Акните - повеќе од тинејџерски проблем

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
На мене од мрсни работи ми излегуваа акни! Пред тоа цело зимо јадев тостови со мајонезишта пиев млеко и јадев месо и поради тоа! Сега како ја сменив исхраната,голем број ги снема.Јас користам Гарниер тоа со четката секое утро и вечер си го измијам лицето и после користам Гарниер ролон против акни и можам да кажам дека прилично ми ги снемува! Пред тоа користев Леа лосион и гел против акни од фитофарм,исто така многу добар производ ви го препорачувам! Мајка ми вели дека акните ги снемува кога го менуиваш брендот т.е преминуваш од леа во гарниер во тој случај,периодично ќе ги снема па после ќе станат имуни и на тој препарат.Шо знам,можеби е така,но тие два производи ми се најдобри! :D
 
Јас имам многу лузни од акни, акните ми се изгубија но пак имам неколку. Дали некој има одено кај Др Анчевски на микродермоабразија, хемиски пилинг, овошни киселини, ласер било што и дали помага?????????

Подобар избор ти е Дерма Медика, д-р Елизабета Ризова на пример. Хемискиот пилинг е одличен избор, само доколку сакаш да почнеш со третманите сега, би требало да избегнуваш сонце и да користиш креми со заштитен фактор Eucerin Sun Fluid Uv 50 на пример (можеш да побараш и тестерчиња во дерматолошката ординација за да не се изложуваш на толку трошоци). Инаку се користи еднаш во две недели, најчесто до јуни.
Третманот почнува така што на лицето се става обезмастувач, а потоа киселината. Кај мене започнаа со mesopeel azelan, бидејќи имам чувствителна кожа, а потоа со гликолна. Отстојува на лицето десеттина минути, ќе осетиш благо пецкање, а потоа се става неутрализатор. За смирување на кожата можно е да ти стават и зелена маска (глина), која ги затвора порите и го намалува црвенилото. Третманот отприлика трае некои 60тина минути. Бројот на третмани зависи од сериозноста на проблемот и чинат од 2000-2500 денари. Резултати има, повеќето беа задоволни, меѓу кои и јас. :)
 
Мајка ми вели дека акните ги снемува кога го менуиваш брендот т.е преминуваш од леа во гарниер во тој случај,периодично ќе ги снема па после ќе станат имуни и на тој препарат
Што било работата , а јас гледам дека имам резултати од препарати само еден месец кога ке ги почнам, тогаш ни една не ми искача.Од сега секој месец ке менувам :sneaky:
 
Не ми изгледа како добра варијанта некако,да не се оштети кожата многу ?? мојата е многу масна кожа наутро кога станам со крпа да се истријам маст дури ми излегува и поради тоа не ставам ниаккви креми! јас само тие двете си ги менувам Леа и гарниер,ама коа дојде време за бричење кога се избричам многу акни ми излегуваат изгледа станаа имуни на колонската вода,па сега од Берово ми испратија ракија,после секое бричење ракија ставам и пече многу али ефект има! :D
 
Има некој користено ретин а , или некоја друга крема врз база на третиноин (дериват од а витамин) грчки "аирол" исто до пред некое време се продаваше низ аптеките на "зегин" али сега го нема , ако некој има искуство со вакви креми го молам да пиши , мн помагале за мрсна кожа .. исто имаат и анти ејџ ефект ...
 
За акните можам и студија да напишам. Тие ми се најголемиот проблем од аспект на здравје, но полека, полека поминуваат. Лично јас имав проблеми уште пред четири години, но после посета на кожен лекар и после користење на еден препарат кој ми го направија во аптека (смеса од слуфур, спиритус и уште други препарати) ми разминаа. По некој месец пак ми се јавија во полоша форма, но и тогаш си го земав истиот препарат, а по потрошувањето веднаш земав уште едно шишенце, но не можев да го трпам никако тешкиот и неподнослив мирис од сулфурот. Цела собе, чаршаф, перници, облеката, се' ми смрдеше на тешкиотсулфур и прекинав... Е после ги запоставив акните оти секако не ми беа се' уште некој којзнае колку голем проблем.
До пред година време лицето ми беше прилично чисто, со по некоја акна, но користејќи разни скапи, и од скапи поскапи препарати ја одржавав постојано чистотата на лицето. Но летото како преку ноќ ми излегоа по целото лице.. добро не беше буквално преку ноќ, ама толку неприметливо ми се појавија за неколку дена, што стварно како да беше преку ноќ. И почнав веднаш со витамини, ја намалив мрсната храна (мајонез, прженици...), си изнакупив витамин А, Б, Е, витамини кои се едни од најодговорните за состојбата на кожата. Два месеца не излегов од дома. Лицето ми беше баш како оние на сликите што беа ставени на почетокот... :notworthy:Витамините не помогнаа, лосионите исто така. За среќа матичниот лекар ми препорача да ми направи ехо, со тоа тој увиде дека имам полицистични јајници. Потоа бев на гинеколог кој ме испрати да направам купица испитувања на крвта за да ги провери хормоните... Хормоните воопшто не ми беа во ред, се' беше „каша попара“. Ми беше препишана „Диане-35“ терапија и сега веќе 8 месеци ги пијам апчињата и благодарение на нив немам потреба од користење на лосиони, на кремови кои секако во прекумерено користење повеќе ѝ штетат на и така веќе оштетената кожа. Сега планирам да посетам некој добар кожен лекар за да се консултирам за користење на некој препарат за да не ми останат дупки на лицето од акните кои веќе поминуваат. Разликата почна да се покажува дури после 6тиот, 7миот месец. Бев трпелива, но уште и треба да бидам. Обично оваа терапија се прима 9 месеци (барем така гледам по некои мои врсници кои ја примаа терапијава), но докторката ми рече дека ќе ги пијам уште МНОГУ време (претпоставувам и повеќе од година и пол) бидејќи ако се прекинат, проблемот се повторувал.... Воопшто не ми пречи, колку треба ќе ги пијам, само да помине целосно... :)
Поздрав!
 
Како бе летно време ти излегувале?? чудно ми е ова,на мене летно време ич не ми излегуваат.Посебно на сонце кога се изложам и сите акни ги испече и ми паднат ептен ми е чисто лицето! а зимото ми го направи лицето ...ренде!
 
Значи како што спомнав, мојот проблем беа хормоните... Т.е. хормоните се побркале, предизвикале и полицистични јајници а тие две работи во спој придонесуваат за многу пробеми, многу сериозни проблеми. Проблемот кој мене ми го предизвикаа беше мрсната кожа, а мрсната кожа и акни - „совршен спој“, нели :D... Инаку можеби твојот проблем е предизвикан од некој проблем со кожата, оможеби недостаток на некој витамин... Којзнае кај секој е различно, но како и да е акните не треба да се сфаќаат како „пубертетски проблем“, јас го поминав пубертетот, сега сум 18, па уште се мачам со нив.... Значи не е до пубертет, хормоните се најодговорни. И кога ќе видам некој (машко или женско) со акни целото лице, ми иди да одам да му кажам каде да си го бара лекот... И јас се мачв многу време трагајќи по спасот, ама добро е го најдов :)
 
Ааа,и кај мене е масна кожата ептен,наутро кога станам поколу носот имам една крпиче маст да избришам дури! а и немам многу акни,мислам имав по лицето,ама сега ми се преселија по вратот и по телото имам,ама не се толку многу воочливи! но приближно како по сликите
 
Ми беше препишана „Диане-35“ терапија и сега веќе 8 месеци ги пијам апчињата и благодарение на нив немам потреба од користење на лосиони, на кремови кои секако во прекумерено користење повеќе ѝ штетат на и така веќе оштетената кожа.

Не знам зошто, како и кој ти ги препишал Диането кога секаде во светот се повлечени од употреба заради тоа што предизвикуваат автоимун хепатит, имаше голема кампања за нив и за Јасмин пред некоја година, би требало докторите да го знаат.
Би ти препорачала што побрзо да ја смениш терапијата кај добро обучен дерматолог кој е во тек со случувањата со лековите. Пешиќ и Ризова од Дерма Медика се сосема добри, можеш да одиш кај некој од нив.
 
Еве ви поевтин избор за да се ослободите од акни.
Се миете со
antiegzma.gif

АНТИЕГЗЕМА - КАТРАН
Се користи за темелно чистење и хигиена на заболена, проблематична и осетлива кожа. Се препорачува против првут, акни, псоријаза, егзема. Содржи активна состојка од природен боров катран и чини 60-70 денари

После тоа нанесувате Хлорамфеникол или Хлоракол лосион за акни го има во аптека и чини околу 90 денари.
Постапкава ја повторувате два пати дневно сабајле и навечер, а резултати се забележуваат за брзо време.
Исто може да ставите и од
20120317152730zdrave.jpg

чини околу 50 денари и го има во аптеки или поголеми маркети.
Лосионот Хлорамфеникол користете го два пати неделно, а кремчево пред спиење на сува и чиста кожа. Не само што помага за отстранување на акни туку помага и за чистење на кожата од флеки/дамки.
 
Ја има некој користено колекцијата од Лептен и како сте задоволни?
 
Момци да ве прашам нешто , дали има врска со тоа што го иам јас приметено или е до нешто друго e - пред да одам на Мај значи лицето ми беше чисто , само 2/3 акни таму ваму , а кога отидовме на Мај престојувавме во една Вила , да речеме стара , прашина не исчистена , т.е беше на другар па да не плакаме за вила отидовме таму , и таму бевме вкупно 3 вечери , значи ја од дома си земав перница а се др беше од таму , за време на престојов таму се повеке и повеке ми излегуваа акни , значи низ целото лице а кога се вратв дома со моја нега за 2/3 дена исчезнаа и повторно имав ептен малку само на некој места..
2 Случај .. Еве сеа пред 1 ден се вратив од Планина , таму бев 5 дена спиев во шатори , беше се чисто , но преку ден кога работевме имаше многу прашина и истото ми се деси , лицето ми беше чисто а сега повторно ми излегоа повеке од вообичаено , значи по мој заклучок е дека на мене акните ми излегуваат од прашина и такви ствари , значи кожата ми е чуствителна на прашина и поради тоа ми излегуваат ..ваше мислење?
 
Ако може да споделиш што претставува твојата нега :)
 
Знае ли некој начини како да ја намалам мрснината на лицето на подолг временски рок??дали лимонот помага во тоа?
и дали сонцето добронамерно делува врз акните,сум забележал дека кога ке се исончам,наредниот ден ги немам,а потоа повторно...
и уште едно,има повеќе видови на акни,акни кои кога ке ти излезат траат и до месец дена,акни кои имаат гној на нив,тие се неколку денови,и акни односно црвени кругчиња низ лицето кои не се подигнати нагоре,туку се со иста рамнина со кожата.и мислам дека сите од нив треба различно да се третираат,а јас за жал имам од сите три видови
100_6879.JPG

и за крај дали пудрото лошо делува?јас користам камено пудро
imgres
како на сликата,морам некако да ги маскирам акните на лицето :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom