Уште поконкретно за темава:Потешко ви е што спиел со неа или што ја сакал?
Боли и што спиел со неа и што ја сакал, ама најмногу боли ако ја сакал повеќе од мене
Мислам, знам дека е глупо да се праи споредби за вакви работи, ама кај секого е таков случајот да, од сите врски што сме ги имале, само еден или една ќе се двои како посебен, како човек што оставил најголем белег, како човек покрај кого сите останати се второстепени.
Е тоа боли, да сум второстепена

Тоа боли дури и кога не сум заљубена во човекот, самото сознание дека ме сака, ама не колку што ја сакал неа, следствено таму негде постои некоја што според критериумите на еден маж е подобра од мене, е убиствено за моето его

А и за егото на секоја жена, претпоставувам.
Значи не се работи за љубомора или нешто слично; едноставно, сите копнееме да сме единствени и најважни и најпосебни.