Ќе се надоврзам на муабетот на Кики ... Тотално се согласувам дека, во основа, сите се молиме на еден исти Бог, којшто Го нарекуваме со различни имиња. Се... ама баш сите детали натаму... се небитни и единствена цел им е манипулација за остварување на цели на поединецот.
Оној којшто би ми понудил било каква сума за да ја сменам религијата е еден од оние подлеци коишто ја користат верата за манипулација, или уште поверојатно, е изманипулиран од еден од нив. Не сакам да имам ништо со било кој од нив... без разлика од која религија да се!
Чисто информативно, за оние коишто тврдат дека ќе ги земат парите, али во душа ќе останат Христијани (или на која и да религија припаѓаат моментално)... мислите дека таму ќе заврши приказната?
- Дечко, ај потпиши се дека ја менуваш религијата...
- (се потпишува)
- Фала, еве ти ја актовката со пари, се гледаме во рајот ... Чао... поздрави дома...
Хммм... не... не би рекол дека баш така ќе се одвиваат работите... Мислам дека ви е јасна приказната натаму, да не го тупам премногу со должина на постот, пошто никој нема да сака да го прочита тогаш
