проблем затоа што не го знаете проблемот и не мора да значи дека е некоја ситница. Кога треба да се донесат ептен сериозни одлуки во животот без оглед на годините многу често се случува родителите да се почувствуваат засегнати и да се замешаат во животот на нивните деца одземајќи им ја слободата. Не секогаш се годините одлучни.
 
Со добра дипломатија секогаш има добар компромис, ама не секој е способен да ги согледа можните компромиси и гледа само црно-бели решенија.
 
Со добра дипломатија секогаш има добар компромис, ама не секој е способен да ги согледа можните компромиси и гледа само црно-бели решенија.

А каква дипломатија би употребил на ограничени родители кои живеат сеуште во нивно време и се осудуваат и кои се грижат за она што ќе кажат луѓето? Колку и да сум дипломат не можам да им сменам нити став нити мислење. А и не знам како :toe:. Ама ок- не е битно, да не бидеме офтопик :helou:
 
На секое лонче му има поклопче, само прашањето е колку имаме желба и добра воља да се замараме со тоа.
Кога бев на 18-19 навистина ме иритираше оваа проблематика, ама па сега не и давам толкаво значење. Се е до состојба на умот, едноставни треба да се пресече дали нешто вреди или не.:)
 
И јас сама на тоа гледам како на најдобро решение, ако се дистанцираш од туѓите проблеми, а своите ги елиминираш, полесно е.
 
.... Зар не си имала родители кои биле тешки на некое поле? Зар има тинејџер кој немал заебани родители од своја перспектива? Убаво е ова се` другово напишано, само е прерозево, то ест далеку од реалноста. Во нашето општество на 17 години многу работи се детерминирани од родителите и ние можеме да одбереме точно.....

Да не цитирам се’ по ред.
Кога јас имав 17 години сакав да студирам психологија. Татко ми заеба работа и умре, а мајка ми беше лујка што не знаеше леб да си купи. Да видиш како веднаш проработува рациото и што прави борбата за опстанок. Се запишав на нешто што на крај на памет не би го одбрала, ама гарантираше работа, односно плата. И така последниве дваесет години. Да, си ја сакам работата.
Елем, ако само за момент тинејџерите заборават дека се тинејџери и дека нема да бидат тато и мама наоколу цел живот за да ги олеснуваат/отежнуваат изборите и да ги поправаат грешките, ако само пробаат да го замислат животот без нив, мислам дека ќе им биде полесно да се соочат со реалноста.
Лајф бајтс. И далеку е од розов.
 
Мислам дека ова е делот на кој што треба да ги фокусирате коментарите...
Ја искусувам сеуште оваа ситуација на мои цели 25 години. Од она што јас сум го научил во животот, е дека родителите се институција која не може да се контролира од нивните споствени деца, а во исто време и сум забележал од останатиот свет, дека родителите немаат поим од растење деца. Новиот модерен начин на живот тотално ги сјебува децата и никој не приметува.
Во превод, според мене... се` што еден нормален тинејџер може, и треба да направи во ситуација каде е репресиран од родителите по било кој основ е да се дистанцира од нив. Ако физички не може, тогаш најмалку психички. Правилен однос кон своите родители откако би се решило детето на ваков потег е ладнокрвен. Реченици од типот “тоа не е моја работа“ се најпаметни... со тоа што треба својата единствена задача во животот да ја извршува идеално и максимално, а тоа е средното училиште и неговиот успех во истото.
Кога ќе заврши тоа, и дојде момент на избор се прави компромис... “Во ред, но сноси ги последиците при евентуалниот неуспех“. Тоа е реченица која најчесто би ја употребил родител, но со нивни камен по нивна глава е супер оружје за водење војна со повозрасни и поискусни.
Родителот нема право да одлучува за сериозни животни чекори на своето дете, но ако веќе решил да го прави тоа, тогаш слободно качете му се на глава.

Јас сум чист пример за ова. На моменти како да сум потполно имуна и отпорна на секоја нивна нафрлена неоснована фрустрација. Заради редовниот тренинг со моите, на моменти чувствувам дека сум станала ладнокрвен дебелокожец и општо во односите со луѓето.
Дедото Конфучие рекол - Не работи го тоа што го сакаш туку засакај го тоа што го работиш.
Да, затоа го респектираме дедово. Во случајов, if you can't beat them, join them. Јебига, не ја потценувајте нивната заслуга, ти дале живот, истиот можат и да ти го сјебат, но ти нема да го дозволиш тоа, зошто теоретски никој не може да ти го уништи животот ако не му го дозволиш истото.
 
Во основа може да се каже дека никогаш не сум имал преголеми проблеми со моите родители. Не знам дали било така бидејќи тие имаат разбирање или бидејќи јас сум бил од секогаш "послушен" па немало причина за преголеми конфликти. Секако сум влегувал во конфликти но другиот ден се било заборавано, а за важните животни одлуки како на пример сега за факс имам слобода сам да изберам.
Кога би имал проблеми би се обидел со разговор да го решам, бидејќи не можам да ќутам и да прифатам нешто да ми се наложува спротивно од мојата волја. Како и да е многу зависи и од родителите не се сите исти. Затоа треба да се знае до која граница би вредело инаетењето.
 
Можеше да почне, мајка ми.
Сите нејзини проблеми беа и мои, сите нејзини депресии ги јадев и јас, сите нејзини фрустрации требаше да ми бидат наследени мене.
И не велам дека не успеа да ми префрли нешто.
Така, целиот мој краток живот јас повеќе се грижев за неа отколку она за мене. Вклучувајќи го психичкото здравје, исклучувајќи го детството со своите основни потреби.
Сепак татко ми беше овде за баланс, и со текот на времето ме научи да се дистанцирам од нејзините болки.
И олеснати ми се моите животни активности така, далеку послободно се чувствувам...за жал и среќа, далеку поладнокрвно.
Понекогаш морам да ја газам, а не ми е сеедно за тоа.
Но не сметам дека некој од нив двајцата ми го уништи или ми го уништува животот.
Какви и да се, останува кој како ќе си ја нареди, факт.
 
Мене од мал ме сметале за еднаков со остатокот од фамилијата,така да,екслузивното право за уништување на мојот живот,го поседуам ја и само ја.И никој друг.
Благодарам мамо и Тошо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom