13.03.2011 - Derby della Capitale - Roma-Lazio

  • Креатор на темата Креатор на темата Smert
  • Време на започнување Време на започнување

Кој мислите дека ќе победи на Derby della Capitale?


  • Вкупно гласачи
    54
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Give me five!!!

Го чекам @Smert да дојде да прикачи некоја фотографија од натпреварот:pos::pos:

--- надополнето ---

По тапа утакмица немам гледано неможам да ја догледам не личи на дерби

па не играат Арсенал-Тотенхем :)
 
Ги изгледав последните 30ина минути. Ептен напнато и тензично !

Лацио не наоѓаше начин да одговори на водството на Рома, тоа и резултираше со фрустрациите и губење на живците во финишот. Колку му беа најадени на Тоти само ццц .. :)
 
198880_184650518244151_150322401676963_447340_4180816_n.jpg

ова оди на аватар
 
По слабо дерби здравје,да не речам досадно за гледање,Лацио не покажа ама баш ништо од она што се очекуваше,не дек и рома одигра бог знае колку добро но за нијанса беа подобри,а што немаше пенал немаше како и да е борбата за четвртото место станува се поинтересна.
 
Честитки до фановите на Рома:helou:
 
Само што се вратив од Рим и морам да кажам дека се беше супер освен резултатот нормално. :) На вистински начин го осетив дербито! Детално ќе пишувам утре, сега не сум способен, немам спиено речиси 40 саати... Ќе има и слики, а ќе пробам да најдам и некој клип од другариве што снимаа.
 
Само што се вратив од Рим и морам да кажам дека се беше супер освен резултатот нормално. :) На вистински начин го осетив дербито! Детално ќе пишувам утре, сега не сум способен, немам спиено речиси 40 саати... Ќе има и слики, а ќе пробам да најдам и некој клип од другариве што снимаа.

па можеш тоа да го направиш, јас не сум бил никогаш, па би сакал да чујам што како било... и биди објективен, кажи какви беа и Курва Суд... мене како што ми кажа еден хрват кој ми е пријател на фб и кој беше на дербито имало слабо навивање, посебно од страна на Курва Норд, три песни им се вртеле цело време, повторувам не дека нешто посебно биле фановите на Рома, ама како за нијанса подобри... не е важно ти раскажи ни како си помина :)
 
Епа вака... ќе почнам од почеток. Бевме група од 6 луѓе. Месец дена однапред имавме резервирано повратни авионски карти Белград-Рим (околу 80-90 евра). До Белград одевме со автобус четвртокот вечерта, а летот за Рим беше петок сабајле. Кога стигнавме во Рим прво нешто што направиме беше да отидеме до фан-шопот на Лацио кој се наоѓаше на 2-3 улици од железничката станица, за да резервираме карти. Картите ги добивме следниот ден. :)

P130311_10.08.jpg

После цел ден шетање низ Рим во саботата и цела ноќ журкање дојде денот за големото дерби. Откако се распрашавме како да стигнеме до Олимпико, тргнавме со метро, се симнавме на одредена станица, излеговме горе и се качивме во трамвај. Очигледно го одбравме погрешниот пат бидејќи трамвајот беше полн со романисти. :) Кога се симнавме од трамвајот, се упативме кон еден мост во близината бидејќи го видовме Олимпико од другата страна. Како што се приближувавме, сфативме дека мостот води кон Curva Sud. За среќа, само што го поминавме мостот, свртевме десно по една улица и го заобиколивме стадионот, доаѓајќи на вистинското место. :)

P130311_13.07.jpg

Влеговме на стадионот на 90-100 минути пред почетокот на натпреварот.

P130311_13.27.jpgP130311_13.26.jpg

Како што одминуваше времето, трибините се повеќе се полнеа.

191351_10150120795761683_802751682_6468218_4288530_o.jpg195101_10150120795906683_802751682_6468219_6374531_o.jpg

Кореографијата на Nord на почетокот на дербито:
190814_10150120796186683_802751682_6468221_7939839_o.jpg193560_10150120796041683_802751682_6468220_6045877_o.jpg

За навивањето на Sud не можам да коментирам бидејќи слабо го слушав, сепак се работеше за оддалеченост од повеќе од 100 метри. На Nord се вртеа едно 4-5 песни ако се сеќавам добро, од кои најчесто се пееше T'amiamo, која е прилично нова песна на навивачите на Лацио, ако не се лажам првпат беше пеена на натпреварот со Палермо претходното коло.

Од самиот натпревар немам слики, еден другар снимаше неколку клипови, па ако успеам да ги земам од него, ќе ги постирам тука. На крајот на мечот, за жал...
191728_10150120796581683_802751682_6468232_8128033_o.jpg

Тоа е тоа... петти пораз по ред, четврти со Реја. Човекот едноставно не го бива за дерби натпревари... Мислам дека е време да си оди, ако не сега, тогаш на крајот на сезоната.

Како и да е...
P120311_17.37_[01].jpg

Ave Cesare, Ave Paolo, Ave Laziali! Non Mollare Mai!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom