Фан Клуб: Philadelphia 76ers

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
Џеј Ар е одличен играч, тоа го докажува сезоната. Можеби во минатото имаше проблеми со дисциплина, неконстантност ама сезонава е...А по тоа што го гледам многу го ценат и во дефанзива. Џеферсон во овој случај би бил играчот кој би требало да ја носи франшизата на грб, ама он не е таков играч, мислам дека е далеку од тоа. Не го сакам него во Фили.

Во дефанзива е потпросечен. А неговиот придонес во напад годинава е и тоа како преувеличен. Не велам дека не е подобар од порано, ама фактот дека игра во Њујорк значително го прави популарен и поизвикан отколку што навистина е. Секогаш е тоа така со играчите на тимовите од Њујорк и Лос Анџелес и јавноста заради целата таа медиумска покриеност добива многу погрешен впечаток. Наградата за 6ти играч ја доби пред се затоа што сезонава беше многу ослабена конкуренцијата за таа награда, како и фактот дека Њујорк имаше добар тимски резултат. Голем дел од најдобрите 6ти играчи од минатите сезони или беа повредени премногу долго или станаа стартери.

http://www.basketball-reference.com/players/s/smithjr01.html

Како што можеш да видиш главната разлика од минатите сезони до оваа е во минутажата. А инаку ниту беше поефикасен од порано, ниту пак направи напредок во било која категорија. Единственото подобрување е што ги задржа перформансите со поголема минутажа и улога во тимот.

Еве една интересна споредба со Nick Young
http://www.basketball-reference.com...m=0&p1=smithjr01&y1=2013&p2=youngni01&y2=2013

Smith е нешто подобар сезонава како скокач, додавач и во одбрана но ништо посебно. Upgrade-от од Young до Smith e мал. А гледаш колку "многу" направи Young.
 
Можеш и самиот да ги прелисташ американските медиуми да видиш дека сегде е фалена овогодинешната одбрана на Смит, да не испадне дека вадам од ракав :D. Иако не сум го гледал премногу често сезонава признавам, мојот аргумент е тоа што мислам дека ова му е прва сезона кај што игра и воедно се грижи за тимот, затоа и самиот е поагилен, позаинтересиран и да не го гледам тврдам дека сезонава игра подобра одбрана и е далеку од само еден подпросечен одбранбен играч. Самиот тој има перфектни карактеристика што му дозволуваат да биде добар одбранбен: брз, јак, може да чува 2 позиции, само треба да биде позаинтересиран а сезонава е токму тоа.

А за Јанг, имав пишано мислам во темава за него. За мене тој човек е перфектен пример за 6ти играч и знам дека може да биде најдобриот 6ти играч во лигата. Ама, не ги исполнува очекувањата, тоа е тоа. Во моментов има голем апгрејд од Јанг до Смит, верувај :). Не викам дека така ке биде и во иднина, да му се погоди тренерот и да не го фатат повреди пак, мислам дека Јанг може да ни биде од голема корист. Истиот случај е и со Смит, треба да биде позаинтересиран, да ја сфати сериозно работата. Си го приметил сигурно како си се смешка на интервјуа, не за џабе Колинс пред месец два го оставаше на клупа неколку натпревари, воопшто не влегуваше во игра.
 
Проблемите со несериозно сфаќање на играта и неамбициозност според мене не се мали проблеми. Најчесто во текот на целата кариера на еден играч тие не се променуваат. Јас искрено не можам да поднесам такви играчи.

А за медиумите кои ја фалат одбраната на Smith, кажав и погоре. Едноставно и еден најмал добар потег да направи играч на Knicks тој ќе биде десеткратно преувеличен во популарните медиуми. Иако можеби ќе ти звучи чудно, но регуларните известувачи (не експерите) во САД, од изминатите неколку години што читам доста врзано со NBA можам да ти кажам дека не се ништо поарни од нашите мизерни новинари.

Пак ќе кажам, напредок во одбрана кај Smith има од порано. Но премин од катастрофа во подпросечен не е нешто којзнае што нели? Како и да гледаш на работите добар одбранбен играч не е. А дека има напредок тоа не е спорно.
 
Проблемите со несериозно сфаќање на играта и неамбициозност според мене не се мали проблеми. Најчесто во текот на целата кариера на еден играч тие не се променуваат. Јас искрено не можам да поднесам такви играчи.

Арно ама ете, сезонава Смит се смени...Јас искрено се надевам дека и на Јанг ке му дојде памет па од следна сезона да му биде конкуренција на Смит за награда што ја доби оваа година, уверен сум дека ги има квалитетите.
 
Smith привремено се поправи. Нема никакви гаранции дека идната сезона, особено ако е во друг тим нема да се врати на старите навики. Ако е долгорочно променет, ќе биде ок играч од него, ама јас искрено не верувам.
 
Одлични вести денеска:

Филаделфија има нов GM - Sam Hinkie, досегашниот асистент GM во Хјустон. Релативно млад дечко со одлична репутација и модерен пристап со голем акцент на користење на напредна аналитика во носењето одлуки. Веројатно можеме да очекуваме многу многу поинаков пристап на водење на Филаделфија во иднина. Ова е и тоа како одлична вест, барем на прв поглед.

Ќе пробам да ви дадам и некој линк наскоро, со повеќе детали, но засега еве ви го ова:

http://www.libertyballers.com/2013/5/10/4319752/sixers-hire-sam-hinkie-formerly-of-the-rockets-as-gm
 
Не верувам многу многу на аналитики, математики и слично, сепак е ова спорт и крајот се се сведува на тоа кој ке ја земе одговорноста и ке го погоди последниот шут.
Не го знаев дечково, ама еве читам дека прилично фален за неговата способност за проценка на играчите, па добредојде за него, се надевам дека ке направи контендер од овој тим :) .
 
Јас и тоа како многу верувам на ваква аналитика, резултатите веќе се гледаат во плејофот Сан Антонио, Оклахома, Мемфис се меѓу лидерите во користењето на аналитика во НБА, а и Голден Стејт, Мајами и Индијана се се екипи со солидна аналитичка позадина (во разлечна мера се разбира), а се во топ 8 сезонава.

Реалноста е дека аналитиката веќе неколку сезони наназад зема огромен залет во НБА и полека дури и го променува начинот на кој се гледа врз самиот спорт. Добро е што Филаделфија ќе има шанси да биде меѓу најмодерно управуваните тимови. Од тоа ми се чини само добро може да излези. Според мене ова е најдобра вест сезонава, од трејдот за Бајнам наваму.
 
Огромни дебили испаднаа Фили, ако не нешто друго, барем знаат да се коцкат. Ол стар плеј за слаб ( тежина) центар кој игра со една нога моментално. Барем го зедоа МКВ, кој би имал шанса да игра солидни минути и би можел да се развие како добар плеј. А за топ5 заштитениот пик од Пеликанс, тешка работа.
 
Топ 3 заштитен пик не топ 5. Како и да е, дека е огромна коцка нема збор. Ама дека му требаше нешто вакво на Филаделфија и тоа е точно. Го добија најдобро рангираниот оваа година и легитимна шанса за најдобро рангираниот идната година (да се разбереме без Холидеј ќе бидат катастрофа). Плус уште еден висок пик (од Њу Орлеанс). Битна е насоката на развој на тимот во целата ситуација. Планот да се биде слаб идната сезона е составен дел од причината за трејдот.
 
