17 ученички забремениле во исто време

Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Што се дешава во Америка...

Кај забега светот...






Властите во американската сојузна држава Масачусетс ги истражуваат околностите под кои 17 ученички во едно средно училиште останале во блажена состојба, пренесува Блиц.
Постојат индикации дека некои тинејџерки, од кои највозрасната има 16 години, се договориле во исто време да забременат, за потоа заедно да се породат и да ги одгледуваат децата.
Ни девојките, ни нивните семејства не биле достапни за медиумите за коментар. Полицијата верува дека за бременоста на овие тинејџерки се одговорни момчиња од нивната непосредна околина - од училиштето или од соседството.
Директорот на средното училиште “Глаучестер“ Јозеф Саливан, рекол дека еден од потенцијалните татковци е 24 годишен бездомник. Тој за “Тајм магазин“ потврдил дека девојките признале дека се договориле да забременат и додал дека тие често доаѓале во училишната поликлиника за да украдат тестови и да проверат дали се во блажена состојба.
И управникот Кристофер Фармер тврдел дека девојките склучиле таен договор. Тој смета дека не е проблем тоа што тие немаат доволно самопочитување, туку тоа што тоа го направиле бидејќи во животот им недостасува љубов од родителите, пријателите и момчињата.
Овој случај покренал бројни прашања во американската јавност за употребата на контрацептивни средства, кои тинејџерите во Америка ретко ги користат. Во Масачусетс, сексуалниот однос со лица помлади од 16 години е забрането со закон.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Овој случај покренал бројни прашања во американската јавност за употребата на контрацептивни средства, кои тинејџерите во Америка ретко ги користат.
Тие не дека не знаече да користат контрацепција туку не сакале зашто целта им била да забременат.
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Браво. Уште повеќе идиоти американци на планетава! :bip:Мамето нивно протестантско!
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Ненормална работа.Американските болести полека го зафаќаат и светот.За грев се.
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Then the story got worse. “We found out one of the fathers is a 24-year-old homeless guy,” the principal says, shaking his head.
 

CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
Неограничена е американската глупост, една затруднела и им рекла на другиве дека е многу кул што е трудна,и за да бидат и другите кул ко неа затруднеле :pos::pos::pos::pos::pos:
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Нешто како го гледале филмот Џуно (кај што се затруднува една тинејџерка), после се воодушевиле од Џејми Лин Спирс (која на 17 години е бремена).. и ајде сите да се правиме такви од досада...

We're all living in America,
America is wunderbar.
We're all living in America,
Amerika, Amerika.
:tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Ајдееее, со лесно да ги износат, со уште полесно да ги родат...
Да се живи и здрави малите...

Сериозно, они се греотки и кретени (девојчињава) ама муабетите како „уште идиоти американци на светов, бла бла“ не чинат ич!
 

CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
Ајдееее, со лесно да ги износат, со уште полесно да ги родат...
Да се живи и здрави малите...

Сериозно, они се греотки и кретени (девојчињава) ама муабетите како „уште идиоти американци на светов, бла бла“ не чинат ич!
Да се десило на 3-4 девојки ајде може да се замижи,ама ова веќе е масовна појава на идиотизам или незнам како да го наречам,претпоставувам дека се работи можеби за некоја секта... :toe:
само тоа би било логично објаснување за овој неартикулисан потег :)
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Да се десило на 3-4 девојки ајде може да се замижи,ама ова веќе е масовна појава на идиотизам или незнам како да го наречам,претпоставувам дека се работи можеби за некоја секта... :toe:
само тоа би било логично објаснување за овој неартикулисан потег :)
Не знам зошто ме цитираш. Не кажав дека не се идиоти ДЕВОЈКИТЕ, се и тоа ептен многу големи:)
Ама јас зборував за муабетите за глупите американски бебиња. Пф
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Зашто ништо не ме чуди :tapp:
Највозрасната имала 16 години... можам да замислам другиве колкави се...
 

CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
Не знам зошто ме цитираш. Не кажав дека не се идиоти ДЕВОЈКИТЕ, се и тоа ептен многу големи:)
Ама јас зборував за муабетите за глупите американски бебиња. Пф
Не сме се разбрале.Ја мислев дека ги браниш американците дека не се глупи :pos2::pos2:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Then the story got worse. “We found out one of the fathers is a 24-year-old homeless guy,” the principal says, shaking his head.
Ете. Секој во животот добива една животна шанса која треба да ја искористи умно.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Сериозно, они се греотки и кретени (девојчињава) ама муабетите како „уште идиоти американци на светов, бла бла“ не чинат ич!
Анастазија го превидуваш најваќиот факт, а тоа е дека таа изјава ја даде Бада Бинг
 

Kajgana Shop

На врв Bottom