- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.415
- Поени од реакции
- 7.100
Џеј Ар е одличен играч, тоа го докажува сезоната. Можеби во минатото имаше проблеми со дисциплина, неконстантност ама сезонава е...А по тоа што го гледам многу го ценат и во дефанзива. Џеферсон во овој случај би бил играчот кој би требало да ја носи франшизата на грб, ама он не е таков играч, мислам дека е далеку од тоа. Не го сакам него во Фили.
Во дефанзива е потпросечен. А неговиот придонес во напад годинава е и тоа како преувеличен. Не велам дека не е подобар од порано, ама фактот дека игра во Њујорк значително го прави популарен и поизвикан отколку што навистина е. Секогаш е тоа така со играчите на тимовите од Њујорк и Лос Анџелес и јавноста заради целата таа медиумска покриеност добива многу погрешен впечаток. Наградата за 6ти играч ја доби пред се затоа што сезонава беше многу ослабена конкуренцијата за таа награда, како и фактот дека Њујорк имаше добар тимски резултат. Голем дел од најдобрите 6ти играчи од минатите сезони или беа повредени премногу долго или станаа стартери.
http://www.basketball-reference.com/players/s/smithjr01.html
Како што можеш да видиш главната разлика од минатите сезони до оваа е во минутажата. А инаку ниту беше поефикасен од порано, ниту пак направи напредок во било која категорија. Единственото подобрување е што ги задржа перформансите со поголема минутажа и улога во тимот.
Еве една интересна споредба со Nick Young
http://www.basketball-reference.com...m=0&p1=smithjr01&y1=2013&p2=youngni01&y2=2013
Smith е нешто подобар сезонава како скокач, додавач и во одбрана но ништо посебно. Upgrade-от од Young до Smith e мал. А гледаш колку "многу" направи Young.