Црква во центарот на Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата concrete
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не ми се допаѓа ни “камениот мост“ ни новиот плоштад, ниту ГТЦ ниту изгледот на целиот тој простор таму, но што можеме сега да смениме кога веќе е изграден. :toe:

И сега замисли да ја изградат црквата, ќе го имаш глупиот ГТЦ, плочка плоштад, ЕСМ кој свети на високо, Телеком бетер од Есм, црквата у средина веднаш до тромбот со некакви фенси кафичи, и Ристичева палата, во чиј склоп се наоѓа џиџмиџарница веднаш до центарот за европски прашања. Циганчиња на сите страни кои просат, фали уште цела година да славиме Нова година, за дедо мразовците да ја пополнат цела атмосфера. И ако има некој број од Бетмен може да дојде.

Ќе се сложиш сигурно дека се` на светот се работи по концепт и план, и за се` однапред има одредена визија како треба да изгледа. Нашиот центар на градот изгледа како... не изгледа. :toe:
Е баш затоа што идејата за синхронизација е баук, а добриот урбанистички план мисловна именка, црквата нема да "нагрди" ништо, туку напротив.
Ако не е црква, верувај дека кога тогаш ќе нацуцулат некоја градба, у алпски или мексички-хациенда стил кој стварно ќе делува бизарно во тој простор.

Уосталом Марковски погоре кажа дека плоштадот ни е доволно голем.

Инаку и црква може да привлекува туристи, а не само меморијалниот центар на Мајка Тереза. Згора на тоа, црквата би била нешто кое ќе не претставува делумно и како нација и како култура.
 
У право си, само шо кај тебе чашата е полупразна, кај мене полна до пола. Ја све се надевам дека ќе се работи правилно.

Марковски напиша:
чудна сорта се луѓево наши значи, не им смета свеќи да палат на тротоар само затоа што се така навикнати и мислат дека тоа така треба и дека е некаква си традиција. додека од сосема нормални работи често паѓаат во несвест
Можеме до утре да се натегаме за ситници, ама ќе се задржам само на последново...

Мислиш конкретно на случајот “Тоше“. Некој беше паметен да подигне слика на Тоше на тоа место, и луѓето го правеа тоа што го правеа. Вистинското место беше во соборниот храм, кој е на 5 минути пеш од плоштадот. Без разлика, кој тоа мисли дека е во ред да се палат свеќи на тротоар, и дека е тоа плус традиција? Јас не сум сретнал такви. Токму заради погрешната лоцираност на собирот, свеќите ја изгореа тревата на кругот на плоштад. Е сега, да, ако ставиме црква на тоа место, ќе биде во ред.

Без разлика, во право сте, почнав дискусија пред време... да видиме конкретен план како ќе изгледа, па ќе видиме дали се`уште сум на ставот. Виктор се повлекува додека уште има војска :helou:
 
Нека градат, за градење на цркви и манастири не сум против.
 
Ке го оставам на страна дотичниот што ме пресмеа на темава ,ама ќе се надоврзам на неговиот муабет дека плоштадот бил мал.За истиот плоштад збориме?Оној кај градски трговски центар ,така?Е кога веќе збориме за истиот тој плоштад,ИМА доволно место да се изгради црква и да ја подржувам идејата.
Колку од вас го имате искористено тој простор,плоштадот?И кога веќе не знаеме колкава црвка се планира да се гради ,нема логика да коментираме дека ќе нема простор за друго?
А всушност кое друго?Митинзите?Е,да само за нив така ќе нема доволно простор.
 
Колку Соборната. :smir:
 
Тијана, знам :) Само бев малкуцка саркастичен... и Братот не ме разбрал, нити јас него :)

Сега прилепчаните ќе ни кажат дека сме во заблуда, само причекај малкуцка.

Не те разбрав сосема во право си... едноставно се надевав дека тоа беше саркастичен коментар :)

..Кој успеал да излезе малку надвор..кој прошетал по постарите градови ќе му биде сосема нормално и сигурен сум дека со многу поголеми симпатии ќе го прифати проектот за градење црква.

Објективен сум, и ќе признам дека локацијата е „несоодветна„ иако првин имав впечаток дека старата црква била на истото место што се планира и сега Конкрете залепи убава слика... сепак, многу работи се менуваат и не знаеме што планираат „ архитектите„ со комунистичката стоковна куќа ТИПО. Која е убедливо најгрдо здние на плоштадот.

Интел повторно ја турка својата политичка платформа како послушно внуче на генерацијата комунисти кои се заслужни во најголема мера за „модерниот„ изглед на градот и БЕСПРЕКОРНАТА архитектура од минатиот век.
Црквите беа благо речено...заборавени во времето на КПМ=СДС

А богата архитектура во скоро сите најголеми и најубави градови низ европа и светот се дело на такви нивни „врмовци„ кои сакале големи дворци,палати,мостови... сега можеш да се воодушевуваш и сликаш кога ќе шеташ по европа.

т.е. кај нас комунистиве посебна мрзлива сорта биле... пошто во сите поранешни комунистички земји режимот оставил зад себе прекрасни величествени објекти....како на пример Романија и „Народниот Дом“ ..втор после Пентагон..по големина :)

LKvicK959285-02.jpg
 
kolku znam tamu imalo stara crkva ama prvo teatarot da se napravi spored mene drzavata i crkvata treba da si odat po svoite patista ako saka crkvata da gradi neka si obezbedi crkovna lokacija i neka si gradi so ima moite pari koi gi plakam preku danoci da gi dava za crkovni potrebi lugeto i nivnite potrebi treba da se prioritet a ne crkvata i nejzinite potrebi
 
Најубавата локација за нова црква во Скопје е на местото кое му го дадоа на Трифун и Фуфо да прават кафеана,или веднаш до камениот мост во близина на старата џамија каде и предходно имало црква.Локацијата која ја предвидува власта нема да ги задоволи основните христијански норми за изградба на цркви,односно ќе имаме тесно грло при "комуникацискиот сегмент" официјален влез односно излез доколку се сака црквата да биде пограндиозна и стварно ефективно лоцирана со маркантна фигура.Вака само ќе имаме неприродно и несреќно лоцирано црквиче кое го замислува тимот на Гвујовата брачеда-архитект што не знае ни еден музеј да измери па камо ли да одбере соодветна локација за црква на плоштад.
Тоа е трагедијата на сите партијски подредени и одбрани кадри кој појма немаат за она што се уфрлени да го работат без соодветен просек и вистинско познавање за една таква одговорна работа како што е урбанистичкото планирање на централно градско подрачје.:(
 
не треба цркви,треба верници,не сум протиф изградба на цркви,али како што гледам владава не знае како го троши буџетот и туку и текнува некои фикс идеи додека народот страда за леб.тоа од мене вие како сакате сватете.
 
Црквите само го сплотуваат и обединуваат народот и никогаш не е лошо да ги има во што поголем број,како и тоа да бидат поголеми за да може да соберат што повеќе народ.Меѓутоа најлошо е да се инвестираат толку пари за несоодветна локација која може да биде само неколку 10тици метри поместена и добро елаборирана пред да се гради.
 
Pa ako ima i reakcii kako na forumov mislam i deka ke se odlucat da ja promenat lokacija.. na nestaveni temeli diskusija razvivte ko neznam sto, nego ne za drugo pogolemiot del bidejki "Gvujo" pravel nesto, a ne deka navistina e loso.
 
E ако де,подобро да се анимира стручната јавност која знае по нешто за изградба на објекти одколку да се удрат темелите и да се види дека немало место за такво нешто.Или сакаш и црквава да биде дел во низата промашени проекти на Гвујовата брачеда.?А црквата пак нека ја гради св.Никола,не верувам дека некој се противи.
 
Црквите само го сплотуваат и обединуваат народот и никогаш не е лошо да ги има во што поголем број,како и тоа да бидат поголеми за да може да соберат што повеќе народ.Меѓутоа најлошо е да се инвестираат толку пари за несоодветна локација која може да биде само неколку 10тици метри поместена и добро елаборирана пред да се гради.
абе брат има доволно цркви за сплотување народот,али кој оди во нив кажими???
за тоа зборам.:smir:
 
абе брат има доволно цркви за сплотување народот,али кој оди во нив кажими???
за тоа зборам.:smir:

Па за одредени религиозни празници нема ни игла кај да падне,толку народ не може да собере ни една политичка партија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom