K
kat.<3
Гостин
Колку ли пати сме се запрашале дали има судбина или нема, иако срцето знае дека судбина=Божја волја. Секогаш кога не знаеме или не можеме да објасниме зошто се случило тоа или она посегнуваме по судбината како одговор, но членовите на Христовата црква не го прифаќаат концептот на судбина, барем не на онаа која е целосно запишана, но прифаќаат дека многу нешта од животот се однапред зададени од Бога, но не и животот во полнота, не и нашиот слободен избор во него. Христијаните прифаќаат дека семејството во кое се раѓаме е еден вид на зададеност, промислување Божјо, но не и наш избор. Затоа христијаните се повикани преку личниот избор да ги изберат вистинските, од Бога откриени и заповедани вредности, што го осмислуваат животот и создаваат услови за Богоподобен начин на живеење, а и духовно усовршување на личноста.
Доколку преку слободата на нашиот личен избор избереме за нас животоосмислувачки "вредности" кои се во спротивност со Божјите, ако избереме пат кој е спротивен од оној кој ни е благословен од Бога, на ова духовно ниво на личносна изграденост, зрелост и свесност, ние ризикуваме да се соочиме со последиците од нашите постапки кои знаат да бидат многу болни, за нас и за нашите луѓе па и за сето создание Божјо во овој свет.
Верувам во судбина, но мојот силен Ангел ме научи дека не е само судбина, дека и нашиот избор е оној кој не прави она што сме, како коренот на дрвото, кога се раѓаме и неговите гранки, помали и поголеми се патиштата кои ние со вера сме ги избрале за да чекориме по нив со љубов, надеж и вера, меѓу кои најголема е верата.
Што ќе кажете вие за судбината, има или нема судбина за вас?