Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
аз с'м на в'лна руска литература в момента обаче бавно напредвам,заштото чета направо на руски език,а книгата којато с'м почнала в момента е помоему доста популјарната ''Ана Каренина'' на Толстој
 
Игра во ‘ржта - Џ.Б. Селинџер (лектира во школо). Сум на сам почеток и мислам дека ќе биде добра авантура нејзиното читање.
 
Блудниот син - Чарлс Буковски.
Станува збор за детството на Хенри Кинаски еден од најпознатите ликови на авторот кој се среќава и во др.негови дела. Инаку и овде Кинаски е во постојан судир со својата околина и со најблиските авторитативниот татко и нему подредената мајка и со своите врсници. Иако Буковски го прати имиџ на вулгарен и премногу експлицитен автор, мене ми е реален и приземјен и добар познавач на човечката природа :).
 
Злосторство и казна - Достоевски
Не читам многу многу книги ама оваа е доста психолошка и интересна и затоа сум решен да ја дочитам :)
Најповеќе за обработка по македонски јазик ни е па и од таму дознав за книгава и земав да ја читам , а професорката ќе биде WTF :eek: кога ќе почнам да и ја раскажувам бидејки ретко правам такви работи за нејзе :D
 
Почнав со серијалот Discworld од Тери Прачет.Пресмешно.
 
За кого бијат камбаните - Ернест Хемингвеј. Што сум пропуштил у младоста ееееј.
Сеуште на почеток, но и` го глеам крајот до викендот.
 
Living in the end times - Slavoj Zizek

- Стручна книга од познатиот словенечки психоаналитичар и филозоф, за кого пошироката јавност често дрско му импутира дека е безобразен комунист. Тој сепак јавно си кажува дека е приклонет кон Марксизмот, па оттука на едно интервју за ББЦ на крај го поздрави, му се заблагодари на водителот и му кажа: „Пријатен ден, и се надевам дека ќе се видиме повторно, во пеколот или во комунизам.“ (каков фрик!)
- Е сеа околу книгата накратко, таа се занимава тоа како луѓето денес ги перцепираат противречностите на системот што сам од себе ги создава и на кои сеуште нема некое „фамозно“ ново решение, а луѓето очајно тоа го бараат. Сето тоа го прави преку давање на исцрпни примери од филмот и поп-културата, секојдневната гео-политика, како и од бројни други научни книги. Тој не измислува нешто како топла вода, туку само потенцира дека до општествена промена ќе дојде, но дека истата зависи од нас и од никој друг, а дека апсурдно е да се мисли оти некој ќе ни ја даде на тацна. Башка не за џабе му е насловот поприлично апокалиптичен, тоа во суштина иронија, што е дел од неговиот карактер. Сака да им плеска во лице на оние што се опседнати со ирационален страв од апокалиптични идеи од типот Календарот на Маите, 2012, астероиди и сл исл, на места дури и вулгарно навредувајќи ги таквите само за да им ги отвори „чакрите“...
- Концепциски книгата е малку тешка за читање поради стилот на Жижек, со оглед на тоа дека е исцрпен со примери и факти, па често знае да скока од тема на тема, за да повторно се врати на она претходно тврдење кое сака да го потврди...
- Често како извор го споменува Хегел, Лакан, Фројд, Бадју, Библијата и Исус и сл...
 
Прекрасни коски - Алис Себолд
Приказна за Сузи девојче кое е убиено кога имала само 14 години и која од рајот ја раскажува целата приказна од нејзина гледна точка.
Прекрасна книга која те тера да не ја пуштиш од раце и да продолжиш да читаш.
 
По подолго време, конечно нешто да прочитам, па земав да ја читам Рајнемановата размена, книга од Роберт Ладлам, една од малкуте кои ги немам читано. Повторно, Ладлам не враќа во Втората светска војна, а воедно се раскажува за договорот помеѓу најголемите непријатели во војната. Малку заплеткана, но интересна.
 
Само што ја прочитав Третата Тајна од Стив Бери, денес почнав со Наследството На Темпларот од истиот писател.
 
Препрочитувам две македонски драми, поточно две комедии:
Неодредени лични заменки - на А. Вангелов (сатира за бившиот ни систем, преселена на место каде што главните ликови се Господ, ѓаволот, по некој ангел, Адам, Ева и Марко Цепенков). Солидно, за да летне времето.
Викенд на мртовци од Миле Попоски, кого посебно го ценам, не само за ова дело, кое е и екранизирано, туку и заради Солунските патрдии. Содржината на многумина им е позната, па не би пишувал многу за тоа.
Вреди да се прочитаат и двете.
 
Моментално ја читам „Заканата Мефисто“, интересна книга од нова писателка, трилер, во кога британски таен агент се инфилтрира во криминална организација, истражувајќи го убиството на својот пријател, новинар во Истанбул. Се претпоставува дека има некоја врска помеѓу организираниот криминал и терористичките организации.

Само што ја прочитав Третата Тајна од Стив Бери, денес почнав со Наследството На Темпларот од истиот писател.

Хеј, едно прашање, дали овие книги ги има на македонски или не, бидејќи имам читано две книги од него и баш беа добри, ама на српски, тогаш не можев да најдам ниедна од него на македонски? Ако ги има, од која издавачка куќа се?
 
Хеј, едно прашање, дали овие книги ги има на македонски или не, бидејќи имам читано две книги од него и баш беа добри, ама на српски, тогаш не можев да најдам ниедна од него на македонски? Ако ги има, од која издавачка куќа се?

Скоро сите негови книги што се издадени до 2010 ги има во ИК Матица. Инаку мора да ја прочиташ оваа книга, се смета за една од неговите најдобри.
 
The Millennium Trilogy by Stieg Larsson

Ја започнав првата книга пред една недела "The girl with the dragon tattoo".
Интересно и мистериозно. Само се каам што го гледав веќе првиот дел од филмовите и ликовите ги имам во глава. Поинтересно е кога ќе ја уклучиш својата фантазија и ти си ги креираш ликовите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom