За славните личности од историјата: Ван Гог е син на свештеник, и самиот студирал теологија и се подготвувал да тргне по стапките на тако му; подоцна ја отфрлил црквата како институција, но до крајот на животот останал длабоко религиозен; Пол Гоген за него напишал во едно писмо: “овој холандски ум е запален по библијата“.
За Дарвин дискутиравме порано. Исто така студирал теологија, подоцна го отфрла христијанството како институција, но никогаш за себе не рекол дека е атеист.
Ајнштајн - она што кај него на прв поглед изгледа дека е спротивно на верата е токму неговата дефиниција за Бог. И покрај поинаквите впечатоци, тој верувал во Бога. Ќе го повторам уште еднаш неговиот познат цитат: “во ова материјалистичко време се јавуваат луѓе атеисти, кои тврдат дека нема Бог, но она што ме лути е, дека ме цитираат мене како доказ за нивните тврдења“.
Фројд е единствениот доследен атеист од спомнатите, и тој ја сметал религијата за вид на неуроза, израз на незрелост на личноста.
Галилео Галилеј? Посветен католик, цврст верник. Неговата грешка? Што се обидел да ја брани библијата пред црковните власти, и да докаже дека толкувањето на библијата може да биде на повисоко ниво одошто суеверното.