Што сакаат (бараат) жените?

  • Креатор на темата Креатор на темата Out Of Reality
  • Време на започнување Време на започнување
Жениве и тие не знаат што сакаат?

Да и се пуштиш од прва - НЕ МЕ ЦЕНИТ,да не и се пуштиш - НЕ МЕ САКАТ, да тргниш нешто да прајш - КАЈ ЛЕТАШ, да не тргниш - ОВАЈ ПОКАНА ДАН ЧЕКАТ.... Е ај најди им го крајот!!!
--- надополнето: 5 јуни 2013 во 21:31 ---
Жениве и тие не знаат што сакаат?

Да и се пуштиш од прва - НЕ МЕ ЦЕНИТ,да не и се пуштиш - НЕ МЕ САКАТ, да тргниш нешто да прајш - КАЈ ЛЕТАШ, да не тргниш - ОВАЈ ПОКАНА ДАН ЧЕКАТ.... Е ај најди им го крајот!!!
 
How-to-make-a-chocolate-cake.jpg
 
одма на десертот........чекај прво салатата и ракијата........
 
Ignore, ignore, ignore ако ти е за некоја тинејџерка да се затрескат и залетат по тебе. А за некоја да те земит за маж требит да ја изненадиш со еклери. It's that simple! Ова за мене си кажувам...:vrtioci:
 
еклер си е еклер,одсекогаш палело тоа кај жените,не знам кој фрла за џабе пари на фустани,чевли,скапи аранжмани и патувања итн.............
 
Ја барам 3 кила сладолед и 3 кригли од пол’ кило Скопско, зимно време, а летно уместо сладолед 3 кила праски или охридски цреши и пиво наравно!
:)
Ефтино се проВаѓа кај мене. :D
Имам јас парцела со Охридски черешни, али ме мрзит да ги збирам. Ак не ти е 'мка да ги збираш ел, зш јас селанин поќе сум по чукање и кафтење ореј.
Сладолед од Палма ќе ти дам, ти само ојш земвиш и ќе му речиш "Пиши кј онега на фактура"
:icon_mrgr:
 
Јас целиот мој живот, идеалното машко го замислував, со долга коса, права кафена, не многу висок и не дебел, да знае да свири гитара, и да оди по концерти со мене. Ништо друго не ми беше битно, ни дали ќе има пари, ни дали ќе биде мрзлив или работлив, него само ова погоре. И еден таков многу ми се свиѓаше, мислам дека се што набројав он поседуваше, толку да неможев да поверувам дека постои. Арно ама, не бидна ништо.
Кога го запознав мојот сопруг, тотална различност од погоре опишаното, сфатив дека, сум го нашла тоа што не сум го барала, а сум го сакала, и сфатив колку е погоре опишаното минливо. И колку сум среќна што во животот имам толку организирано и одговорно суштество. Јас никогаш не би поверувала дека таков маж на светов постои, и секој ден се повеќе му се восхитувам, колку мисли на се и колку е полн со разбирање. Не е папучар затоа што ми помага во сите домашни работи, затоа што знае да готви, знае и леб да испече, знае и машина да пушти, и буквално сите домаќински работи и куќни работи, јас воопшто за ништо никогаш не морам мајстор да викам. Не преувеличувам, ова е само дел, а најмногу од се ценам, е тоа што кога ќе земе плата не размислува одма да ја потроши на пиво во кафана, туку ја носи дома, па заедно НАШИТЕ пари ги распределуваме колку за што. Животот го натерал да научи да биде таков, организиран и одговорен и многу сум благодарна што го запознав, која и да е сила што направи да се запознаеме и да бидеме заедно.
Јас не барав сигурност, а ја најдов, го најдов најсовршеното суштество на светот. Најдов љубов неограничена покрај сето тоа, и маж кој ме цени , почитува и сака. Најдов топол кревет полн со љубов секоја вечер, и најдов разбирање до крајот на животот.
 
Да нема каприци и комплекси поголеми од моите, оти јас сакам да сум принцезата во врската :D. И да работи повеќе од мене.
 
Последно уредено:
"Го оставив сопругот и се вратив кај бившата љубов од минатото, одлука што ми го спаси животот"

- Статија на еден МК портал. Насловов ме стави цел во прашалници !!!
 
"Го оставив сопругот и се вратив кај бившата љубов од минатото, одлука што ми го спаси животот"

- Статија на еден МК портал. Насловов ме стави цел во прашалници !!!
Зошто, што не ти е јасно од насловот?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom