Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
„На полковникот нема кој да му пишува“- Габриел Гарсија Маркес

Ова е првиот роман на Маркес, а воедно и негово најомилено дело.
Навидум делува лесно за читање, но сепак има голема длабочина. Ептен живо е претставен амбиентот така што нема шанси читателот да не сочувствува со стариот полковник и неговата болна жена кои 15 години во бедни услови чекаат писмо во кое ќе му биде одобрена заслужената пензија на бившиот воен ветеран. Но... револуцијата ги уништува своите деца, а државата воопшто не води грижа за нејзините бранители.
А полковникот секој петок оди со упорна, тврдоглава надеж на пристаништето и чека писмо... но на полковникот нема кој да му пишува.
 
Пауло Коелјо-Победникот е сам.
Аман веќе... инаку интересна е се работи за вистинскиот живот на оние гламурозни ѕвезди прикажани на екраните и насловните страни од весниците зад кулисите.
 
"Шега"- Милан Кундера

Испреплетени животни приказни на четири ликови, кои буквално се фрлени на милост и немилост на времето во кое живеат. Тоа е Чешка за време на 60тите, комунизам итн. Никогаш не сум се интересирала за комунизмот, после книгава може да прочитам нешто.
Кундера не е некој тежок автор за читање, но има доста интересни мисли. Уште се мислам дали романов е љубовен онака попатно, или тоа е главната тематика. Реализмот, отсуството на било каква хиперболизација на работите, кој дури наликува на енгзилстенционализам од време на време многу ми се допаѓа кај овој автор.
 
Пеперуткарот - Драги Михајловски

Хуморна збирка раскази, со изразен култ кон разговорното, помешано со силни зборови и кованици на елитен македонски.
Собиралка на тоа што значи професионалец во преводот, пишувањето, авторството и живеењето од алатот наречен - збор!
 
Оддамна не сум прочитала некоја книга. Еве сега се спремам да ја почнам Одлука од Никола Спаркс.
 
“Светот на Софија“ од Џоестин Гардер. Кратка историја на филозофијата, лесно консумирачка а сепак помалку интригирачка. КАко за мене кој не се учел филозофија како што треба, многу интересна. Мора да кажам дека досеа Демокрит ми е No.1.
 
Денеска започнав со читање на Сеќавање на моите тажни курви - Габриел Гарсија Маркез.
 
Времето на лалињата-Дебора Монах

Втор пат во две години ја земам книгава да ја читам и по втор пат после 40 прочитани страни изгледа ќе ја фрлам и нема да ја дочитам. Книгава е ужасно здодевна, ми нема поента, и само чекам некој да ми рече, ама чекај крајот го краси делото. Мајке му стара, книгиве ја изгубија речиси цела вредност, заради неталентирани писатели.
 
“Мостот на Дрина“ - Иво Андриќ. Значи толку години и се мерачам на книгава и цело време се канам да ја купам, кооооонечно ми падна во раце и сега одма се фрлам на читање!
 
Само што почнав да ја читам "Злосторство и казна" - Достоевски. Кога требаше да ја читам за во училиште, јас немав некоја посебна желба за тоа, па дури сега се одлучив за еден таков потег, се надевам ќе го извршам до крај. :kesa:
 
Ново путовање око света - О.Е. Коцебу, издание од 1965. Патешествие на еден руски капетан на една каравела и детален опис на островите од јужните мориња.
 
Во моментов сум заробена од „Затоа што те љубам“ на Гијом Мисо. Се надевам дека до вечер ќе ја прочитам. Ми се свиѓа што Мисо има посебен стил на пишување, уникатен и лесно разбирлив. Да не ми ја препорачаа, никогаш немаше да ме привлече насловот зашто асоцира на некој љубовен роман, а книгава е нешто сосема различно. Полека почнав да размислувам за крајот, но имам чувство дека ке заврши многу различно од она што oчекувам.
 
Конкубината од Шангај - Хонг Јинг
Сега засега личи на профи книгичка.. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите до крајот :)
 
До пред 5 минути ја дочитав "Петтемината што ги среќаваш во рајот" од Мич Елбом, за оваа книга читав коментари дека на многу луѓе им го сменила животот многу поучна никогаш не читале толку прекрасно нешто, искрено мене ми беше како и сите останати книги од овој вид, интересна е и добра за опуштање. Добра е и за нешто несекојдневно, дефинитивно несекојдневна е книгата.
Мој совет прочитајте ја меѓутоа не очекувајте дека ке ви го смени животот, книга многу тешко може да ви го смени животот а особено не некоја како оваа.
Сега продолжувам со читање и ќе ја почнам да ја читам "Куѓата на злото" од Агата Кристи, доста време помина од кога ја прочитав последната книга од Агата време е нешто да се прочита и од неа.

--- надополнето ---

“Светот на Софија“ од Џоестин Гардер. Кратка историја на филозофијата, лесно консумирачка а сепак помалку интригирачка. КАко за мене кој не се учел филозофија како што треба, многу интересна. Мора да кажам дека досеа Демокрит ми е No.1.

Само да те исправам Јустејн Гордер е авторот, за него си мислел само не си го спеловал добро, прекрасна е книгата вреди да се прочитаат тие 600,700 страни.
 
Песто...паста... храна на љубовта - Ентони Капела

Книгава беше препорачана за сите романтичари, гурмани и италофили.
Прекрасна, преубава! После книгава Италија и пастата се мојата најголема љубов :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom