Фан клуб - РК Вардар

Скубе одигра одличен натпревар и беше убедливо најзаслужен за победата денес. На моменти ја игравме нашата препознатлива одбрана, агресивно со пресечени топки и тоа е моментот кој ни фали. Голманите стварно се тапа, ама мора да се спомнат и оние две врзани одбрани во последните пет минути на Гедбан кои имаа големо влијание на победата ( тоа секако не го менува целокупниот впечаток). Кугис исто многу лошо ( се гледа дека немаат знаење потребно за бранење во ЛШ) и потребното искуство да се носи дресот на актуелниот европски првак. Бодовите денеска се најголемата придобивка и можеме да бидеме среќни што со победа се враќаме од Франција. Пресуди искуството во клучните минути, едноставно се поклопија коцките. Голот на Чупиќ од бек :D. Аирлија нека ни е стартнава победа и нека се множат!
 
Сташ Скубе играч на натпреварот ! Ги искина дечкото 7-8 гола и доста асистенции. Миа Калифа Гебдан со малце одбрани али фати 2 клучни топки за решавачкиот пресврт. Изненадување на мечот е Калараш во напад. Добро се движеше,и отвараше простор, дури и 2 гола даде, ниеднаш не го погоди семафорот на трибини :D Атман солиден, очекував од Дисинџер повеќе на почеток. Новите пикери доста слабо ќе треба многу да се работи со нив. Али имам надеж и верба дека може да се изделкаат. Горбок нека го стават помошник на Писонеро, да не си ризикува само нови повреди мислам дека нема веќе што да понуди.
 
Тешко нас годинава со вакви голмани. Во 53 минута веќе имавме 29 гола примени и тоа со Монпеље. Што ли не чека со посериозни екипи ко Барса, Кјелце, Веспрем...
коа на тоа ќе се додаде швајцарски сир одбрана..страв ми е да помислам..утакмицава ја изиграа индивидуалци..
 
Виде Писонеро дека не иде со Пелко и Горпишин во напад, па го остави Калараш.
 
Последно уредено:
Важна победа и важни бодови.Со тек на време се повеќе ќе се воигруваат новите начини и ќе трупаат искуство.Писонеро си е на место според мене.Со голманите има уште многу да се работи ама маесто Периќ ќе измисли нешто.
 
следна недела МОРА ПОЛНА САЛА со Порто,МОРА да им се даде поддршка на ѕверовие.
Гледајќи од минатото, искрено не верувам дека ќе биде полна сала за Порто, дај Боже да грешам, и јас посакувам на секој меч да нема празни места во салата, но мислам дека скоро така да се изразам ќе биде исполнето против Кил, Веспрем и Келце, а против Порто, Монпеље, Мешков Брест, Мотор Запорожје така така o_O
 
Кога ќе се земе предвид титулата, дека овој натпревар одеше на МРТ, ќе има малку возбуда околу Вардар, може да биде исполнета доста сaлата. Тука и медиуми треба да помогнат малку.
 
Последно уредено:
Гледајќи од минатото, искрено не верувам дека ќе биде полна сала за Порто, дај Боже да грешам, и јас посакувам на секој меч да нема празни места во салата, но мислам дека скоро така да се изразам ќе биде исполнето против Кил, Веспрем и Келце, а против Порто, Монпеље, Мешков Брест, Мотор Запорожје така така o_O
јас мислам дека ќе биде,оваа сезона е све поразлично во однос на лани,преклани...
ако е репер колку луѓе имаше на сеха лига со кинезите,ќе не биде годинава...
 
Најголем мерак ми се направи на победава исто како лани прежалени беа уште пред да почне натпреварот, но момците изиграа дрско Вардарски Миа Калифа 3 одбрани имаше ама најклучни каква легенда е братот.
Инаку загрижува повредата на Шишкарев, сестро @Ilumious шо мислиш сериозна ли е?
 
Голема победа и важни бодови, со оглед на тоа што е гостински терен, иако играта не ветува баш. Да се надеваме дека ќе фатат полека залет и ќе се консолидираат, добро е што екипата има карактер кој ќе носи вакви победи, ама скептик сум за Писонеро уште од ден број еден, се надевам грешам :D
 
шишкарев,дефанзивно многу слабо изигра
Пресече 2-3 и изнуди пробивање. Исто 3-4 контри реализирани. Шиш солиден.

Уште се чудам како победија. Вероватно менталитетот и искуството пресудија. Голманите очајни, освен тие 2 одбрани на крајот. Кристо слабо.

Глеб изненади во напад 4/5 мислам. А и доста отвараше за другите.

Диско лост ин спејс

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom