Исус, Мухамед, Буда, Конфучие... кој?

науката Гижо, сеуште не докажала кој го создал човекот...
Има само теории...недокажани, сеуште
 
Naukata nikogash nema da moze da dokaze koj go stvoril covekot, bidejki dodrzala! deka nikoj ne go stvoril. :)
 
ЈАС НЕ ВЕРУВАМ ВО НИКОЈ И НИШТО...ОСВЕН ВО САМАТА СЕБЕ!!!

(:
 
е докажано само не целосно зашто фалат неколку алки од еволуцијата
 
како е тоа докажано, ама не целосно...
Ако е нешто докажано, тогаш е докажано и точка...нема повеќе дискутирања.
Но и самиот си кажа дека неколку алки недостасуваат (во Дарвиновата теорија мислеше), и со самото тоа сепак е само теорија...
 
епа добро сега, важно докази постојат, некој ден ке бидат целосни, па ке видиме дали има стварно господ или не
 
Toreador напиша:
Сакав да речам, дека сликата МОна Лиза не се нацртала самата себе. Што сакам да кажам дека едноставно човекот не можел да се создаде по некоја си таму "случајност".

А јас си знам во што си верувам и со тоа сум горд а твоите стереотпни мислњеа на плукање на секоја религија, тоа ти сам треба да си го провериш.

Добро како заклучи ти дека јас плукам по религијата. Ете цитирај некој мој пост каде што плукам по религијата. Ти очигледно не ги читаш во целост моите постови, не ги разбираш или не сакаш да ги разбереш.

Јас верувам во научните теории кои укажуваат на тоа дека човекот настанал по еволутивен пат. Моето верување е основано и е поткрепено со низа научни испитувања. А твоето мислење дека човекот е создаден од бога е во потполност неиздржано. Како прво господ создал еден маж и една жена, значи адам и ева. А што потоа како тие се размножувале за да се создаде цела човекова нација. Дали адам и ева имале ќерки? И дали не би требало да го прекршат тоа што е од бога забрането за да се размножуваат, да направат инцест?

Еволуцијата на човекот е неоспорна, дали таа била само теорија или не. Значи докази во корист на Дарвиновата теорија може да се извлечат и од секојдневието. Пример се бактериите и вирусите кои предизвикуваат некои болести, тие како наједноставни биолошки форми подлежат на побрза еволуција. Затоа секојдневно мора да се менуваат вакцините и лековите за одредени болести. Има огромен број на примери кои ја докажуваат еволуцијата. Значи ако не постои еволуцијата Господ би требало секојдневно да создава по некоја животна форма. Затоа што секојдневно науката се среќава со нови животни форми.
 
штета што не те сретнал Дарвин па да му помогнеш...
А ако се докажуваше така лесно еволуцијата, досега сите ќе ја прифатеа здраво за готово...Арно ама не е така...Има многу напредни земји каде што се изучуваат повеќе теории за настанокот на човекот...
Јас не можам да разберам како може да се сфати дека биле само Адам и Ева, кога понатаму во Библијата се спомнуваат и други луѓе...Затоа прво прочитајте па потоа кафански коментари...
 
Lavot напиша:
штета што не те сретнал Дарвин па да му помогнеш...
А ако се докажуваше така лесно еволуцијата, досега сите ќе ја прифатеа здраво за готово...Арно ама не е така...Има многу напредни земји каде што се изучуваат повеќе теории за настанокот на човекот...
Јас не можам да разберам како може да се сфати дека биле само Адам и Ева, кога понатаму во Библијата се спомнуваат и други луѓе...Затоа прво прочитајте па потоа кафански коментари...

А од каде произлегуваат тие луѓе? И нив ги создал господ?
 
па според Библијата - ДА
Види јас овде не сакам да убедувам никој, дали да биди религиозен или не, скраја да е...Само сакам да ви укажам дека не е се така просто и едноставно...Дека има работи пред кои и едните и другите треба да се подзамислат...И се е прашање на верување...
ИЗБОРОТ е твој...
 
верувам дека сум тука да научам да бидам човек, да дадам смисла на овој живот, се раководам според мои правила не верувам во канонско учење прифакам некои работи од христијанството ама тоа се работи од општа култура не кради не лажи и сл. а не сум многу по светците и сл филозофии
 
За господ или за било кое такво ништо не знам,не викам дека нема господ ниту дека има бидејќи не знам, тоа најверојатно ме прави атеист, но и тоа не знам бидејќи не можеш да (не)веруваш во нешто за кое не знаеш дали постои.За овие набројаниве Исус итн. по нешто сум читал за сите и мислам дека тоа биле обични луѓе као нас само со големо влијание да кажам, а денес нивните дела се малку претерано опишани во смисла многу работи се измислени,меѓутоа за нијанса барем според мене се истакнува Буда(Сидарта) со неговото учење нели просветлувањето и достигнување Нирвана или така нешто беше...
Иначе религијата денес е претворена во перачница за пари посебно кај (христијаните)католици, без разлика каква и да била религијата пред многу години и која и била целта, денес е тешка манипулација со луѓе и пари.
 
ристо

понекоаш го поштуем... коа вервам дека се напрајл курбан самио демек да ги спасит лујџево (а бе ко не му кажа некој дека стока ко шо сме не сме вредни да не спасвит...)

муамет

јок - има неколку убаи идеи, ама само тро сет, не ми се бендисвет сите муабети негој... појчето се апла ебење во мозок...

Бу - да - ЛА!

ајде бе, дека секое стадо и бели и црни оФци имат , и бели со црни точки и црни со бели точки треба да го ОБОЖУВАМ моќи да ти кажи секој оФчар во Македонија

Којн Фучи Еее

Еее не го познаам убо, можит ќе го запозна поубо некоаш...
-------------------------------------------------------------------------




Ама да бидам искрен, и јас често се прашувам дали сме мајмуни или а/ме/еби

примитивни сме во секој случај...

и ако некоаш подзаборам, треба само некој вести да глеам или некој форум да отворам...

ах да...

да имаше Бог, таков како шо пробва религијата да го „продај„, немаше Буш било кога да стани претседател...
 
Ај здраво живо на сите, ова ми е прва порака што ја праќам на форумов, ми се допадна темава и сакам и ја да промрчам нешо:)
Иначе мислам дека е убаво да веруваш во нешто, било да е тоа Господ, предмет или фикусот у дневна.....али поентата ми е дека без верба човекот ќе биде за нигде и никогаш нема да го достигнел нивото на кое се наоѓа денес!
Иначе во Господ верувам, али во попови не верувам...
Поздрав до сите..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom