Граматички правила и правопис

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
А дали сте забележале дека често грешат во На кого му, наместо На кому му?
 
Има зборови кои се пишуваат со две исти букви,а се изговараат со една
-пролетта
-одделение
-сообраќај(овој збор можен е да се изговори со двете оо)
Шо мислиш,како се изговараат првите две зборчиња?

а каде тоа ти изговараш оДДеление без две Д???
или како би ја изговорила пролеТТа без 2 Т .. тоа би било пролета .. со значи дека нешто лета :pipi:

btw .. најсмешно ми е изговарање слично на ова... коњето, ѕидовето, патовето :uvo: ... а флижидер? флизер!!!
тава пу селски :tapp: :baeh: :helou:

а да... кај скопјани единствено ме нервира тоа што викаат.. сопртистА, економистА, идеалистА... хммм мислам од каде тоа?????
србизми? почнавме со падежи?
 
Ме нервира кога заедно ги пишуваат: „мајкати, мајками, таткому“* и слично.

*Правилно: мајка ти, мајка ми, татко му... И така натаму.
Да не редам примери, ја знаете поентата. :)
 
А дали сте забележале дека често грешат во На кого му, наместо На кому му?

Фантомче, убаво што си ја забележал таа навистина многу често употребувана бесмислица, само дозволи ми да те поправам и тебе. Не се вели на кому му туку кому му, без предлогот на. :helou:
 
Фантомче, убаво што си ја забележал таа навистина многу често употребувана бесмислица, само дозволи ми да те поправам и тебе. Не се вели на кому му туку кому му, без предлогот на. :helou:
И јас сакав да го пишам тоа, ме престигна.
Инаку, дали се пишува/изговара детаЛ или детаЉ ?
 
И јас сакав да го пишам тоа, ме престигна.
Инаку, дали се пишува/изговара детаЛ или детаЉ ?

Според Правописот на македонскиот литературен јазик, зборот детаљ се пишува со љ на крајот, а во неговата множинска форма љ-то преминува во л: детали. :wink:
 
И јас сакав да го пишам тоа, ме престигна.
Инаку, дали се пишува/изговара детаЛ или детаЉ ?
Ова ми е многу сомнително. Сум видел како на многу места, од многу сериозни луѓе се вели детаЉ. А јас сум убеден дека е детаЛ.
Плус, ако е детаЉ најчесто и акцентот паѓа на А. Во вториот случај сум приметил дека паѓа на Е. Како некое правило одат едно со друго.

:toe:
 
Потполно те сфаќам што сакаш да кажеш. Јас уште пет пати да завршам факултет, повторно ќе се збунувам на некои места. Но постои закон, постои Правопис и како кажале Кирил Конески и останатите му пајташи, така ќе кажеме и ние. :toe:
 
Страмота е да мислиш дека одиш во ресторант/базент.
Исто така е страмота да мислиш дека е послеМ.
 
Страмота е да мислиш дека одиш во ресторант/базент.
Исто така е страмота да мислиш дека е послеМ.
А сепак на толку многу табли пишува ресторанТ:tapp:
 
Страмота е да викаш мие отидовне. Ако не си сељо, треба да знаеш дека ние отидовме :)
 
Појдовне.:uvo:

Ми купе,сниме.
 
фЛизура,базентТрамота и уште неколку вакви изговори ме вадат од такт.Не знам каква глупа навика фатил народов,ама многу пара уши кога слушам.Дури и мојата професорка по македонски што се прави голем борец за Македонскиот јазик изговара фЛизура:nenene:.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom