немам ништо против али да не се претера , сакав да ставам тетоважа пред некоја година али ..... , може пак ќе ми прдне некогаш па ќе стаам ама само една мала на глужд , иако имам слушано дека болката таму додека се тетовираш е големичка , ама слатка
многу сакам тетоважа ама пусто никако да соберам пари и да најдам некој кој би се нафатил да ми ја направи таа што ја сакам, ама здравје сега да соберам некој динар и ке одам до кај мало само него му ја немам покажано, валда ке се нафати у пм.
KOga sme kaj tetovazite citav nesto prege pa eve da vidite i vie.
Големите тетоважи на слабинскиот дел на грбот може да бидат проблем со тоа што на жените ќе им се појават проблеми при породувањето, бидејќи лекарите поради тетоважата ќе имаат проблеми при ставањето на епидуралната анестезија, пишува германскиот весник Arzte Zeitung, наведува една американска студија.
Тетоважите најчесто се аплицираат на долниот дел од грбот, точно таму каде што докторите треба да ја воведат епидуралната инекција.
Ставањето на анестезијата преку подрачјето на кое се наоѓа тетоважата доведува до ризик за преносување на алергенси или отровни пигменти во длабоките слоеви.
Познато е дека не смее да се стави инекција на полето на апликацијата на тетоважата бидејќи со тоа ја набиваме длабоко во месото.
Препорака на оваа студија беше порака до лекарите, доколку жената има тетоважа, никако да не се користи инекција од таков тип, туку да се употребуваат други методи на анестезија.
Што знам .Немам ставено тетоважа. Тетовирањето трае 10 минути а потоа цел живот ќе ја носиш тетоважата. Треба добро да се размисли. Лично сега за сега не би ставал тетоважа.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.