NBA

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување

2007/2008 НБА шампион


  • Вкупно гласачи
    125
Koga se igra sledniot natprevar?
 
во saturday и че ја даваат на сител во 2:20 т.е. во раните утрински мугри :pos::pos::pos:
 
На Спарси им требаа само неколку минути за уште на почетокот на петтата средба целосно да ја оправдаат улогата на фаворит и да си го расчистат патот до големото финале. Со доминантна партија од самиот старт Сан Антонио покажа кој е кој во серијата со Јута и на крајот славеше со лесни 109-84 во средба која беше решена уште по првата четвртина. Со тоа тие со триумф од 4-1 се вратија на тронот на својата конференција и добија плус некој ден одмор пред големото финале во кое го чекаат победникот од дуелот меѓу Детроит и Кливленд, кои се на нерешени 2-2 по првите четири дуели. Оваа победа и го означи враќањето на Спарси во големото финале по четвртипат во последните осум години, односно од 1999 година кога ја освоија својата прва титула.

Тим Данкан и Тони Паркер на теренот поминаа доволно време колку да ги разбијат "џезерите", а на крајот повторно, со по 21 поен беа најефикасни во својот тим. Тие ја предводеа серијата на Спарси од 14-0 во финишот на првата четвртина и беа најзаслужни за предноста од цели плус 23 на домаќинот во втората четвртина.

"Нашата игра во првата четвртина беше феноменална. Не се сеќавам дека сме одиграле така во првите 12 минути до сега, посебно во шутот. И нападот и одбраната ни беа фантастични и навистина не можете да барате подобар старт од тој кој го имавме вечерва" - изјави Паркер, кој во клучната серија постигна девет поени и имаше "цепелин" додавање до Данкан кое ја дигна публиката на нозе.

Првата ѕвезда на Спарси, Данкан, во своите три настапи во големото финале освои исто толку финални МВП награди. Според тоа како ги одигра сериите со Денвер, Феникс и Јута, Тим доста лесно би можел да се најде на пат до својот четврти трофеј, и индивидуален и тимски.

"Чувството и искуството на патот до финалето се прекрасни. Минатата година не ја завршивме како што посакувавме, но оваа година се вративме. Тој наш кам-бек во комбинација со посветеноста на сите момци и елиминацијата на три многу, многу добри екипи се фантастичен успех" - изјави Данкан.

До крајот на средбата резервистите на двете екипи си ја добија најголемата минутажа во оваа серија, а на лицата на играчите на Јута евидентно беше разочарувањето, иако и самите се свесни дека имаа среќа што стигнаа толку далеку во својот плеј-оф кам-бек по паузата од 2003 година па наваму. Од крајот на сезоната некако најнезадоволен беше Дерон Вилијамс, кој настапи со повреда на скочниот зглоб.

"Некои момци одиграа како веќе да беа на годишен одмор. И тоа не само на оваа средба" - изјави младиот плејмејкер кој беше најдобриот играч на Јута во оваа серија.

Овој пат "џезерите" не ги спаси ни враќањето на Дерек Фишер на полувремето, кој долета директно од Њујорк каде неговата ќеркичка ја имаше својата втора хемотерапија на ракот на окото. Андреј Кириленко со 13 поени беше најефикасен кај гостите, кои едноставно немаа сила да му парираат на посилниот противник.



Извор:www.sport.com.mk
 
98-82 за Кливленд кој и официјално е во големото Нба финале каде што ке ги одмери силите со Сан Антонио кој ја совлада Јута и влезе со победа во серијата со 4-2:) исто како и Кливленд.....

Леброн Џејмс 20 поени 14 скока,Гибсон со 31-32 колку постигна не ми текнува...важно одлична партија на бекот на Кливленд кој беше најзаслужен за победата на Кливленд и одење во финалето...
Од кај Детроит Хемилтон со 29 поени беше најефикасен...но и покрај тоа неговиот Детроит не успеа да опстане во серијата со Кливленд....
Иако Детроит водеше со 2-0 во серијата од почеток и сите мислеа дека лесно ке помине со Кливленд...се исполни тоа што го кажав јас односно спротивното дека Детроит нема да оди натака ниту пак ке биде шампион....

Едит:Ставив анкета гласајте

Тема:Кој ке биде новиот шампион Сан Антонио или Кливленд

Според мене тоа ке биде Кливленд....
А според вас?:)
 
И според мене Кливленд! Навистина многу добро играат ........ ЛеБрон:zver:
 
Anonymus1 напиша:
Јас сум тоа да биде тим од истокот и типувам на Мајами

другар за малку утна. :D
Исто како и оние кои што типуваа за Далас. Ланските финалисти исфрлени уште во прво коло. Интересно.
Сепак ова финале стварно ќе биде добро. Јас сум за Кливнед иако знам дека Сан Антонио се фаворити.
 
Јас мислам дека Сан Антонио ќе станат шампиони,бидејќи имаат најдобра одбрана во NBA која би требало да го запри Леброн кој е во одлична форма
 
Spurs ke se sampioni, rano im e uste na Klivlend za titula, treba da se pomacat malku
 
Jas vikam ke zemat titula Cleveland, za niv navivam iako San Antonio se pojaki.Sakam da zemat Cleveland zosto San Antonio pred nekolku godini zemaa, inace Lebron :zver: mnogu mi se sviga negovata igra ne e sebicen im podava na svoite soigraci saka da pravi dobri akcii i ima dobar vlez dobar dribling ednostavno deckoto rastura.
 
Среда Сан Антонио-Кливленд...прв меч од серијата:)...од големото Нба финале:) оваа година кој ке биде Нба шампионот за оваа година 2007 ни останува да видиме мислам дека ке решава 7 меч
 
Mr.Bebils напиша:
Јас мислам дека Сан Антонио ќе станат шампиони,бидејќи имаат најдобра одбрана во NBA која би требало да го запри Леброн кој е во одлична форма

Абе ако гледаш така Детроит имаат најдобра одбрана во НБА, и чим они не успеаа да го сопрат Леброн мислам дека нема да можат ни Спарси. На најдобрата одбрана во лигата да им дадеш 48 поени од кои последните 25 поени за својот тим сам ги даде не е мала работа. Во двете продолженија од петиот меч сам ги даде сите поени за Кливнент. Така да Спарси маки ќе мачат со Леброн, според мене.
 
Samo Brus Bowen e spasot za James, ke go sredi, vecer zapocnuva finaleto, pa ke vidime sto ke bide
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom