Вака, дека неодамна е направена листа на најсвирепи луѓе кои некогаш постоеле, тоа е точно. Е сега, бројката петнаесет не ми е сигурна и мислам дека беа нешто повеќе
Како и да е, ќе се обидам утре да ги претставам ‘‘луѓето,, и да напишам со што го заслужиле тој епитет.
На пример, ми текнуваат имињата на
-Нерон, Римски император, кој иако владеел само седум години, со својата свирепост и сексуална изопаченост, претставувал вистински хорор за Римјаните, кои пред него живееле во кулминација на Империјата;
-Калигула, исто така Римски Император;
-Крвавата Мери, живеела некаде во 14 век, ама толку била нервно растроена, што ја сметале за права вештерка и крвопија. Има на истиот потфорум за Крвавата Мери И Распутин посебни постови;
-Атила Хунски, големиот Хунски водач, кој ја ставил Римсакта Империја на колена и погубил неколку стотици Европјани;
-Влад Дракул, владетел на кнежеството Влашка во Романија, кој им ја цицал крвта на поданиците и така се забавувал;
-Кралицата Дракул, која живеела пред Влад, во Трансилванија, Романија, и се капела во крв на млади девојки, нејзини слугинки, мислејќи дека така ќе ја зачува младоста и убавината;
-Адолф Хитлер, за кој не е потребно посебно претставување;
Една од неговите командирки на еден конц-логор, мислам се викаше Хилде Кох, која ја нарекувале Кучка, и која е одговорна за масовни геноциди врз Евреите;
-Имаше и еден камбоџански диктатор, некаде во седумдесетите, кој си сотрел околу 300 000 сонародници, под обвинение дека се шпиони на ЦИА и КГБ;
-Како и еден претседател, мислам на Гана, кој бил одговорен за убиствата на околу милион луѓе.
Ќе гледам утре со подетални и поточни информации.
Останете ми со здравје.