Реставрација на автомобили и моторцикли, расклопување мотори и слично?

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
не зезај кој амбасадор од турција работи во комуна ? Се имам јавено за морисов, јави се и ти ако сакаш, дечково ми вика до 6 работам во комуна после тоа може да се види морисот.... :) :) :)
Значи дечкото што го има Мини Морисот незнае македонски, тој што ти се јавил го продава мини морисот затоа што со турчинот неможеш да се разбереш. И нема што да се јавувам се знам со дечкото :smir:
 
не зезај кој амбасадор од турција работи во комуна ? Се имам јавено за морисов, јави се и ти ако сакаш, дечково ми вика до 6 работам во комуна после тоа може да се види морисот.... :) :) :)

хаххахаа....

можда момакот на кој му е оставен да го продава морисов работи во комуна... а можда и амбасадорот на турција има ваков ист или многу сличен... се е можно...

инаку морисов е топ... и јас би возел еден, штета што сум “само“ 2 метра висок и едвај влагам во него а не да го возам... имав едно другарче што има морис и тоа неколку мориси протера... пробав да го возам... нееее бе, нема шанси...

напомена... морисите имаат обратна струја... тоа значи дека плусот од акумулаторот им е врзан на шасија а минусот се носи со жици, контра од другите коли. е сега има некои што ја преправиле таа работа и го направиле да работи нормално... ова го кажав чисто онака како инфо за некој што ќе чепка да си знае...
 
И на Морисот, како и на сите британски возила, шрафовите им се во цоли, така да се што имаш од алат не ти врши работа :)
 
Комшијата кај мене од многу одамна во дворот има оставено еден Јагуар XJ6, 1968 год мислам дека, не знам дали има мотор. За годината не сум сигурен дали е точно таа но тука некаде беше.
Штета што не ја реставритра, многу убава кола е. Ако некој е заинтересиран можамда го прашам дали ја продава.

http://jaguarxj6.net/wp-content/uploads/2009/05/xj6_3.jpg
Ваков е само англиска зелена боја има.
 
Дипломатска криза :D

--- надополнето ---

Инаку за Јагуаров...ај стави слики ако не ти е тешко и прашај за цена...Ама што мотор би му се ставило на ова...Инаку е одлична класика.
 
И на Морисот, како и на сите британски возила, шрафовите им се во цоли, така да се што имаш од алат не ти врши работа :)

Чурук кола ти е тоа да ме гледаше некој од страна прв пат кога растурав мини морис ке ми се загазеше од смеење што муки видов со тие штрафови колку клучеви и штрафови пролакав господ знае.
 
И на Морисот, како и на сите британски возила, шрафовите им се во цоли, така да се што имаш од алат не ти врши работа :)
не секирај се и за то имат чаре... или клешти, Knipex или пак шлајферицата и готово решен проблем... е после стај шо сакаш штрафој хахахахха
 
не секирај се и за то имат чаре... или клешти, Knipex или пак шлајферицата и готово решен проблем... е после стај шо сакаш штрафој хахахахха

А не е полесно да се купи еден комплет цоловни клучеви поисплатливо е. А и не е само главата на штрафот цоловна и навојот е :pos2:
 
Dial VOLKSWAGEN for information :D :))

Веќе кога зборуваме за Мини Мориси, турскиот не е единствениот добар во Македонија...

22080_282151627149_524172149_4536682_4953554_n.jpg
20049_310891854068_226522049068_3497779_563870_n.jpg

image120wr7.jpg
Ohrid_75.JPG
Image092.jpg
 
Волкси, а да кажеше нешто повеќе за оној Спајдерот 124 од првата слика?
 
Па што да ти кажам. Го видов пред некој ден во Скопје - во центар. Милина на тркала. Убаво работи. Супер лимарија и механика.
fiat 124.jpgfiat 124-1.jpg
 
И со неоригинални жмигавци...
Ми текна, истиот го видов 2007 во Гевгелија...имаше таква тема тука...
 
Дап истиот е тој. Кога ти праќав и слики од косовскиот мислам.
 
B_O_K_I да не знаеш мини морисот што мотор има? оригиналниот или има нешто друго стаено ? на што работи и колку троши ?
3000 не е многу за таа кола ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom