LCD телевизори

  • Креатор на темата Креатор на темата VINO
  • Време на започнување Време на започнување
Ме интересира како можам преку усб да глеам на ТВ. Клипови и слично.
Моделот е LG 32LF2510 Full HD.
Освен шо треба да ставам USB како да го вклучам значи да чита од тоа и какви формати подржува ТВ-то.

И поврзав ТВ-то со ПЦ со ХДМИ кабел. наместив резолуција нормална за Тв-то 1920*1080 и беше малце издолжена сликата од страна. Надвор од граница. Пробав да пуштам игри и тогаш сликата си беше нормална не излагаше слиакта надвор од границите на екранот.
 
Немој такви комедии овде јавно да раскажуваш.Кога ќе бидеме дел од ЕУ тогаш царината ќе отпадне,а превозот ќе биде околу 20-25 евра максимум,биди сигурен во тоа.

А под кој основ би отпаднала царината за производи од USA. И сварно мислиш дека превозот ќе биде 20-25 евра ако земеш некое 50" LCD. Не се комедии другарче, реалност е тоа
 
Превозот и сега е толку од прилика и плус што ќе си платиш 5% од цената.
 
24 000 ден. со вграден дигитален тјунер. На Телекабел ми наоѓа накај 160 канали (90 дигитални) и накај 40-50 радио станици :)

Одлично, одлично. Ај ако ти се погодил добар кажи од каде го зема, зашто планирам да набавам во блиска иднина.
 
NEPTUN - Јас сум презадоволен
 
Ај ако може едно упатство за LG 42LF2510 за да го активирам усб-то да видам како ќе се гледа.
Утре ќе ви кажам модел и за самуснгот, незнам точно како беше, и за него ќе треба да ми дадете линк.
 
Добро никој незнае? Нели сите ги имавте хакнато слични модели и гледавте ФулХД материјали?
 
Имаше еден линк ставено дечково, ама беше за 42LH3000, пробај нешто аналогно од ова упатство да изведеш, ако е возможно.

Земај го нема да згрешиш!
Еве линк за тоа за USB-то да се среди, пред малку го направив, симнав House HD епизода - ЏАМ!

Едит: Ништо од упатството, само што видов дека ја избришале темата.
 
Добро никој незнае? Нели сите ги имавте хакнато слични модели и гледавте ФулХД материјали?

Ако ме служи добро меморијата вака нешто беше. Види кој фирмвер имаш на телевизорот. Ако имаш 3.5 верзија нема да можеш. Затоа ке симнеш верзија 1.5 од страната на ЛГ. Ќе го ставиш на усб и ќе одиш на update firmware. Сега кога имаш верзија 1.5 држи ги ОК копчињата истовремено на даљинското и телевизорот неколку секунди. Треба да ти се отвори сервисното мени. За код ке внесеш 0000. По менито таму негде ке најдеш Видео и ќе го смениш од off во HD. Потоа ќе можеш да си го вратиш стариот фирмвер.

Ова го правиш на свој ризик немој да заборавиш. Не превземам никаква одговорност :smir:
 
Ај ако може едно упатство за LG 42LF2510 за да го активирам усб-то да видам како ќе се гледа.
Утре ќе ви кажам модел и за самуснгот, незнам точно како беше, и за него ќе треба да ми дадете линк.

Еве го другиот модел што ми треба исто некое туторијалче да ми најдете. Samsung LE-40A615A.

Ако ме служи добро меморијата вака нешто беше. Види кој фирмвер имаш на телевизорот. Ако имаш 3.5 верзија нема да можеш. Затоа ке симнеш верзија 1.5 од страната на ЛГ. Ќе го ставиш на усб и ќе одиш на update firmware. Сега кога имаш верзија 1.5 држи ги ОК копчињата истовремено на даљинското и телевизорот неколку секунди. Треба да ти се отвори сервисното мени. За код ке внесеш 0000. По менито таму негде ке најдеш Видео и ќе го смениш од off во HD. Потоа ќе можеш да си го вратиш стариот фирмвер.

Ова го правиш на свој ризик немој да заборавиш. Не превземам никаква одговорност :smir:
Ај некој нека прокоментира од тие што веќе го направиле ова? Гаранција се губи со ова така? Што се дешава со фирмверот што го даунгрејдувам, па после го апдејтувам? Македонскиот јазик претпоставувам ќе се избрише...
 
Нема зошто да се губи гаранцијата. Јас уште првиот ден го направив ова. Финтата со фирмверот е тоа што на поновите верзии неможе да се пристапи до сервисното мени. затоа се прави даунгрејд
 
А македонското мени? И не најдов никаде во менито да прочитам верзија на фирмвер.
 
Ништо не ти се брише, само што ќе ти биде како да си направил ресет на сите сетинзи (да, сите програми ќе ти бидат избришани :) )

За да видиш која верзија на Firmware имаш, оди вака:

Menu - Setup - Diagnostics - најди тука Firmware Version

Независно која и да ја имаш, треба да ја направиш да ти биде 3.15, па после да ги направиш потребните чекори. Одкога се ќе завршиш, можеш да си ја ставиш најновата верзија 3.55.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom