Има или нема судбина?

  • Креатор на темата Креатор на темата kat.<3
  • Време на започнување Време на започнување
K

kat.<3

Гостин
Колку ли пати сме се запрашале дали има судбина или нема, иако срцето знае дека судбина=Божја волја. Секогаш кога не знаеме или не можеме да објасниме зошто се случило тоа или она посегнуваме по судбината како одговор, но членовите на Христовата црква не го прифаќаат концептот на судбина, барем не на онаа која е целосно запишана, но прифаќаат дека многу нешта од животот се однапред зададени од Бога, но не и животот во полнота, не и нашиот слободен избор во него. Христијаните прифаќаат дека семејството во кое се раѓаме е еден вид на зададеност, промислување Божјо, но не и наш избор. Затоа христијаните се повикани преку личниот избор да ги изберат вистинските, од Бога откриени и заповедани вредности, што го осмислуваат животот и создаваат услови за Богоподобен начин на живеење, а и духовно усовршување на личноста.
Доколку преку слободата на нашиот личен избор избереме за нас животоосмислувачки "вредности" кои се во спротивност со Божјите, ако избереме пат кој е спротивен од оној кој ни е благословен од Бога, на ова духовно ниво на личносна изграденост, зрелост и свесност, ние ризикуваме да се соочиме со последиците од нашите постапки кои знаат да бидат многу болни, за нас и за нашите луѓе па и за сето создание Божјо во овој свет.

Верувам во судбина, но мојот силен Ангел ме научи дека не е само судбина, дека и нашиот избор е оној кој не прави она што сме, како коренот на дрвото, кога се раѓаме и неговите гранки, помали и поголеми се патиштата кои ние со вера сме ги избрале за да чекориме по нив со љубов, надеж и вера, меѓу кои најголема е верата.

Што ќе кажете вие за судбината, има или нема судбина за вас?
 
epa sega ili veruvash ili ne?ne mozi pola so pola.
jas ne veruvam.kako bi bilo da e se predodredeno i se da ni se slucuva bez nashe ucestvo i volja.toa e navistina banalno.
me mrzi da pishuvam fazla.
 
epa sega ili veruvash ili ne?ne mozi pola so pola.
jas ne veruvam.kako bi bilo da e se predodredeno i se da ni se slucuva bez nashe ucestvo i volja.toa e navistina banalno.
me mrzi da pishuvam fazla.


Па и не е се предодредено, затоа Бог ни ја дава верата и мирот, љубовта и надежта, за тие да се оние кои ќе ги поставиме пред нас во миговите кога треба да го избереме нашиот пат, со вера знаеме дека секогаш ќе е оној вистинскиот, оној кој е предодреден од Бога.
 
И јас мислам дека нема судбина. Т.е. поточно има судбина ама секој човек сам си е ковач на својата судбина. Значи се по своја заслуга што ќе си зготвиш тоа ќе си јадеш нема друго.
 
Па и не е се предодредено, затоа Бог ни ја дава верата и мирот, љубовта и надежта, за тие да се оние кои ќе ги поставиме пред нас во миговите кога треба да го избереме нашиот пат, со вера знаеме дека секогаш ќе е оној вистинскиот, оној кој е предодреден од Бога.

ne mislish deka malku kontradiktorno zboruvash?
 
Не верувам во судбина, најпрвин поради тоа што не се сметам себеси за верник во некоја виша сила или Бог како и да е. Верувам дека луѓето сами си го осмислуваат животот, сами доаѓаат до вистинските вредности кои тие ги сметаат за вистински (бидејќи сметам дека не постојат универзални). Секој има право да го одбере тоа што го смета тој за правилно, значи последиците си ги предизвикува самиот без разлика дали се позитивни или негативни.

И никогаш не ги препишувам непријатните ситуации или било какви негативни последици на виша сила, го сфаќам тоа како еден вид рамнотежа и не-секогаш-способност да расудуваме правилно.

И да, најважна е верата, но верата во себеси и своите способности.
 
Јас знам дека суднбината постои,
како?
Епа вака:
Со оглед на фактот дека ние неможеме да ги менуваме законите, тогаш неможеме да ја менуваме ни иднината,
затоа што сите честички, сите процеси,со еден збор: СЕ` во овој универзум се случува по законите на физиката,
што значи дека неможеме да го менуваме движењето на било која честичка во оној универзум,ниту на честичките кои не градат нас,
што значи дека дудбината постои..
Ме мрзи да го објаснувам ова подетално, зошто на discovery channel гледа интересна емисија за забрзувачите на честички..
ако има потреба, кога ова ќе заврши, че го објаснам..
има потреба?
 
ne mislish deka malku kontradiktorno zboruvash?

Постојат избори кои ги правиме ние, патеки по кои избираме да чекориме, а постојат вистинити и погрешни патеки, вистинитите се оние кои Бог ги благословува и ги предоредил како вистинити.
 
јас лично не верувам во судбина..во пишаното..освен она што само ќе си го напишеме..во однос на бог пак малку е збунувачки...премногу често сум слушал изјави од типот-Бог има план за секој од нас..а наспроти тоа постои слободната волја што бог евентуално ни ја дал...па кој план за мене ќе се оствари оној јас што го имам за мене или оној бог што го има за мене????некако во овој контекст евентуалната слободна волја се негира..
и секако судбината е неопходно зло..сите порано или подоцна ќе се најдеме во ситуација која ќе биде далеку од онаа што ја посакуваме..смрт на блиски,несреќна љубов,неуспех од сите страни..во тие моменти судбината е совршено и најбезболно решение кое би го прифатиле..барем за некој период...
 
i jas mislam deka nie sme si kovaci na sudbinata. I ne znam zasto se mesate so bog oti toj nas ne ni se mesa nema vrska so nasite zivoti nie samo si sme krivi za nasite nesreki nie sami sme zasluzni za nasata sreka. se ona sto go pisuva vo Biblijata odnosno vo demek struzcnata literatura za hristijanstvoto e se isprevrteno i covek ja zaboravil prvicnata cel na verata i so e to vistinska vera........
Nie mozime kolku so sakame da si izvrtuvame ama jas sum skoro sigurna deka sudbinata kako sudbina nie si ja sozdavame.
 
