- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.432
- Поени од реакции
- 7.187
Џеј Ар е одличен играч, тоа го докажува сезоната. Можеби во минатото имаше проблеми со дисциплина, неконстантност ама сезонава е...А по тоа што го гледам многу го ценат и во дефанзива. Џеферсон во овој случај би бил играчот кој би требало да ја носи франшизата на грб, ама он не е таков играч, мислам дека е далеку од тоа. Не го сакам него во Фили.
Во дефанзива е потпросечен. А неговиот придонес во напад годинава е и тоа како преувеличен. Не велам дека не е подобар од порано, ама фактот дека игра во Њујорк значително го прави популарен и поизвикан отколку што навистина е. Секогаш е тоа така со играчите на тимовите од Њујорк и Лос Анџелес и јавноста заради целата таа медиумска покриеност добива многу погрешен впечаток. Наградата за 6ти играч ја доби пред се затоа што сезонава беше многу ослабена конкуренцијата за таа награда, како и фактот дека Њујорк имаше добар тимски резултат. Голем дел од најдобрите 6ти играчи од минатите сезони или беа повредени премногу долго или станаа стартери.
http://www.basketball-reference.com/players/s/smithjr01.html
Како што можеш да видиш главната разлика од минатите сезони до оваа е во минутажата. А инаку ниту беше поефикасен од порано, ниту пак направи напредок во било која категорија. Единственото подобрување е што ги задржа перформансите со поголема минутажа и улога во тимот.
Еве една интересна споредба со Nick Young
http://www.basketball-reference.com...m=0&p1=smithjr01&y1=2013&p2=youngni01&y2=2013
Smith е нешто подобар сезонава како скокач, додавач и во одбрана но ништо посебно. Upgrade-от од Young до Smith e мал. А гледаш колку "многу" направи Young.
. Иако не сум го гледал премногу често сезонава признавам, мојот аргумент е тоа што мислам дека ова му е прва сезона кај што игра и воедно се грижи за тимот, затоа и самиот е поагилен, позаинтересиран и да не го гледам тврдам дека сезонава игра подобра одбрана и е далеку од само еден подпросечен одбранбен играч. Самиот тој има перфектни карактеристика што му дозволуваат да биде добар одбранбен: брз, јак, може да чува 2 позиции, само треба да биде позаинтересиран а сезонава е токму тоа.
. Не викам дека така ке биде и во иднина, да му се погоди тренерот и да не го фатат повреди пак, мислам дека Јанг може да ни биде од голема корист. Истиот случај е и со Смит, треба да биде позаинтересиран, да ја сфати сериозно работата. Си го приметил сигурно како си се смешка на интервјуа, не за џабе Колинс пред месец два го оставаше на клупа неколку натпревари, воопшто не влегуваше во игра.