Каде бевте синоќа и дали се одлепивте или нафуравте лошо?:-)

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Таксират, стандардно*.


* се подразбира многу убава музика, убава атмосфера, убави луѓе во моето друштво, се е убаво на главната вечер на Таксират
 
Вчера никаде ама завчера лом се направив. Све супер транс музиче и кога свртија српско све исповратив....
 
Тапа, нигде вчера, криза ме фаќа веќе. Аљи Амети го пукаше ватромет во центар, дита е фљамурит, све ш(ќ)иптарски песни фрчеа, си останав дома за моја лична безбедност.

Ауф врнеше вечерта за нигде не беше. Ни знаме се виде ни ништо :D
Ја претходната свиткав пе чес бекса во Фужн :D. Вечерта нигде.


Иначе викендов нигде, само саботата малце до кеј и толку.
 
После толку време да одам во кафич на српско. Ах...
Ги заборајв некои од старите ДОБРИ српски песни.
Пијано ... Сепак ... супер си поминав . Важно друштвото ми беше петка. :)
 
после пауза од еден викенд синоќа повторно бев во Клуб Импакт (Велес) на Диџеј Бабура и си поминав феноменално...сакам пак :vozbud:
 
на фластер фестивал ... Conquering Lion и Слаџ растур направија =) нај нај нај нај најубаво беше од концертот на Аранѓел си неам толку убо поминато =)
 
Требаше на лазањи ама најпосле излезе на по една кригла и кикиритки со сестра ми небиолошката во пабот. Интересно колку работите ,т.е. луѓето не се смениле по толку време :) Или пак мене ми се чини дека многу поминало,како и да е,одлична вечер.
 
Прво бев на роденден кај една колешка од факултет во слаткарата Палма во Аеродром.Таму беше малку досадно,но покасно отидовме со дечкото во Мамас,со пивце и добра музика си поминавме супер.Свиреа Dаy Off.Супер се дечките.
 
Опуштено, со поубавата половина и со другари во Букет...
Ресторанов поубаво изгледа од надвор него внатре што е... :)
Тапа атмосфера, до нас женички со по едно кафенце, немаше узо, туфакија... А им стојат у менито. :)

Онака... :)
 
Во Селект. Марко & Кацар не наполнија гревови - денес на исповед .. Кул помин, да не речам поубаво и од концертот, не знам дали беше до Баделот или неш др .... :icon_bigg
 
Во парк на -10 и добро загревање со црвено вино.. :)
Од тука на Врчак и Елена (мислам се викаше) до сеа... Добро беше... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom