16 осомничени за малверзации со хотелот "Изгрев"

  • Креатор на темата Креатор на темата ZIKS
  • Време на започнување Време на започнување

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
Веб-сајт
sportdenes.com
Браќата Миладинови, тројца судии, нотари, вработени во катастарот. Полицијата осомничи 16 лица дека преку разни малверзации со хотелот „Изгрев“ ја оштетиле германска ЛХБ Банка за 5,2 милиони евра и домашната Тутунска за уште еден милион.
Десетмина се приведени, четворица се поканети сами да се појават пред суд, а по двајца се уште се трага.
Распитот во Скопска единица сеуште е во тек.
Браќата Ѓорѓи и Димитар Миладинов, во двете банки минативе шест години зеле кредити со хипотека над „Изгрев“, кои никогаш не ги вратиле. Со помош на останатите, парите наместо на сметката од хотелот, ги префрлиле на четири приватни сметки.
Иако за цело време на малверзациите, 30 отсто од хотелот е во споственост и на МПЦ, сепак нема ниту една пријава за нејзин претставник.



„Доколку согласно исказите кои ќе бидат дадени пред истражниот судија, и понатамошната анализа на документите се покаже и се докаже инволвираност и на други лица, секогаш постои простор за проширување на пријавата, меѓутоа во овој момент, ние успеавме да обезбедиме доказен материјал за основано сомневање за кривични дела за овие е 15 лица“, изјави Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи.


Јанкуловска не знаеше дали денешната пријава, што доаѓа само неколку недели по лицитацијата на која МПЦ за два милиони евра стана сопственик на целиот хотел, може да ја искомпликува купопродажбата. Тоа ќе се знаело по правосилната пресуда.
„Тоа е дел од оние дејствија кои најверојатно ќе бидат предмет на дополнителна анализа, затоа што пријавата која денес ја поднесовме не се однесува на овој сегмент“, вели Јанкуловска.
Лицитацијата на „Изгрев“ беше овозможена откако второстепената владина комисија ја отфрли жалбата на германската банка, која бараше замрзнување на имотот до целосното расчистување на случајот „Изгрев“.



Извор: A1.


Само да не е од оние случаи каде се завршува без затворски казни.
 
море ќути кога му текна на некого

тие и во Кичево држеа конфекција, работеа жените за без пари и на крај затвори а должи на секого по 1000 еур за плати немаа земено цела година и повеќе
па сеуште се тужат по судови
иако работничките го добија спорот никако да си ги земат парите
 
ne e problemot sto se uapseni tuku dali ke bidat osudeni i dali ke im bide konfiskuvan celiot nelegalno zaraboten imot.koga ke se sprovede toa na site oligarsi togas ke ima pravda vo makedonija.
 
Ако го решат Изгрев сп поповите ето мој глас за локални.
 
ИНтересно... Играта со Изгрев, почна уште таму далеку пред 10 години. Кога сакаа со приватизацијата да украдат. Па откако вработените се свестија и го спречија тоа, и почнаа да го работат хотелот, дојдоа еден куп опструкции од сите страни. Почнувајки од поединци мокници, организирани групи, и локална самоуправа...Сите виделе потенцијал. Хотел, кој е мегу најголемите на охридско-струшката обала, со модерен изглед, со прекрасна плажа..чија прва проценка била ако не се лажам над 4 милиони марки, за по трета проценка да падне на 800 илјади еур...(читај 600 илјади евра, пошо 200 илјади се повраток од данок уште во првата година).. хаха..Замислете хотел за 600 илјади евра. ПОвршината на земјиштето ја пишеше во весник.. 5300 м2.. една лесна пресметка... по 10 еур квадрат.. Праам муабет без хотел... Па помини во охрид..една кука од 100 м2 се продава пола милион... упте од тука се осекасе нечистата игра.. Што точно се случило не се знае Ама дека некој треба дебело да плати треба.. затоа што..навистина ми е жал ( а и сите вие кои сте биле барем на забава на плажа Изгрев) кога ке видите таков објект кој дефакто во моменто кога го преземаат обвинетите, веше функционален.. Целосно е руиниран..Изведени се прозорци распродаден мебел, врати,..едноставно..стана отворена руина..(претпоставувам од ентериерото , мебел, и зелезо што е продаден од хотелот се извадени и парите за продажба :)
Навистина ми е жал, што се упропасти хотелот..На крајот на краиштата си викам.. Не е битно за колку го земале...ама барем да не го уништеле. Самото тоа што банките адвале огромни кредити а како гаранција стоел хотелот, укажува на неговиот потенцијал.
 
Изгрев има потенцијал да биде најдобар хотел на Охридско езеро, но ете за тоа ќе мора да почека на некои нови сопственици кои ќе вложат во него. Не се сомневам дека до тоа еден ден ќе дојде. Штета е што ова заврши вака. Ме изненади бројот на осомничени, и не го оправдувам приведувањето со камери. Невкусно е и понижувачки и е спротивно на пресумпцијата на невиност. Што ако некој од тие 15-16 докаже дека не е виновен? Зошто да биде однапред етикетиран и понижен пред сите што го познаваат?
 
I vlastive se za nigde-nieden od MPC dosega ne nastrada a si pravele prodaj kupi.Ne e mozno nikoj da ne e vmesan od popovote,a vlasta glumi postenos i pravednost,a apla se gleda deka nekogo stiti.....:pos2::pos2::pos2:
 
Изгрев има потенцијал да биде најдобар хотел на Охридско езеро, но ете за тоа ќе мора да почека на некои нови сопственици кои ќе вложат во него. Не се сомневам дека до тоа еден ден ќе дојде. Штета е што ова заврши вака. Ме изненади бројот на осомничени, и не го оправдувам приведувањето со камери. Невкусно е и понижувачки и е спротивно на пресумпцијата на невиност. Што ако некој од тие 15-16 докаже дека не е виновен? Зошто да биде однапред етикетиран и понижен пред сите што го познаваат?
Штетата е веќе направена затоа што знаеме како е во Струга...Сега дел од луѓево и да не се криви веќе се понижени пред познаниците.Баш гледав вести и се нервирав одма со камерите...Нека докажат дека се виновни и нека снимаат.А иначе мислам дека првосомничениве се склони кон нечесни работи зошто знаеме по колку месеци немаа земено плата работниците во Кимико...
 
Не гледав вести денес.. Незнам кој се со камери го собрале.. Ама не требало со камери :) Таквите треба на народот да се препуштат со исклучени камери. за вкусно невкусно, прашајги огромниот број работници..на кои им се должат плати од по 6000 ден. за работни саати дупло него нормални... Слушнав дека и судии и нотари ухапсиле.. Секој криминал треба да биде санкциониран.. кај нас не е лошо шо ги собираат со камери..лошо е што на крај излегуваат Прави :) а да се разбереме..шо не не соберат нас со камери? :)
Муабетот, ми е дека сум воздржан околу камерите. Ама на камери треба да ни покажат дека таквите го добиле тоа што заслужиле и да ги обесхрабрат останатите да се расправаат со криминал.А ние моментално на камерите гледаме, како ги апсат (а знаеме дека нарпавиле проневера тука нема сомнеж (ова го зборувам општо) а потоа гледаме дека по извесно време се ослободуваат, што нормално ги охрабрува на сите да продолжат со крадење )
 
Се согласувам до некаде со постов.Ама не ми е муабетот само за овој случај, туку општо...Тие уапсените имаат семејства и што ако се докаже дека се невини(навистина невини).Јас велам нека ги осудат па после ако сакаат и нека ги шетаат по чаршија за сите да ги видат.А вака однапред ги осудуваат за партиски поени и после ги ослободуваат.Нема смисла :nenene::helou:
 
Не гледав вести денес.. Незнам кој се со камери го собрале.. Ама не требало со камери :) Таквите треба на народот да се препуштат со исклучени камери. за вкусно невкусно, прашајги огромниот број работници..на кои им се должат плати од по 6000 ден. за работни саати дупло него нормални...

Не зборуваме за првообвинетите нити па за било кои други крупни ѕверки кои се апсат, иако е погрешен начинот тука може да се оправда до некаде.

Ама во овие 15-16 (незнам точно колку беа) може да има и некои кои направиле поситен престап, да ставиле потпис кајшто не треба и слично, а може да има и невини, се случува често кога се суди на толку голема група некој да биде ослободен.

Не зборувам за крупните ѕверки, општо зборувам.

Инаку на А1 го има видеото од настанот.
 
Не зборуваме за првообвинетите нити па за било кои други крупни ѕверки кои се апсат, иако е погрешен начинот тука може да се оправда до некаде.

Ама во овие 15-16 (незнам точно колку беа) може да има и некои кои направиле поситен престап, да ставиле потпис кајшто не треба и слично, а може да има и невини, се случува често кога се суди на толку голема група некој да биде ослободен.

Не зборувам за крупните ѕверки, општо зборувам.

Инаку на А1 го има видеото од настанот.

Го гледав настанот. т.е. видеото.. ПОкрај сувото и суровото. има една народна...
Значи мозе и не треба и тие да е појават..али такви се верувам 2-3 тројца од сите останати..
математички гледано.. 10-15 посто :) не е страшно.
Да резимирам. И двајцата не се буниме за прво обвинетите, а јас го доблизивам ставот за тие 2-3 тројца :)
 
Го гледав настанот. т.е. видеото.. ПОкрај сувото и суровото. има една народна...
Значи мозе и не треба и тие да е појават..али такви се верувам 2-3 тројца од сите останати..
математички гледано.. 10-15 посто :) не е страшно.
Да резимирам. И двајцата не се буниме за прво обвинетите, а јас го доблизивам ставот за тие 2-3 тројца :)

Да, воопшто и не мислев на крупните ѕверки.
За ситните риби, знаеш, некако не можам да гледам математички. И еден да е, ако не заслужил, зошто да му се случи такво нешто? За него е страшно, ние како јавност се навикнавме се да гледаме.
Мило ми е што во краткава дискусија успеавме да ги доближиме ставовоте.

Поздрав! :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom