Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
The lucky one - Nicholas Sparks. Уште еден љубиќ од Кољо спарковиќ, слатко, лесно за читање.
Еден човек маринец е во потрага по една жена за која има само една информација - фотографија од неа. Сликата која на еден начин му го има спасено животот го натерува да ги прошета САД само за да го види својот ангел чувар.
Сеуште на почеток сум но верувам дека ќе ме држи до неизвесност како досегашните.
 
Пред некој ден ја завршив „Шмизла“ на Сашо Тасевски, интересни драми, онака за опуштање, а бидејќи сум во тој период, ја читам и Адел Паркс со „Чевлите на другата жена“.
Ова е веќе малку поинтересно, повозбудливо и полесно за индентификување. :)

Инаку ја завршив книгата и мене навистина ми се допадна, си најдов јас смисла и ми докажа една моја теорија, ама тоа веќе преминува во филозофија. :)
Книгата нема многу страни, доколку имаше повеќе ќе беше побогата со описи и слично, вака нема.
Сепак мене многу ми се свиѓа... :)
Прашање на вкус, сепак.:smir:
Ммм ... Марк Леви, ја читав пред некои 4/5 години и покрај не толку добриот стил на книгата, приказната е класика, сакаш не сакаш ќе прочиташ и ќе ти се допадне. :)
 
Моментално ја читам Замрачување, третото продолжение од Самрак (Twilight).. Супер е книгата малку возбудлива поради барањата на Бела, сепак со нетрпение чекам да го прочитам четвртиот дел и завршен да видам каков ке биде крајот ;)
 
Zajedno Sami - Марко Шелич а.к.а. Марчело , книгата е нешто што засекогаш ке остави белег во мојот живот, треба да ја стават како дел од Библијата, просветлување и тонење во реалниот свет и нешто што ќе ве натера да се смените за 360 степени, феноменално, надприродно нешто, секоја чест !
 
Ја читам “Неподносливата леснотија на постоењето“ од Милан Кундера. Два години ми се мафта низ дома, никако да седнам асално да ја читам и сега ја почнав убаво. Малце некои работи не ми се јасни, ама има интересни мисли и поента. Барем до таму кај што сум стасана. :)
 
Моментално читам биографиите на Фидел Кастро и на Мишел Обама .Многу мистерии и мигови кои не ми беа јани од нивните животи успејав да дознаам.
 
Денес си ја завршив „Гроф Монте Кристо“ и едвај чекам да го гледам филмот.
Почнав да ја читам „Професорката по англиски“, а истовремено читам последна книга од трилогија на Перл Бак - „Растурен дом“.
 
моментално ја читам „Оркански Височини“ од Емили Бронте. Негде полојна ја иам скинато :smir:
 
моментално ја читам ВОЈНА и МИР од Толстој. Ме изнамачи книгата огромна е и сеуште неможам да дадам коментар за неа, но не се откажувам ја прочитав првата сега ја читам втората книга
 
Само што ја започнав ,,Теорија на хаосот,, немам прочитано многу,некои 50тина страни и на почеток не делува многу привлечно ама ми рекоа дека добра идеа обработувала.
 
Читам електронска и преведена на македонски,света книга Кур`ан. Бидејќи исламските обичаи (колку што знам) бараат посебни ритуали за да се чита печатената верзија, решив да ги прескокнам религиозните обичаи. Сепак пристапувам кон Кур`ан от, од чисто литературен, а не религиски аспект.
 
"американци"-од Мила Адања Полак југословенска новинарка која пишува за Американците и нивнииот начин на живот па се до интервјуа и описи со видни новинари и политичари кои егзистирале на тогашната политичка и медиумска сфера.
Инаку книгата е реликвија и збори за период од 77-81, отворање на временска капсула која ги кажува грижите ,погледите и борбите во тогашното Америчко општество кое и не се сменило премногу последниве 30 години ,освен грижите тогаш била телевизијата, денес е WOW или нетот.
 
После The lucky one вчера ја почнав Nights at Rodanthe од Николас Спаркс. Пошто сум на почеток сеуште нема да коментирам иако типов тешко дека ќе ја изневери желбата да ја прочитам книгата од корица до корица.
 
Император - Kон Игулден, првата книга од трилогијата за најголемиот Римјанин, Јулие Цезар, која го опишува неговото детство. Страшно интересна книга која го опишува финкционирањето на цел тој систем.
 
,,Уметноста на соблекувањето"-Стефани Леман
Тра-ла-ла книгиче, се чита на плажа, а во дефицит на плажа, може да ја читате во автобус, веце, додека пржите јајца... Американска приказна за мајка стриптизерка и ќерка готвачка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom