Зло не прави Бог, човекот прави зло. Секој има ум и разум. Зарем треба Бог да раководи со нас како да сме марионети? Во кој период од историјата се било во ред, немало војни, кражби, убиства, блуд итн? Каде Бог не поучува на овие работи? Напротив, не поучува да не правиме лошо. Човекот е секогаш мангуп и мисли дека кога преминува преку прометна улица, ако не гледа во автомобилите, тие нема да го прегазат или со својата злобна душа ќе се затвори в соба и ќе кова интриги, а Бог нема да знае. Всушност, се е многу едноставно. Само треба да бидеме луѓе. Следнава мисла не е оригинална, но држи место: без човекољубие, нема Богољубие.