Мора да излезе народот да даде ако ништо друго еден протестен марш низ главниот град. Зборувам за масовност од 100к народ. Инаку само ќе докажеме дека сме нација на зомбиња и НПЦиња.
Мора на луѓето од Кочани да им се даде до знаење дека сме со нив!
Луѓе, ја сум скоро сигурен дека добар дел од родителите на настраданите се спремни да ја спроведат правдата со свои раце.
Луѓе, на каква воздржаност повикувате кога 60 луѓе загинаа?
Уште 60 ке отидат кој од срце кој од ракови од стрес во нивна потесна фамилија
Добро рече некој тука, па една недела претходно да спроведеа акција можеби немало да се случи трагедијава.
Дискотека што била на близок на Мицковски е испразнета следниот ден како да не постоела. За тоа не се пишува по медиуми и го нема на полициски билтени, ама се пишува за некој што ставал ПП апарати отпосле па го фатиле жив. Значи вториов нема врски.
Не бранете нешто што не е за бранење. Не обојувајте се' во политички контекст. Пола од членовите тука се припадници на некоја партија ама луѓе сметам дека горе доле сме на слична возраст, па повеќето тука или имаат мали деца или тек ке прават деца.. Каква црна партија браните ако очекувате тука да раѓате и растете деца?
И да уживатен финкичок статус во општеството, и да имате на сметка 1м+, па утре детето ке ви отиде на забава и поради импровизација и корупција ќе изгине.
Знам дека живееме на балкан и цел живот ке гледаме да заобиколуваме закони, но мора да се излезе на протест и да се искаже БАРАЊЕ за ПРОМЕНА од ова гнило.
И вмро наместо да пробуваат да го гушат потенцијалниот протест треба и они да се вклучат во истиот, теоретски повеќе поени ке добијат така.