Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Medea напиша:
Класицистички будали...ма преку таквото и од Молиер и од Волтер и сите со ..ер...аман!Тартиф и Кандид, може ли нешто поНеинтересно?
Ау(ч). :icon_lol: Стварно е преку таквото, тапа ми беа и мене.

Сега, Покана на смртна казна - Владимир Набоков.
 
Моментално ја читам Демонот и госпоѓица Прим од Пауло Коелјо, уште малку остана :)
 
Дневник од Геза Чат. Еротско-морфиумски белешки на современикот на Фројд.
Препорачлива особено за мажите.
 
Пророкот. Не можам да се откажам од книгава бе. :)
 
Злосторство и казна ја читам......ме заинтересира и тоа мноооогу
 
Тунел од Ернесто Сабато.Сега ја почнав.До вчера ја читав Мажите се од Марс, жените се од Венера.Ама не ми се бендиса баш.Се надевам дека оваа новава ке ме изненади, и ке ме заинтересира како Толкување на соништата од Фројд.
 
Си ја дочитав „Папокот на светот“. Сигурно ќе ја читам пак!

Ја почнав и при крај сум со „Стратегијата Банкрофт“ - Роберт Ладлам. Интересно трилерче.
 
“Рецепти за осаменост“ - Братислав Димитров, лудница колумни на едно место:))
 
Порака у флаша ја почнувам од вечерва. Се надевам ќе биде добра како претходната на Николас Спаркс (прошетка за паметење).
 
Плажа - Aлекс Гарланд

Во летно авантуристичко расположение.. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom