Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Ловец на змејови - Халед Хосеини

Има една реченица на почетоков на книгава, вели: Луѓето грешат кога велат дека минатото може да се закопа, зашто тоа знае да се пробие на површината!
Кога ќе завршите со читањето на книгава, ќе сфатите дека книгата во најголем дел е токму за тоа, за минатото што нѐ следи како сенка макар ние сме побегнале на другиот крај од светот. За детската безгрижност и верност, за животот што го носи војната, за обичаите, за искупувањето и за шансата повторно да се биде добар.
Книгава е ролеркостер од емоции. Во еден момент ќе се затекнеш насмеан, за да веднаш во наредниот кнедла ти застане во грлото...

Топло ви ја препорачувам.
 
Кој тропа на прозорецот?-Линвуд Баркли

Првпат читам од Баркли нешто и сега за сега ми е добра. Постапно се откриваат случките, држи во неизвеснот. Мора да ја дочитам за картко време пошто ептен ме копка дали ќе дознае кој му ја дал смртоносната доза на син му и дали ќе се одмазди :D
 
Препорачајте некои добри книги, поврзани со грчка митологија, нинбершки процес, добри психолошки, историски, книги од кои може да се научи.

Да се со добар превод.
 
Милан Кундера - Шега

Романот е поделен на седум делови каде раскажуваат четири ликови, времето е крајот на шеесетите години во тогашна Чехословачка.

Длабоко навлегување во емоции и постапки, минимално физичко опишување на ликови.
Ептен ми прави мерак. За првпат го читам Кундера, сигурна сум дека нема да биде и последен.
 
Милан Кундера - Шега

Романот е поделен на седум делови каде раскажуваат четири ликови, времето е крајот на шеесетите години во тогашна Чехословачка.

Длабоко навлегување во емоции и постапки, минимално физичко опишување на ликови.
Ептен ми прави мерак. За првпат го читам Кундера, сигурна сум дека нема да биде и последен.
Следно „Неподносливата леснотија на постоењето“ па „Смешни љубови“, па „Идентитет“ итн. За читање и уживање...
 
„Љубов во време на колера“ - Г.Г. Маркес
Ми се допаѓаат деталите во кои се навлегува за да се долови времето на случување и конкретната ситуација. Скоро до половината сум, ама па некако не ми се допаѓа таа константна игра на мачка - глушец и ми доаѓа да завртам и да прочитам дали конечно ќе се најдат :unsure:
 
Пурпурен Хибискус- до пола сум и не сум импресионирана се' уште... (просечна)
 
Се плашиш ли од темница? - Сидни Шелдон

Трилер во кој се зборува за обидот преку контролирање на временеските непогодби и катастрофи да се постигне врвниот степен на контрола врз човештвото. Преку судбините на 'малите луѓе' се раскажува во колку суров и страшен свет живееме. Али да бидам реален имав многу поголеми очекувања од книгава, и испадна само просечна.
 
Клубот на непоправливите оптимисти - Жан Мишел де Генасија
Франција во почетокот на 60тите полна со политички азиланти пребегнати од источноевропските земји, опишана со авантуристички призвук на очите на едно 12 годишно дете. Ги спомиња Сартр и Ками, што по мене е доволно за книгата да не биде воопшто лоша. :ojeaa:
 
Огнена одмазда - Џ.А. Џенс
Ја купив вчера и сум некаде до половина.Доста интересна, ме држи во неизвесност па изгледа ќе ја дочитам вечерва.
 
Психологија на сонот-Сигмунд Фројд

Имам чуство дека книгава неколку пати ќе ја препрочитувам...инаку ми стои веќе 3 месеци дома, подарок за роденден и никако да ја почнам ама некои соништа ми се увртеа чудни па се сетив на книгава...оваа ми е втора од Фројд па ќе видиме како ќе оди.
 
Го почнав Докинс, Unveawing the rainbow.

Ја имам прочитано The God delusion од него. Една од пресудните книги, заедно со "A brief history of almost everything" од Брајсон и "God isn't great" на Хиченс, која ме конвертираше во тотален атеист.

Темата во книгава е врската меѓу уметноста и науката. Болна точка, поради која сите ја презираат науката, (а btw сакаат да ги ползуваат удобствата од нејзе) е дека таа во суштина не нуди одговори за „целта“ на постоењето, човечкиот живот и воопшто универзумот. Така и книгава е опишана како „депресивна“, како ги „уништува задоволствата од доживувањата на природните феномени“ исл., меѓутоа мислам дека тоа е доживување од страна на религиозни луѓе и склони кон мистицизам, а не на рационални луѓе.
 
Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак - Харуки мураками.
Досега само "Спутник љубов" од него ми е читана, а наредна е "Кафка на брегот"
Стилот го опиша Саладин. ^ :D .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom