Менструација

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Ви благодарам на честитките и ако е оф топик, имате мекици од мене штом ќе дојде младунчево на свет :)

Се надевам дека нема да се разочарате ако добиете доцнење на менструацијата како мојава... :pipi:
 
најмизерни денови ми се...неможам од кревет 2 дена да станам, значи толку болки што имам :( Кафетин менструал донекаде ми помагаат да ми се намалат грчевите,чаевите од нане и мајчина душица и топли облоги на стомак обавезно... оххх болноооо :kesa:
 
pred da dobijam sum nepodnosliva :D:D i koga ke dobijam pa togas bolkii...posakuvam da ne sum zensko tie denovi:uvo:
 
Од денес почнав и јас со чајот од ајдучка трева па ќе видиме.Поздрав
 
Годинава ептен ми се регулира...секој месец на ист ден или со каснење на 1 ден. Почнав да пијам секој ден чај од кантарион може и тоа помогна :)
И последниов пат се израдував немав огромни болки за првпат после 4-5 години..првиот ден 1 кетонал после наредниот уште еден и супер бев(не беше како обично на секои 7 саати кетонал...по 2-3 на циклус обавезно) ама ми се одложи после 2 ден фатив стомачен вирус и пак се отрув со спасмекс :) не ми е судено да не се трујам секој месец со апчиња:)

И сфатив дека многу влијае нервозата и стресот...го прележав цел месец, си уживав и нема болки породилни:)
 
Внимавајте со употребата на лекови! Само во неопходни ситуации, читав малку на постов и заклучив дека повеќето од вас се предозираат тие лекови не се бонбончиња па некогаш кога болката не е толку сериозна пробајте да ги избегнете
 
Се согласувам, јас еве веќе 6 години откако имам менструација дали само 2 или 3 пати сум се напила апче затоа што болката била неподнослива. Секогаш гледам машки да ја истрпам болката. Ставам топли облоги на стомакот и ништо друго, некогаш знам и да прилегнам на пола саат и болката ми поминува. Инаку менструацијата не ми е баш редовна, се чудам како може некои девојки точно до ден да знаат кога ќе добијат...
Кај мене најверојатно влијаат многу фактори, на прво место стресот! Многу се нервирам, осетлива сум и ми се пореметува организмов.
 
спомнав дека се радувам што сум машко ? :raz: :icon_roll
 
дојдоа проклетите црвени денови...ее во овие денови мразам шо сум женско тече ли тече у пм:nesvest:..болките ми се најнеподносливи 2 ден и тогаш најобилно тече,утре тешко мене:vozbud:..него да ве прашам да не знаете нешто за да се намали обилноста???...ке цркнам не можам од кревет да станам 3 дена
 
Јас ја контролирам обилноста со тоа што си го ограничувам движењето, одам како мачка, избегавам да седнувам-станувам многу и ми помага. На пример кога седиш глеј да не стануваш без потреба, или додека стоиш/одиш глеј да завршиш се што имаш за работење затоа што сум приметила дека кога мирувам сеедно дали седам или стојам во место не ми тече ич ама затоа ако направам нагло движење ее еее ееееее
 
Се согласувам, јас еве веќе 6 години откако имам менструација дали само 2 или 3 пати сум се напила апче затоа што болката била неподнослива. Секогаш гледам машки да ја истрпам болката. Ставам топли облоги на стомакот и ништо друго, некогаш знам и да прилегнам на пола саат и болката ми поминува. Инаку менструацијата не ми е баш редовна, се чудам како може некои девојки точно до ден да знаат кога ќе добијат...
Кај мене најверојатно влијаат многу фактори, на прво место стресот! Многу се нервирам, осетлива сум и ми се пореметува организмов.
Организамот кај секој човек различно реагира на соодветни промени не треба да дигате паника, само редовно посетувајте гениколог, точно е дека стресот може да влијае за нередовност на менструалниот циклус, побарајте совет од вашиот гениколок за начинот како менструалниот циклус го направите по редовен. Лековите земајте ги во исклучиво неизбежни ситуации, бидејки организмот лесно се прилагодува на нив, па можно е подоцна да морате да ги зголемувате дозите, а со зголемено земање на лекови ги оштетувате највеке црниот дроб и бубрезите, што подоцна може да доведе до низа други заболувања.
Инаку не сум женско туку еве како доктор да кажам некој збор :)
 
Јас ја контролирам обилноста со тоа што си го ограничувам движењето, одам како мачка, избегавам да седнувам-станувам многу и ми помага. На пример кога седиш глеј да не стануваш без потреба, или додека стоиш/одиш глеј да завршиш се што имаш за работење затоа што сум приметила дека кога мирувам сеедно дали седам или стојам во место не ми тече ич ама затоа ако направам нагло движење ее еее ееееее

хехе фала ќе пробам така:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom