Граматички правила и правопис

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
Исто како и незнам, неможам...

незнам, неможам...не, не, не...не знам, не можам е вистинскиот начин.

Не би било лошо да научиме нешто што многу често се употребува, но ретко кога точно.

-Имињата на жители на континенти, држави, области се пишува со голема почетна буква: Африканец, Македонец, Мариовец, Мијак...
-Имињата на жители на населени места (градови, села, населби) се пишува со мала почетна буква: скопјанец, галичанец, карпошовец...:helou:
 
Многу се нервирам кога ке слушнам на ТВ, како Ѓто го заменуваат со Џ; или Ќто со Ч. Ме вади од такт. Време е да научат дека не е СрЏан Керим, и Марија ШерифовиЧ..туку Срѓан Керим и Марија Шерифовиќ.
Знам дека ова спаѓа во правоговор, ама сепак често и го пишуваат ова.

И уште едно прашање. ПЕНКАЛО, како се акцентира?
Пенкало или Пенкало? Мојата професорка по македонски до 8мо не’ убедуваше дека е второво :S
 
И уште едно прашање. ПЕНКАЛО, како се акцентира?
Пенкало или Пенкало? Мојата професорка по македонски до 8мо не’ убедуваше дека е второво :S
Првото.
Да, има и отстапувања во акцентирањето, ама за овој збор не е второто точно.
Гледам дека побрзо ќе почнам со реализирањето на идејата за посебна тема „За акцентот“. Има доста да се пишува, не е на одмет да научиме нешто повеќе, нели?:) Не ми е тешко да се нафатам, ќе ви се најде некогаш:)
 
Е ајде де. 4 години цело одделение и зборевме за тоа, не реагираше. Ние завршивме, сега му е класна на брат ми и пак исто. :uvo::nesvest:
 
И уште едно прашање. ПЕНКАЛО, како се акцентира?
Пенкало или Пенкало? Мојата професорка по македонски до 8мо не’ убедуваше дека е второво :S
Не, чекај, како може таа жена воопшто да биде професор, па уште по македонски јазик? КАКО?
Вакви примери во современиот скопски јазик има колку сакате, но тоа е само дијалект, литературниот јазик е нешто над сите смешни сељачки измишљотини.
И официјално, Пенкало има акцент на Е, како што вели третосложното акцентирање. Како ли сте учеле за таа лекција? :lud: :toe:
 
Мене дефинитивно најтешко ми е да проголтам "кој" наместо "кои".
Основна писменост бре луѓе, 5то одделение!
 
are znajte dek' na vremeto so strebreni pari vilgjanot so kave se polneshe..
 
dijalekt e a ne pravopis vo prashanje...oblast pomegju ohrid i resen

slushaj go nashiot najpoznat arheolog pa kje vidish

Така кажи. :)

Се работи за Македонски литературен јазик. Кај мене во маало се вика “шупак“ за оној кој не е на доволно високо ниво за разговор со останатите соседи. Во Македонскиот јазик се вика... лош сосед.

Проблемот со “сТрамота“ е што некои Скопјани мислат дека е исправен. Ако веќе живееме во Скопје, се нарекуваме Скопјани и ги растеме децата во Скопје... убаво би било барем да ги научиме на литературен јазик, ако веќе не на скопски дијалект. Корените се едно, резилот и незнаењето друго.
 
Мене дефинитивно најтешко ми е да проголтам "кој" наместо "кои".
Основна писменост бре луѓе, 5то одделение!
E, ова најмногу ме вади од такт, мешање "кој" и "кои", како и мешање акцент, апостроф и надреден знак.

Па побогу, "се" и "се`", "и" и "и`", "не" и "не`", НЕ Е ИСТО БЕ. Возрасни луѓе уште до ден денес среќавам што не ги пишуваат овие како што треба, а и да земеш да им` објасниш, се` уште не гледаат разлика, па и будала те прават.

А, да... Имав и во основно професорка* која тврдеше дека се пишува "неја", a не "неа".

Едит: наставничка беше во основно. :)
 
Му реков на Марија (битолски, прилепски). Марија е женско. Вака звучи ко легендарното од К-15 "Кажи му на Наташа дека Зоран го бара. Не кој ја бара, кој го бара, па јас сум мушко море хееејј" :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom