Најверојатно некоја комбинација од среќа, квалитет и карактер ни ја донесоа победата, зошто се на се, не игравме добро.
Инаку, според мене.
- Скубе - супер - индивидуални продори со кои го реши натпреварот кога највеќе требаше.
- Атман - солиден. Го пробуваше Писонеро на лев бек, така-така се снајде, ама реши некои акции кога се немаше идеа во прво полувреме. Второ ко се поизгуби.
- Калараш - добар/супер. И во напад изигра солидно. Промаши еден зицер, ја мислев дека ќе биде катастрофа во напад, али коректно си одигра човекот, борен, си реализираше, браво.
- Кристопанс - чуван цел натпревар, некоја добра асистенција, горе-доле целосно беше затворен/тепан човекот. Луѓе забораваат, али он лани повеќе од пола сезона не беше баш на ниво, го пцуевме тука. После се запали. Може му треба време, се надевам пак ќе ја најде таа форма.
- Дибиров - некои промашени тешки ситуации, еден пенал утна, изигра колку што можеше, горе-доле - добар.
- Чупиќ - солиден, со гол од скоро 9 метри не изненади сите. Си реализираше пенали, може, можеше да биде поподвижен во одбрана, али тоа е.
- Дисингер - изгубен во време и простор.
- Горбок - влезе само на 1 мин и тоа ради тоа што немаше буквално кој да игра на позиција десен бек, зошто Кристопанс беше исклучен. Изгледа само во некоја ептен епизодна улога ќе го гледаме него.
- Шишкарев - ОК. За мене он секогаш бил многу неконстантен играч. Физички јак, али спор. Имаше некоја украдена топка, контра, некад добар во одбрана, некогаш лош. Промаши еден зицер, али после одма даде 2. Он знае да пресече топка, али спор е некад и го праќаат лесно во погрешен правец брзи играчи, тешко ги чува.
- Гедбан и Кугис - нема што да се каже, заедно дали имаа 6-7 одбрани. Гедбан 2 клучни, една легитимна, другата повеќе во него. Се надевам дека ќе се подобрат.
- Пелко - малку изигра, како да имаше проблеми да се позиционира кај што треба. Делуваше во една акција како да го изиритира Скубе, зошто не знаеше кај да се постави.
- Горпишин - му испаднаа 2-3 топки од рака, делуваше преимпресиониран.
Јас уште попусто се надевам дека ќе донесеме уште некој играч. Инаку, ќе испадне дека пак ќе тераме сезона со ист број на играчи како лани. Премалку. Не смееме да останеме во иста ситуација ко лани, со Дисингер на лев бек, и да форсираме централен бек да игра како лев. И тоа двајцата стакло играчи, кои само се прашуваш кога ќе се повредат.