Планинарење

  • Креатор на темата Креатор на темата EVIL-B
  • Време на започнување Време на започнување
Нареден викенд, недела е традиционалното искачување на Кораб.
Со план и со мисла сум да одам, но би сакал мислење околу нивото на физичка кондиција и спрема која е потребна. Го прашувам бидејќи последниве 2 месеци, а и малку повеќе како главна активност ми е чашката ракија :toe:
Колку што прочитав од објавата до 15 часот и врвот се "затвара" за искачување, сите се должни да се вратат назад кон збирно место, на било кое место и да се од планината.
Ова малку ми прави терсен, али мислам дека во секој случај е океј.
Совети околу еnergy boost храна, загревање, некоја активност која би била од корист во следниве неколку дена.
Знам за @Almeida дека може да пише збор два на тематикава, но сигурен сум дека има и други.
Секоја помош е добредојдена.
Имаше луѓе со секаква кондиција кои успеаа да стигнат до 15:00 часот во 2019 година, постари, помлади, поспори, побрзи. Нас ни се расипа автобусот и 2 часа изгубивме ко ништо и пак стигнавме еден саат пред 15 часот, без да брзаме, со спор пејс со муабет. Земи си доста храна ама немој да ти е тешка, гледај ранецот да ти е угоден, вода имаш на почетокот чешма после немаш така да носи си литро шишенце барем за да го полниш, во километража беше бајги околу 21км во двата правци ако добро памтам, ама скоро и да немаше нагорнини освен на почетокот и крајот, друго се беше рамно милина за качување. Пејсажите се феноменални, цвеќиња, полиња, карпи. Во 2018 или 2017 крш знам било времето со град, грмежи, ама ама 2019 беше идеално, пукаше сонце и ептен убаво искуство ми беше, веројатно и оваа година ќе одам.

Јади тестенини за енергија вечерта пред тргање, јади си проверена храна немој експерименти да не те скине стомак нешто мака да си видиш, удобни обувки планинарски кондури ако имаш, височки чорапи драј фит по можност, земи обавезно шушкавец за горе. И тоа е тоа, не е страшно ништо, далеку од некакви екстреми.
 
Одлично, ти благодарам за мислењето. Уште една работа која ја испуштив да прашам, а ме интересира и би ми била од знаечње. Бидејќи не сум одел предходно. До караула Победа, каде што е почетната точка, гледам дека води Пат за Стрезимир, каков е тој пат и дали може да се вози со поприлично ниска кола, да речам и ептен ниска.
 
@KEEF многу убаво ти напишал @FilipMKD007 да немам многу повеќе да мудрувам. Ако имаш желба, следи прогноза и до каде стигнеш - стигнеш. Кораб не е само врвот, туку е планина околу која има други планини и многу убави погледи. Носи разгазени кондури, не премногу храна, облека спортска, не памучна, со нешто топло, отпорно на ветер и дожд и тоа е. Не форсирај и качувај си се со сопствено темпо и дишење.

За патот...макадам е, не е многу стрмен, но се некои 8-10 километри. Планински е, што значи води, снегови го "работат" и не знам во каква состојба е. Најдобра опција по мене е со кола, меѓутоа со нормална некоја висина и да ја оставите подоле, не до Стрезимир. Автобус е ужасно искуство.
 
Одлично, ти благодарам за мислењето. Уште една работа која ја испуштив да прашам, а ме интересира и би ми била од знаечње. Бидејќи не сум одел предходно. До караула Победа, каде што е почетната точка, гледам дека води Пат за Стрезимир, каков е тој пат и дали може да се вози со поприлично ниска кола, да речам и ептен ниска.
Мој савет ти е ако имаш екипаа организирај се со нив во полабава атмосфера, а традиционалното искачување избегни го бидејќи има милион луѓе, гужва, гужва околу паркинг, а и неможеш да уживаш толку во погледот со толку луѓе, јас два пати имам одено еднаш на традиционалното не пројдов добро, вторпат со екипа од 10 луѓе е тоа ми беше доживљај.
Автоматски споено мислење:

Исто така за ракијата немаај гајле, првпат кога одевме другар ми заглави до 4 сабајле а сее тргаше многу рано од Куманово, кога влезе во возилото уште смрдеше на алкохол, но со потеешкотии и но го искачи.
 
Не зезајте Кораб си бара кондиција, а што се однесува за патот до караулата не би одел со своја кола, искрено не вреди да ја кршиш. Ко што гледам годинава ќе имаме есенско време нема да биде топло ко лани.
 
Не знам вие како го замислувате планинарењето, но исто е само понапорно одење... не е одење на кеј, ама и не ти треба кондиција као да трчаш маратон, правиме муабет за македонски планини.
 
Kaci se na kobilica pa vidi dali ne ti treba kondicija.Na korab ne sum bil, ama sum slusal deka ne e ni malku naivna tura,taka da ne ja svacajte planinata kako zaebancija.

Sent from my SM-A325F using Tapatalk
 
Последно уредено:
Во кој контекст Кобилица? Од Вејце директно патеката е прилично монотона. Преку Црн врв е поинтересна, ама во однос на физичка спремност многу слична со Кораб. Кобилица е еден од најискачуваните врвови во Македонија во зимски услови. Стварно погледот од самиот врв е фантастичен, практично целата долина на Бозовска река се гледа и цела Лешница, но самиот успон е монотон и неинтересен.
Кораб си е визура на секое завртување. Полни очи. Има долг дел пред последните 500 висински метри, кој е движење по изохипса, во кој човек може да собере сили, да се консолидира.
Порано и мене ме удираше таква некоја трема, демек ако не се качам, штета, срамота...напротив, баш тоа ќе те натера да поработиш на себе. Убава работа е, само без импровизирање и ќе биде уживање тотално, одмарање мозок, дружба, стекнување физичка кондиција...
 
Pa vo konteks deka e naporna, deka ne e bas taka ajde ti teknalo utre neam so da pravam i direkt od dnevna soba kje kacuvam vrvovi.Za drugovo se slagam

Sent from my SM-A325F using Tapatalk
 
Kaci se na kobilica pa vidi dali ne ti treba kondicija.Na korab ne sum bil, ama sum slusal deka ne e ni malku naivna tura,taka da ne ja svacajte planinata kako zaebancija.

Sent from my SM-A325F using Tapatalk
Не кажав јас да се сфати како заебанција, туку и да не се сфаќа демек треба да си во топ форма... конкретно на Кораб баш на традиционаланото се искачува и старо и младо и спремно и неспремно, а како што кажав другар ми се качи уште пијан беше, јас лично таква авантура имав на солунска глава и тоа два пати повратив до горе, така да многу ми е смешно кога оние „профи“ плаанинари го тупат со кондицијаата, опремата и што ја знам.
 
Ај да се разбереме нешто за Голем Кораб, околу 1400 метри искачување на приближно девет километри должина не е заебанција. Стазата не е лоша, само мене ми е доста монотона. Вода само на почеток, а и таму прашање е дали ќе успееш да дојдеш до неа, и скоро обавезно е барем литар и пол-две литри вода.
Ракија пред тргање не, не за друго, ќе те дехидрида.

Сеуште се мислам за годинава, прогнозите не се баш убави, а таму баш и немам убаво искуство со врнежи.

Почетокот жесток, додека не се искачиш на сртот, после тоа поблаго. Се менува одење по изохипса и планинарска изохипса (одиш нагоре, а се тешиш дека е изохипса :D). На средината има една пократка стрмнина, па потоа пак подолг порамен дел. Крајното искачување е исто така стрмнина. Врвот мал, и не собира многу луѓе на самиот врв, така да застанувањето е релативно кратко ако одиш на традиционалново.
До душа, поради прогнозата, ковидот и доцнењето со најава, не верувам дека годинава ќе има премногу гужва (знаело да се качуваат и преку 1.000 луѓе во таа акција).

Што се однесува до Кобилица, од целовремен напор немаш баш време да гледаш наоколу (а сепак има што да се види), инаку поубава е патеката од Бродец, низ шума, па покрај бачилото до над карпите и пак нагоре. :D

Една од најубавите стази ми беше одењето до „додатокот“ на Кобилица, Трескавец. Релативно кратка тура со навистина секси искачување на крајот, нарочно последните педесетина метри вертикално. Само 4х4 и по можност без ранец. :D :D
 
И вакви ли луѓе одат на планини, тотално ја утнале поентата на планинарењето. Од I love Hiking поставиле знамето на празникот прошлиот викенд, еве како завршило, МВР како по обичај не се замара.

неиживеани идиоти кои не би ги нарекол планинари. (со погорниот потег покажуваат дека не се планинари)
Ете и на кулата на титов врв што и направија, огромен графит до вратата, и на столбот до кулата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom