Интерактивни квизови (Брзи Пари, Кешоловец, Ќари Пари, Sunny Money, Happy Hour)

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе бегајте од такви квизови тоа само лажење,зимање пари...Од такви квизови преку глава веќе.
:salut:
 
На Канал 5 има некој нов интерактивен квиз.
Ако добро приметив има нови водител(к)и.
Среќа што ги исфрлија оние старите од Брзи Пари. Колку беа иритантни и драматични :)
 
Не е до водителите, него до самиот концепт на квизовите и психолошкото дејство кое го имаат врз народот, моќта да ги тера да веруваат и да се јавуваат, а со тоа да трошат пари. И не смао канал 5, има таков квиз ноќе и на А1, сабајле на Алфа, мислам дека тие три се сега засега.
 
Абе да можеби водителите/ките сега што ги ставиле поатрактивни се за да ги гледаат и машката и женската популација, но тоа што за човек да има теоретски шанси за да му се јават треба да заѕвони едно 10 пати минимум. Што е најтрагично еден повик е 50 денари без ддв што ако сумираме за 10 повици 500 денари сметка.
 
Не се вакви типови на квизови банирани во повеќето земји?
 
Островот на Богатството- Дали тоа е чист криминал

Брат ми по цели денови е на телевизор и приметив дека ја гледа оваа емисија. Седав Еднаш со него и гледав, што да видам чист криминал.
Па дури разбрав од едн комшија дека жена му се јаувала.

Незнам вие што мислите за тоа. Очекувам КОМЕНТАР!!!!!!!!!
 
Прашај ја жената од комшијата колкава и е сметката за телефон и се ќе ти стане јасно:). Инаку убаво рече членот пред мене, сите тие квизови се чист криминал, само се додека има гледачи кои се јавуваат и мислат дека за една буква ќе освојат 50 000(или колку и да е) денари, ќе постојат и овие фамозни квизови. Во Германија веќе престанаа да ги емитуваат ама бидејќи ние секогаш сме последни, кај нас сеуште добиваат замав.
 
Еве тука ја преместив темата, претпоставувам дека Островот на богатството е ист тип на измама како и другите за кои дискутиравме.
 
Најголема глупост што се појавила на ТВ се овие квизови (после сапуниците), само да му ги земаат патите на народот.
 
Комшивката пред 1 година незнам колку пати се јавувала на еден квиз на а1 што одеше...Кога и стигна сметаката за малце мажот ке ја оставеше-20 000 денари за телефон...
 
поради тоа што се измама ги забранија во многу земји во еу + во србија ги забранија дека се тотална измама, замислете тамам кога треба да се погоди зборот има 20 спуштања на телефон, + 10 пати од режија се јавува ист човек или жена и го кажува истиот збор, еднашка дуре се случи и друг збор да има во пликото а друг збор демек некој човек кажал и доби пари, и одма после 5 секунди и кажуваат на типката што води одма да го одјави квизот и да го сврти ливчето. стварно цепки се, но сепак додека има луѓе за стрижење ке просперираат, никој не дава гага пари.
 
што не ги забрануваат, не ги забрануваат, ама не знам кој уште не знае дека се целосна измама и се јавува. кога ќе престанат да се јавуваат ќе видат не им се исплаќа и сами ќе престанат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom