Прашањето ми беше можеме ли нешто повеќе да постигнеме (од тоа што го предвидувате) и ако може на кој начин?
Ако на нашите политичари им е мила Македонија, треба да престанат да се китат со пердуви кој што направил, кој што спречил, кој што украл и тн.
Ако на опозицијата и е мила Македонија, ќе престане да прави раздори и пречки на секој чекор внатрешно во државата барем до следните избори, а дотогаш, и така ја бива за лажење, барем нека ги лаже мониторите и останатиот политички свет дека во „Македонија грее силно сонце и дека ружите цветаат а лавовите уживаат во нивниот мирис, нема повеќе реа бидејќи мршојадците ја изедоа цела мрша“...
Ако на позицијата и е мила Македонија, наместо да фрла пари за кампањи против корупција, нека ја спречи таа корупција веќе еднаш. Немора за тоа да прави реклами. Наместо тоа, тие пари нека се искористат за зацврстување на лоби. Лоби кое ќе може да му парира барем на албанското ако не на грчкото. Да го чуе останатиот свет и нашиот глас веќе еднаш.
Тек тогаш, кога Фуере ќе каже „Јас се извинувам во името на организацијата која ја претставувам, ама Вие сеуште не сте подготвени за ова“тогаш треба да му се каже „ЧЕКАЈ! Од кај на тебе тој заклучок? Листата со барања која ја доставивте е исполнета во целост, и имате лице да кажете дека не сме подготвени!?“
Ама се додека се води работата на ваков начин како што се води, секогаш ќе имаат оправдувања зошто не сме примени таму.
АМА, знам дека ни тоа нема да биде доволно за Нив. Затоа што, Македонија може да направи пресврт како Ирска во сите погледи, ама ако не сакаат да ја приклучат во „семејството“, ти бе брате што сакаш направи, нема да влезеш. Е затоа на темата „Македонија без ЕУ и НАТО...Што после“ дадов коментар „Искрено, веќе ме боли кур“.
Епа ме боли кур. Рамно ми е до Триглав.
Грците ни ставаат пречки на секој чекор, а не се свесни дека како нивен сосед можеме да ги заебеме на економско поле ДО ДАСКА. Доволен е само стравот за тоа. Се плашат од нас како слон од глушец, а тоа ни оди во прилог.