Necrophilia
Find Prettys Womans from your city for night
- Член од
- 13 август 2006
- Мислења
- 7.633
- Поени од реакции
- 140
- Возраст
- 37
- Локација
- Usa
- Веб-сајт
- meettomy.site

Новата Nokia N82 на пазарот ќе се појави веднаш, и ќе чини околу 450 евра.
Основни карактеристики:
Како што спомнавме N82 има 5 мегапикселна камера со Carl Zeiss оптика. Ова е истиот камера модул како и на N95, меѓутоа наместо обична LED сијаличка, N82 има вистински Xenon блиц. Тоа значи дека фотографирањето во услови на слаба светлина би требало да биде значително подобрено. Исто така се наведува дека целокупната брзина на камера апликацијата е зголемена.
Во својот прес извештај, Nokia го опишува N82 како најдобар камера-телефон на пазарот и прилично солидна алтернатива на дигиталните камери. Камерата поддржува и снимање видео со VGA резолуција односно 30 фрејмови во секунда. Спецификации на камерата:
- CMOS sensor, 5 megapixel (2592 x 1944), Carl Zeiss Tessar леќи
- F number/Aperture: F2.8
- Focal length: 5.6 mm
- Focus range 10cm - infinity
- Macro focus distance: 10-50 cm

Интересно изненадување е вградениот акцелерометар кој врши автоматска ротација на корисничкиот интерфејс во зависност од положбата. Значи доколку го свртите телефонот од хоризонтална во вертикална положба, автоматски ротира и “екранот“. Оваа можност исто така се користи и во галеријата за разгледување на фотографии во различна ориентација.
Дисплејот е 2.4 инчен (QVGA) со поддршка за 16 милиони бои. Во однос на димензиите дисплејот е незначително помал од N95 меѓутоа со оглед на целокупните димензии добро се вклопува и е пријатен за користње.Димензиите на телефонот се 112 x 50.2 x 17.3 мм, а тежи само 114 грама. Колку за споредба можеме да споменеме дека во однос на димензиите и изгледот најповеќе наликува на формата и димензиите на моделот N73.
Што се однесува до навигациските можности, N82 може да се пофали со вграден GPS приемник. Исто така на телефонот доѓа преинсталирана бесплатната апликација Nokia Maps која овозможува детална картографија и GPS навигација. Особено интересно за нас е дека за Македонија има детално покривање на поголемите градови до ниво на улици, како и магистралните и регионалните патишта. Интерсно е да споменеме дека во рамките на оваа апликација можете да пребарувате т.н. места од интерес, што значи дека во Македонија врз основа на вашата локација можете да пребарувате хотели, ресторани, паркинзи и слично.
Телефонот има 3.5мм приклучок за конектирање со слушалки, ТВ видео излез, интегрирани стерео звучници, ФМ радио, и поддршка за Windows Media DRM и OMA DRM 1.0/2.0 . Очигледно станува збор за телефон со богати музички можности кои во комбинација со новата музичка продавница на Nokia, можат да пружат навистина одлично музичко уживање каде и да се наоѓате.

Во однос на меморијата, N82 е солидно опремен со 100 мегабајти вградена меморија, и слот за microSD мемориска картичка. Во пакет со телефонот доѓа мемориска картичка со капацитет од 2 гигабајти. (ова може да варира во однос на пазарот).
Конективноста на Nokia N82 е одлична. Тоа значи дека поддржува quad-band GSM/GPRS/EDGE, WCDMA на 2100 MHz (Европски / Азиски мрежи), WiFi (802.11 b/g) поддршка за UPnP конективност, Bluetooth (AVRCP и A2DP профили), инфрацрвен и USB порт.
Врз основа на погоре споменатите карактеристики и можности слободно можеме да заклучиме дека станува збор за навистина моќен мобилен телефон. Како што можете и сами да забележите во основа станува збор за N95 во видоизменето издание и со одредени помали подобрувања. Во секој случај одличен мобилен телефон за љубителите на класичниот моноблок дизајн, и оние корисници кои бараат и очекуваат многу од својот мобилен телефон.
Превземено од http://telefoni.com.mk/