Липранди... јас не ти се мешам во твојата лична работа, твоето задоволство или твоите полиња на уживање ниту во твојот начин на размислување. Исто така не се сложувам ни за твоето тврдење дека на атеистите им треба плукањето по верниците, бидејќи атеистот јас го сфаќам како човек кој разбира зошто одлучил да верува во непостоењето на Бог и тој нема потреба да “плука“ по верниците туку ги почитува како луѓе, но има различен став од нивниот.
Инаку, кога се фати за Ајнштајн... (за шумахер и Да винчи не сум сигурен а ме примрзе да барам по нет) па тој не бил верник, еве негов цитат...
"I cannot imagine a God who rewards and punishes the objects of his creation, whose purposes are modeled after our own -- a God, in short, who is but a reflection of human frailty"
Што практично е речиси исто што и јас тврдев.
А велиш човештвото би било посиромашно без делата на овие верници, а што би бил светот без делата на Ниче и Фројд, на Галилео Галилеј, Дарвин, или еве спомна уметници... без Ван Гог на пример?!