Не верувам во судбина, најпрвин поради тоа што не се сметам себеси за верник во некоја виша сила или Бог како и да е. Верувам дека луѓето сами си го осмислуваат животот, сами доаѓаат до вистинските вредности кои тие ги сметаат за вистински (бидејќи сметам дека не постојат универзални). Секој има право да го одбере тоа што го смета тој за правилно, значи последиците си ги предизвикува самиот без разлика дали се позитивни или негативни.

И никогаш не ги препишувам непријатните ситуации или било какви негативни последици на виша сила, го сфаќам тоа како еден вид рамнотежа и не-секогаш-способност да расудуваме правилно.

И да, најважна е верата, но верата во себеси и своите способности.
сакав да напишам нешто вакво но гледам дека мислиме исто...
така да...судбина...ај дон`т тинк соу...
 
Колку ли пати сме се запрашале дали има судбина или нема, иако срцето знае дека судбина=Божја волја. Секогаш кога не знаеме или не можеме да објасниме зошто се случило тоа или она посегнуваме по судбината како одговор, но членовите на Христовата црква не го прифаќаат концептот на судбина, барем не на онаа која е целосно запишана, но прифаќаат дека многу нешта од животот се однапред зададени од Бога, но не и животот во полнота, не и нашиот слободен избор во него. Христијаните прифаќаат дека семејството во кое се раѓаме е еден вид на зададеност, промислување Божјо, но не и наш избор. Затоа христијаните се повикани преку личниот избор да ги изберат вистинските, од Бога откриени и заповедани вредности, што го осмислуваат животот и создаваат услови за Богоподобен начин на живеење, а и духовно усовршување на личноста.
Доколку преку слободата на нашиот личен избор избереме за нас животоосмислувачки "вредности" кои се во спротивност со Божјите, ако избереме пат кој е спротивен од оној кој ни е благословен од Бога, на ова духовно ниво на личносна изграденост, зрелост и свесност, ние ризикуваме да се соочиме со последиците од нашите постапки кои знаат да бидат многу болни, за нас и за нашите луѓе па и за сето создание Божјо во овој свет.

Верувам во судбина, но мојот силен Ангел ме научи дека не е само судбина, дека и нашиот избор е оној кој не прави она што сме, како коренот на дрвото, кога се раѓаме и неговите гранки, помали и поголеми се патиштата кои ние со вера сме ги избрале за да чекориме по нив со љубов, надеж и вера, меѓу кои најголема е верата.

Што ќе кажете вие за судбината, има или нема судбина за вас?

Баш ми е мило што секогаш ме разбираш, и знаеш да направиш прекрасен концепт, и да објасниш со вистинските зборови.

Јас баш така сметам дека судбината зависи од нас и од околината и луѓето околу нас, ама најмногу од нас, од нашите постапки. Но се разбира некој работи не зависат само од нас, бидејќи ние можи да сме вметнати несакајќи во некој настани, кој што ќе имаат влијание на нашата иднина.
Но кога ќе размислам повеќе на тоа дека се се случува со некоја причина доаѓа до една контраверзија, бидејќи ако се зависи само од нас тогаш ние мора да ја знаеме причината на секоја наша постапка, а многу работи , човекот ги прави следејќи го инстиктот и чувствата, но порано или подоцна ќе ја видиме причината на сето тоа.
И да не се повторум со дрвата, според мене тоа е баш таа слика за тоа дали ние ја создаваме судбината.
 
Работиве во животов не ми се баш розови така да не верувам во судбина, а можно е да има. Само чекам работите да ми се променат на подобро па здравје, еден ден кога навистина ќе сфатам дека се лошо било и за добро ќе верувам. Во меѓувреме вербата мора да се сочува.
Што би одговорил источен мудрец во врска со судбината?
- Што ми е гајле за тоа :icon_bigg
 
една прекрасна личност ми ги кажа зборовите што можеби и сама не можев да ги најдам " Бог е праведен, Тој нам не би ни судел за она што го правиме, но да, секако дека слободни сме да ги избираме лошите и добрите дела, но целиот овој живот е планиран од Него "
Знам дека се зборови слични на моите, но чувствував потреба да ги кажам и овие, искрени се и чисти за оној што сака да ги разбере и да ги почувствува како такви, за мене знам дека се вистинити.

Секое ви добро.
 
членовите на Христовата црква не го прифаќаат концептот на судбина, барем не на онаа која е целосно запишана, но прифаќаат дека многу нешта од животот се однапред зададени од Бога, но не и животот во полнота, не и нашиот слободен избор во него. Христијаните прифаќаат дека семејството во кое се раѓаме е еден вид на зададеност, промислување Божјо, но не и наш избор.
Да многу нешта во животот се однапред зададени од Бога..но тоа не значи дека нашата судбина е однапред цврсто зацементирана..тоа само значи дека Бог ги знае нашите срца знае какви сме...и однапред ги знае изборот на нашата слободна волја.. нашите патишта..
Кога би постојала вистинска судбина...би било смешно..замисли да ти е предодредено да се самоубиеш..што и да направиш не зависи од тебе неможеш да го смениш текот на настаните а од друга страна осуден си на пократок живот и според Божјите правила на пропаст..
Бог не делува така..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom