Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Баш ова.Проблемот со поделбите и причината која имаше доза на политиканство во целиот синоќешен настан не се должи на партиски инструкции, туку како резултат на мерките кои актуелните власти ги имаа изминатиот период кон клубот.
Сетете се веднаш по ЛШ 2017 во каков поход се тргна кон уништување на овој Вардар првенствено директно кон Самсоненко (признале или не, тој е еден од виновниците на издигнувањето на Вардар до ова ниво), а потоа индиректно кон клубот, играчите и навивачите (се сеќавам на статуси од минатата година како тоа било добро што Вардар не ја освоил ЛШ во Келн зошто кој ќе ги трпел ***(низа погрдни зборови)). Потоа следуваше онаа хајка по социјалните медиуми со напади кон нив (раководството и дел од играчите - директно Столе) од организирана страна на раководството и симпатизерите на моменталните власти, па сетете се кога Комити зедоа учество на протестите против промената на името кога им беа уфрлени провокатори за дел од нив да јадат добар ќотек од полицијата и да бидат гонети со кривични (дел уште се по судови), сетете се на Саздо како успешно оваа власт застана за бегството на еден од сторителите, сетете се на хајката кон Стоилов од дел од функционерите, симпатизерите на оваа власт, како и нивната ПР машинерија под нивна контрола...
Дали ќе се согласите или не, моменталните власти направија серија активности кои вродија со гнев кон нив во сите оние кои се поврзани со Вардар и кај оние што сеуште останал сенсот за македонизмот (не зборувам за шовинизам туку кај оние кои што си ја сакаат својата нација, а ги почитуваат и другите) затоа што Вардар е изворот на македонизмот и тоа не од сега, од години наназад е. Сега македонизмот актуелните власти, нивите симпатизери, нивната ПР машинерија го врзуваат со политика, со фашизам, со шовинизам...Не е точно тоа. Македонизмот претставува почитување на македонската нација со сета нејзина вредност од култура, јазик, традиција, историја без никакви негативни погледи кон другите нации.
И на крај лицемерието е огромно кај оние кои до вчера ги вршеа активностите наведени во горниот дел контра Вардар да изразуваат степен на гордеење со Вардар рамо до рамо со сите реално поврзани со клубот. И каков одговор очекуваа од сите реално поврзани со Вардар? Да им скандираат ним и да ги величат само затоа што со НАРОДНИ пари (не од нивни џеб) организираа скромен дочек на дечките кои ја направија цела нација горда.Па Вардар е македонски бренд, кој доаѓа од Скопје и тоа е најмала обврска на градот да направат. Самиот факт што не се дрзна ни премиер, ни претседател, ни функционери од тој блок да се појават меѓу народот и заедно да го слават успехот доволно говори дека и самите знаат дека се непосакувани таму. Да не превземеа репресивни мерки кон клубот и сите негативни активности поврзани кон се што е поврзано со Вардар сиот изминат период од кога се на власт сигурен сум дека вчера ќе гледаваме по социјални медиуми селфиња со играчи, меѓу навивачите како заедно се радуваат на најоглемиот успех на нацијата.
Не е политиката во прашање, туку до обидите да се задуши овој Вардар во целиот изминат период.
Е во што се претвори де? Како да е скроз нормална и секојдневна ситуацијата во државава, па ај сега ќе се чудиме што е и како е со некои од реакциите на луѓево. А и не само кај нас, туку и секаде преку спортски настани и навивачи се изкажува незадоволство или критика кон нешто. Ќе разберев да беше подруга ситуацијата или да беа некои апла дневнополитички препукувања, ама вака...U sho se pretvori temava...
Плус 500.000 од ЕХФ. А, да... и Неуромедика рече ќе им дала 15.000 евра.Не знам дали е точно, ама ако е, не е лошо, фино наградени, иако и дупло заслужија дечките.
500 000 евра од Владата, 100 000 од АМС и 100 000 од град Скопје.
https://fokus.mk/zaev-gi-primi-vardartsi-i-im-veti-600-000-evra-sakame-vardar-da-opstane-i-ke-prezememe-merki-za-stabilnost-na-klubotНе знам дали е точно, ама ако е, не е лошо, фино наградени, иако и дупло заслужија дечките.
500 000 евра од Владата, 100 000 од АМС и 100 000 од град Скопје.
uzas, na sto lici ova.. banana drzava.. a ambulantski vozila koga???
Тресна глупост и остана живаA znaete li kolku ambulantski vozila mozea da kupat sds so parite sto gi davaat za vardar? Pa so topki li ke se lecat ili so ambulantski vozila koga nedajboze ke im se sluci nesto????ama toa e, severgjani, sekogas na pogresni raboti davaat pari![]()