Да, верниците така го гледаат Бог, како сила која води, како подадена рака, вечен создадетел и проценувач на гревовите. Јас лично не верувам во било каков Бог (мислам е премногу апстрактно и апсурдно), ама религијата била и е корисна, како начин кој ги тера верниците да ги почитуваат оние основни морални и етички правила, всушност ете зашто постојат 10те божји заповеди, верувањето за постоењето на пеколот(па уште и кругови во истиот), но освен тоа религијата им дава и надеж на верниците за подобро утре. Атеистите пак, си знаат дека се`, помалку или повеќе, зависи од самата индивидуа.