А зошто мислиш дека Ноел падна толку? Само заради повредата? И Дејвис беше повреден па пак немаше ни малку сомнеж кој ке иде прв...Значи сепак има нешто. Има многу сомнежи за него, настрана повредата(а сите знаеме колку е таа сериозна). Дечкото е коски и кожа, у НБА такви центри не успеваат, мора да набаци мускул. А тоа е процес, значи неможе одма уште летово 20 кила да стави, што значи дека е work in progress. Друго е што никој незнае дали ке си остане само дефанзивен играч и ке си остане на 10 поени по натпревар или ка научи нешто и на другата страна на паркетот. Трето е што мислам дека ке биде проблематичен играч. Одма после трејдот, разочаран дека беше избра 6ти, кажал "Oh yeah, I'm going to make them pay," Noel confided to USA TODAY Sports.

Иако понекад бесот е позитивна работа, ако знаеш каде и како да го насочиш, сепак на 19 години да кажеш дека ''ке платат'' и индиректно да се закануваш зошто не те одбрале прв пик, едноставно недозволиво е.

За драфтот другата година и општо за трејдов ке кажам само дека е голема глупост тимот да се крсти у деца што во моментов уште не ни почнале да играат колеџ кошарка а камоли професионален баскет. Не треба ни да се збори дека тие деца и да бидат вундеркидс што се вика, треба мноооогу да се развиваат за да успеат во НБА, а некам ни да помислам искрено што би се случило некој од тие високи драфт пикови што би ги имале наредна година да се претвори во еден Оден или Миличич или некој трет, какви што ги има многу низ историјата.
 
Скоро сите тимови кои освоиле титула во НБА на еден или друг начин тргнале од високи пикови на драфтот (затоа што само таму можеш да драфтуваш ѕвезда). Исклучок е единствено Детроит. Има еден куп студии за тоа дека таа стратегија е поуспешна. Јас не се замарам со тоа колку е успешна или не, знам само дека Филаделфија немаше каде да оди и дека немаше теоретски шанси за титула во следните 5-6 години. Сега има. А да се разбереме Филаделфија не е Лос Анџелес. Њујорк или Мајами за да убеди некои веќе постоечки развиени ѕвезди да играат за нив туку така. Мора прво да набават една ѕвезда од драфтот. Под ѕвезда се подразбира топ15-20 играч во лигата. Холидеј не е, ниту ќе биде некогаш толку добар. И мене ми е жал што ќе си оди ама трејдот има смисла.

Да во драфтот се разбира дека постои гоолем ризик. Но постои и голема награда.

Не можеш да ги споредуваш Ноел и Дејвис. Дејвис се знаеше уште од претходно дека има потенцијал да биде суперѕвезда. Ноел максимум може да биде нешто како Маркус Кемби или Тајсон Чендлер. Но тоа не значи дека не бил рангиран како прв со причина (Мене ми беше втор јас повеќе го сакав Лен). Оваа сезона драфтот беше слаб. Тука е таа слабост - немаше играчи од рангот на Дејвис.

А инаку, да Ноел не е сигурен пик. Ама никој не е сигурен за време на драфтот. Без разлика што Леброн се знаеше дека е огромен талент, никој не знаеше дека ќе биде толку добар. Она што е јасно е дека Ноел има потенцијал да биде еден од најдобрите дефанзивци во лигата. Ако го направи тоа со оглед на позицијата на која игра, Ноел ќе биде и подобар од Холидеј.

А за изјавата ич а не се секираш, таа е во најпозитивна смисла. Ноел е добар и трудољубив дечко нема никакви проблеми со неговиот карактер. Најголем негов проблем е снагата и тежината. Се разбира покрај повредата, ама ова сепак е повреда која може да се санира, не е дегенеративна како онаа на Бајнам.
--- надополнето: 28 јуни 2013 во 18:56 ---
http://www.libertyballers.com/2013/...ion-of-a-plan-76ers-nerlens-noel-jrue-holiday

Еве една добра анализа за целата ситуација.

И еве запознавање со новите руки-а:

Нерленс Ноел
http://www.draftexpress.com/profile/Nerlens-Noel-6455/
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=7E3ZFRmXo08

Мајкл Картер Вилијамс
http://www.draftexpress.com/profile/Michael-Carter-Williams-6262/
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=plP3GlYKFQU
 
Ноел има повреда на предните вкрстени лигаменти, една од најлошите, а веројатно и најлошата повреда за било кој спортист. И самиот го знаеш дека после таа повреда многумина спортисти се пензионираат, а 99 посто од нив не се истите што биле пред повредата. Не е ова само една обична повреда.
 
Така беше пред 20тина години. Сега, ако не се оштетени други делови од коленото, рехабилитацијата е целосна, и особено за млади играчи, реално е да се очекува целосно закрепнување. Ако се излечи, излечена е. Тешка е повредата пред се заради многу долгото отсуство од терените (9-12 месеци) не заради неизлечивоста. Роуз, Рондо, Рубио, Шамперт, Галинари... Сите овие а и некои други ја имаа истата повреда. Како што можеше да видиш на Рубио и Шамперт им требаше некој месец да се вратат во форма но на крај се вратија исти какви што беа и претходно ако не и подобри. Истото е многу веројатно да се случи и со другите. А Ноел е и помлад од сите овие (колку помлад толку подобро).

Не сакам да кажам дека сигурно ќе биде се ок. Ништо не се знае. Ама не е до толку страшна ситуацијата.

Повредата на Коби Брајант е таа која е многу пострашна и од која треба човек да се плаши сериозно.

П.С. Ракометарот Дејан Манасков ја има истата повреда. Мислиш дека нема да може да се врати во форма?
 
Јас мислам ова е уште еден промашен трејд, уште еден во низата тотално промашени од трејдот на Ајверсон до сега. Никаков сенс за менаџирање нема управата. Тоа што ти го зборуваш, за пиковите, истата филозофија се тера уште од тогаш. Но, по две-три сезони, на крајот е исто, главниот играч се трејдува. И да добиеме на следниот драфт квалитетни играчи и плус Ноел да се рехабилитира и постане солиден играч, повторно по некоја сезона ќе го трејдуваат. Таман ќе се склопи квалитетен тим, ќе се оформи скелет, и играчот кој ја носи играта е трејдуван за никакви играчи. Истата приказна од Ајверсон па се до денес.

За Ајверсон го добивме Милер, Џо Смит и пик од втората рунда. Добивме само беден пласман во плеј-оф. Значи за еден од најдобрите играчи во лигата тој период, добиваш двајца ветерани од кои Џо Смит е срамота воопшто да се спомне во таква размена.

За Андре Игудала добивме Бајнам и Џејсон Ричардсон. Ниту во плеј-оф не се пласирафме, што и не е толку поразително кога ќе се земе предвид дека добивме двајца тотално бескорисни играчи. Бајнам тешко дека ќе заигра повторно кошарка, а од Џејсон Ричардсон повеќе од 10 поени тешко дека можеме да очекуваме во иднина. Промашен трејд, барем со Игудала имавме добра одбрана.

За Вучевич и Харклис, не сум сигурен што добивме, мислам ништо. Не знам дали беа вклучени во трејдот за Игудала, ако беа срамота. Сега Вучевич има просек од 11 скока и 13 поени (дабл-дабл играч), а Харклис е супер млад играч кој има добар потенцијал, засега просекот му е 8 поени и 4 скока.

И на крајот Холидеј, повторно ризик, повторно лидерот во екипата, млад играч со висок потенцијал и тоа за пик, повреден од слаб драфт, плус уште еден пик, од силен драфт, но искрено мене не ми се верува дека ќе добиеме некои од првите 15 пикови. Бидејќи Њу Орлеанс со Холидеј имаат силен тим кој сигурно ќе се квалификува во завшницата, а ништо чудно да ја пројде првата рунда.

Јас мислам дека треба да го шитнат или преместат клубот. Најсериозно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom