Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Еден од омилените карактери у целата приказна на WoW, на паузи измеѓу учење за колоквиуми :D

14937118_687361578085832_390522387_n.jpg


Јас ко што читав најлоша е. Јас ја купив Arthas, а моментално ја читам World of Warcraft: Chronicles of War.
 
Јас ко што читав најлоша е. Јас ја купив Arthas, а моментално ја читам World of Warcraft: Chronicles of War.
ја фати на промоција неделава а :D
гледам да си направам колекција од сите книги што ги имаат поединечно за карактериве.
ќе ти кажам in no time дали е добра или лоша :D
 
ја фати на промоција неделава а :D
гледам да си направам колекција од сите книги што ги имаат поединечно за карактериве.
ќе ти кажам in no time дали е добра или лоша :D

Ја имаш читано Chronicles of War? Tоа е a must за lore. 4 книги се во една.
 
Денес ја започнав "Замок" на Кафка. Исчитав 50-ина страни и многу ми е чудна. Во позитивна смисла. Нешто екстремно чудно се случува, мистично, вознемирувачко. Претерано многу ме заинтересира да дознаам што!
 
Гаргара - Игор Станојоски.
Совршен микс на Зафонова мистериозност и стил сличен на оној на Лидија Димковска, со реален призвук на човечките судбини.
Осеќам ќе страдам од книжевен мамурлак после толку време.
 
Decki, dali mozat vo Skopje nekade da se najdat knigi na angliski od Le Carre? Barav po site knizari, nikade nema, duri ni po ovie sto prodavaat na staro...
 
Моментално ја читам Војна и Мир. Сега за сега, измешани мислења имам. Некои делови се брилијантни, некои се за никаде.
Ама штом сум се фатил на орото, ќе го доиграм.
 
Пошто не најдов посоодветна тема за последна прочитана книга (или има, но е некаде после 4тата страница :D ) ќе пишам тука.
По препорака на еден од двајцата вработени во книжарницата, ја зедов „Собирачи на пепел“ од Давор Стојановски. Како љубител на егзистенционализмот како правец во книжевноста. книгава ми ги има задоволено апетитите. Како правец на кој се отклопчува самата приказна, би рекол дека е доста хаотично напишана и мислам не го нуди чувството дека длабоко можеш да завлезеш во истата. Психолошкиот приказ на младиот протагонист е одлично доловен, тој се чувствува загубено во своите стравови на приврзаност со што ствара еден егзистенцијалистички свет, каде се` е минливо па дури и подлабоките врзувања меѓу него и неговите блиски, раѓајќи на моменти и одредени мали форми на нихилизам. Дотука е се` одлично скоцкано. Проблемот е поставеноста на животните приказни што самиот протагонист пробува да ги долови на читателот (раскажува во прво лице). Иако книгата не изобилува со многу споредни ликови, сепак самата раштрканост на приказите од едно време па во сегашноста, па во раното детство, па во сосема друго време па повторно навраќање во сегашноста дава еден вид на предизвик, иако книгата нема некои затскриени пораки, едноставно се чита онака како што е. Крајот е малку конфузен, тука имам чувство на недореченост и обид на претенциозно објаснување на приказната во целост, но се` на се`, со малку повеќе сконцентрираност ја добивате големата слика. Само последното поглавје не ми беше нешто јасно.... Дали тој се почувствува слободен и конечно ги разби прангиите на секојдневната монотоност?
Се` на се`, солидно парче литература, ме поттикна доста да размислам за личните избори што во иднина би ми се пружиле. За оние изминатите.... времето веќе одамна е пројдено.
Оценка 4/5.
 
Мачешки писма - Оја Бајдар.
Накратко: Полгедот на светот низ призмата на мачешките очи, како и споредбата на оној како човекот го замислува. Вечните прашања на смислата на животот кои човекот си ги поставува, додека мачката го има проживеано во целост. Или пак не е баш така?
Симпатично четиво, на почетокот сум се` уште, но како обожавател на овие четириножни мили створења, ми доаѓа одлично освежување.
Џамбазов врска нема од пишување вакви текстови.
 
e1b35762-108e-4d30-b7ba-716a1a543c2b__Devojkata%20sto%20trcase.jpg


Некаде при крај сум и да дефинитвно добра инспирирачка приказна носи книгава во себе, дури и многу повеќе од тоа. Склоп на стравови и желби кои треба да се надминат за духовно исцелување, а патем тоа претставува најдобар начин да еден човек се само открие и да се соочи со самиот себе.
Верувам голем дел од луѓето ќе се пронајдат во оваа книга.
 
Ноќниот воз за Лисабон - Паскал Мерсие
Голема грешка направив што прво го гледав филмот.
 
Вчера ја почнав Господар на прстените.
Ја читам на англиски, но уште од сам старт почнав да се предомислувам.

Уредникот во предговор кон делото објаснува како сите изданија, откако била издадена книгата па се до сега, имаат многу грешки кои никако не можат да ги отстранат поради многу причини.
Дури имало и случаи кога неколку читатели наоѓале грешки и недоследности помеѓу две изданија.

Ќе видиме, не сум голем оптимист. Не само поради тие недоследности туку поради самата комплексност на приказната, итн.
 
„Седмиот печат“ од Сунчица Уневска. Некаде при крајот сум. Авторката е филмска критичарка и дава критики на познати филмови (македонски и странски). Во книгава се збори за истиомениот филм и авторката дава своја критика и видување. Има и нешто историја на македонскиот филм, односно пишува за македонските филмови во последниве неколку години. Добар критички став кој поттикнува на длабоко размислување. Топло ви го препорачувам делото. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom