Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
The lovely Bones од Alice Sebold. Бестселер кој направи растурн на топ листите. Предобра книга, полна пред се со емоции.
Од каде ја најде оваа и на кој јазик ја читаш? Навистина сакам да излезе македонско издание, во декември годинава се очекува и игран филм под режисерка палка на Питер Џексон.
Животот не е борба,туку игра на давање и примање. Се што човек кажува и прави,ќе му се врати;тоа што го дава,тоа и ќе го добие. Ако нуди љубов,ќе добие љубов;ако шири омраза,омраза ќе добие;ако лаже и него ќе го лажат.
„Уличниот адвокат“ - Џон Гришам
Се работи за адвокат со високо реноме кој работи во фирма и ги има сите потребни услови да ги оствари дамнешните амбиции, да стане партнер во фирмата и да ја зголеми својата заработувачка уште повеќе. Но, една средба со обичен скитник и питач од улицата ќе направи пресврт во неговиот живот. Трилер книга, баш по моја мерка. Ми се допаѓа.
Откако ги завршив Тајна и Дигитална тврдина, се фатив за она кое ми е дел од школската програма.
Крпен живот - Стале Попов.
Не ми се допаѓа почетокот на книгата. Се надевам дека понатаму ќе се случува нешто интересно иако од она кое до сега го имам слушнато книгата не е ништо посебно.