Принцови и принцези

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Веруваме ли во бајки?Во принцови?


Престанав да верувам во такви уште кога имав,хм...колку?5.:)
Што очекуваме од нашиот принц/принцеза?

Очекував да ми дојде на бел коњ и да живееме хеп'ли евр афтр.
Дали тоа е карактеристика на жената или и мажите понекогаш копнеат по совршената жена?

Обично како нешто совршено ги преставуваат,ништо не им фали.Но не тежнеам кон совршено,туку кон она што не е совршено на мене да ми биде такво со тоа што ќе го љубам со сите мани и доблести.
Дали е пожелно да постои „модел” на особа која ќе не води во нашиот избор?

Апсолутно НЕ!
Ако имам омилен глумец,пејач или спортист и тој да ми е како калап за наредните дечковци е нешто слично како да барам негов двојник,а такво нешто не постои.
И тогаш не би била заљубена во мојот дечко,туку во неговиот налик на глумецот...А фазата на затресканот во познати личности ми помина одамна.:)
 
Уште како мала бракот на моите ме научи дека љубовта и заедничкиот живот не се баш розеви и бајковити. А особено мојата прва сериозна врска која ми беше доказ дека нема совршена љубов и совршен партнер.
Оттогаш врските ги сметам за случаен спој на личности, а не судбина, во кој мора да се научи да се живее и со маните на партнерот, и во кој треба да се внесе приличен труд од двете страни за да опстане. Ниту има совршен партнер, ниту има совршена љубов сама по себе. Но и без тоа е убаво. а илузиите за принц и бајка се за жал само илузии
 
Единственото совршенство постои само во бајките за принцезите и принцовите. Во реалноста нештата се сосем поинакви..реални и сосем несовршени.
Како мала иако знаев дека тоа се само бајки потајно верував дека ете сепак постои нешто совршено. Потоа сфатив дека совршенството е само нешто замислено и нереално, а врската е онаква каква што самите ја правиме да биде. Потребно е многу за да се има врска каква што се посакува. А врската ја прават двајца никогаш еден.
 
Никогаш не сум верувала во совршен партнер, дека ќе го најдам и он ќе биде принцот на белиот коњ. хаха Од мала ме учеле реално да го сфаќам работите и јас тоа го прифатив како такво, можеби јас сама да сум совршена во некој поглед, ама само во некој поглед, никогаш не барам од другите и не барам да бидат они такви. Ги прифаќам луѓето со сите мани и доблести и ги сакам такви какви што се. Нема принцови и принцези во реалниот свет, не барам ниту пак замислувам.
 
Има нешто совршено? Нема. Доволно ми е да ме сака, почитува и разбира.
 
Има нешто совршено? Нема. Доволно ми е да ме сака, почитува и разбира.
Нема совршен човек, ама има совршен партнер. Ако те сака, почитува и разбира тој и е совршен партнер!
 
Нема совршен човек, ама има совршен партнер. Ако те сака, почитува и разбира тој и е совршен партнер!
Е дури и да ја сака, почитува и разбира (што се карактеристики на „совршен“ партнер) пак ќе има нешто што ќе ја разбива совршеноста и ќе го прави нормален несовршен смртник. На пример, ќе има малку крив нос или секогаш ќе го заборава кренат капакот од шољата после мочање. :icon_lol: Дебилни примери давам колку за илустрација, се надевам ме разбираш. :)

Принцови, принцези... Цртаните на Дизни стварно ми изгледаа реални во еден (предшколски) период од раното детство. :)
Не верувам во совршенство; дури и да налетам на човек што ми изгледа близу совршен, попрво ќе се исплашам од него, отколку што ќе го посакам за партнер или нешто такво. :) Несовршеноста и мааните го дообликуваат карактерот на човекот и го прават... Нормален. :)

Немам некој замислен калап по кој што треба сите дечковци да ги бирам, ниту некои превисоки критериуми. А и тие што ги имам се опен сорс, постојано се видоизменуваат, со тек на времето, со запознавањето нови личности. Важно сум приземна во изборот и не барам совршенство во никого.
 
Веруваме ли во бајки? Во принцови? Што очекуваме од нашиот принц/принцеза? Дали тоа е карактеристика на жената или и мажите понекогаш копнеат по совршената жена? Дали е пожелно да постои „модел” на особа која ќе не води во нашиот избор?


Бранко?:)

Мора да се има модел оти секој треба да знае што сака во животот, па и каков партнер сака. Не е можно да го најдеме моделот што си го имаме зацртано во главата, ама мора да имам водилка или мапа кога барам нешто. Понекогаш и нема да ја најдам вистинската 'дестинација', но може да стигнам на уште попрекрасно 'место' или пак не толку убаво место кое повеќе ќе го засакам од бараното, нели ? Поздрав. Интересна тема.
 
Epa jas go cekav i barav PRINCOT,si go imav zamisleno kakov sakam da e...I naednas najdov poinakov,ne sosema poinakov od zamisleniot.Mislev deka go najdov najdobroto sustestvo na planetava,ama gadno zgresiv.Od sea po pretpazlivo....pa i poveke ne veruvam deka postoi PRINC :toe:
 
Принцези и принцови, а бе тоа било пред 10 векови, друго било тогаш.
Друго ми беше зборот, совршенство не постои-ФАКТ. Убаво е да се има модел замислен во главата според кој ќе се водиме каква сакаме да ни биде принцезата(во мојов случај). Само тешко е да пронајдеш и блиску на неа во денешно време! Затоа што не го добиваме секогаш она што го посакуваме, треба да се бориме да ја најдеме вистинската љубов. И доколку таа не е според нашиот модел, пружи прилика, не знаеш што може да очекуваш, можеби е таа вистинската!
 
Не сум совршена ниту принцеза,така да никогаш не сум барала ни совршенство ни принц.Ама затоа најдов некој кој е ист како мене и кој е мое совршенство.
 
Чудна работа, не сум го барала принцот, никогаш. Додека другарките си ги планираа свадбите (главни улоги - барбиката и кенот :icon_roll), си цртаа фустаните, им` смислуваа имиња на децата, се тепаа која на која ќе си биде кума, а подоцна богами и си ги градеа куќите на Sims, ја се смеев од страна и си терав филм "има време до тогаш". :icon_conf

Така да не само потрагата по него, туку воопшто целиот тој дел од детството ми недостасува. Пораснав, ми станаа јасни некои работи, и не мислам дека сум пропуштила нешто битно, ако не сум верувала во господинот совршен. Затоа и не си замислувам, ниту очекувам да наидам на таков. И не сакам. Кај е интересното у животов ако не ми ги јаде нервите...
mysmilie_1888.gif
 
Jas mojata devojka si ja vikam Princezka mnogu mi e slatko i posakuvam da mi ja dade celata nejna ljubov zasto Princot ke i vrati dupla da inaku veruvam vo sovrsena zena veruvam vo sovrsenstvo i mislam deka ja najdov
 
Алооо 21-ви век е не постојат принцови и принцези :)
 
Колку и да сакам да верувам во најубавите бајки за принцови и принцези не можам..
од проста причина што совршенството не постои.
Приказните дека за секоја една принцеза има и принц кој доаѓа во право време и на право место кога ти е најпотребен на бел коњ...одамна престанав да верувам
во нив.
Но верувам дека за секој човек на планетава има некој идеален,онаа друга половина и кој со своите заеднички маани и недостатоци би функционирале совршено и би нашле заеднички јазик:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom